ЛАЖЛИВЦИ И ИЗМАМНИЦИ

ВМРО ДПМНЕ се појасно се профилира како банда, пардон, партија на лажливци и измамници.

1. На мојата реакција во врска со дезавуирањето на годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет од страна на Александар Бичиклиски Александар Бичиклиски најбесрамно ја повтори истата лага, дека јас сум претседател на Хелсиншкиот комитет, дека сум била претседател во време на кандидирањето за градоначалник и дека сум учествувала во подготовката на извештајот на Хелсиншкиот комитет. Тоа значи дека или умствените капацитети на спомнатиот господин не му дозволуваат да проникне во тешките интелектуални објаснувања кои ги дадов, или, едноставно безочното и отворено лажење му е веќе усвоен манир кој му проаѓа кај рајата.

2. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, отворено го прекршил законот со тоа што на јавен оглас за фирма која ќе користи урбана опрема избрал фирма која што не

била регистрирана и не постоела во моментот на конкурирање на објавениот оглас и истото најотворено го призна во камера пред граѓаните, меѓутоа нема маж ниту жена меѓу полицајците, судиите и јавните обвинители, а за инспекторатот и да не зборуваме, кој/а ќе поведе постапка против спомнатиот прекршител на законот.

3. Во фарсата наречена собраниски инцидент, наместо министерката за внатрешни работи веднаш да го уапси граѓанинот кој со оружје влегол во Собранието на Република Македонија, односно, да ги казни соите вработени кои не го направиле тоа, таа ни објаснува дека пратениците му оневозможувале на службено лице да ја врши својата должност.

Според член Член 33 од Законот за полиција

1) Полицискиот службеник во униформа при примена на полициските овластувања, е должен да се легитимира.

2) Кога полицискиот службеник ги применува полициските овластувања во цивилна облека, е должен најнапред да се легитимира.

Иста ваква одредба има во член 28 од Законот за внатрешни работи и во член 3 од Правилникот за полиција.

Доколку спомнатиот човек не се легитимирал, тој е граѓанин со оружје и како таков претставува непосредна опасност за сите околу себе. Во таква ситуација единствено што им забележувам на пратениците на СДСМ е што не направиле граѓанско апсење, односно, требало да го разоружаат, да го онеспособат и да го приведат спомнатиот човек до најблиската полициска станица.

Со сите овие постапки, владеачката партија ВМРО ДПМНЕ се профилира како банда, пардон, партија на лажливци и измамници и како таква треба да биде препознаена од страна на граѓаните. Доколку тие не се способни за тоа, толку полошо за нив самите.

Comments (5)

дамјанJuly 7th, 2010 at 10:10 pm

“граѓанско апсење” - постои тоа во нашиот правен систем??
кои се условите? може референца до закон ако знаеш?

Mirjana NajcevskaJuly 8th, 2010 at 6:15 am

Граѓанското апсење го нема како посебна категорија во македонското право, меѓутоа може да се подведе под отстранување на непосредна опасност од себе или друг, односно, помагање на полиција.

Ајван Доктор®July 8th, 2010 at 7:27 am

Одлично име за парахрона „партија“која,изгубена во времето,се нарекува себеси Револуционерно-демократска.Токму тоа е она што таа го претставува-Банда,составена од недоучени псеудопатриоти (да ги видите овие маалскиве функционери,не го вадат прстето од своите ноздри-сè сами владини службеници).Очигледен е нивниот интелектуален капацитет,кој секогаш е на позицијата на апсолутна нула!Мистер Коцкица фон Опинок прави јасен и впечатлив криминал!За туркањето во Собранието,пред некој ден го понудив решението: Нека Прашаат некој од Западноевропските Претставнички домови,дали и кај нив може слободно да шета вооружено лице во Цивилка без никакво обележје дека е таму заради безбедноста на парламентарците!Сите три примери што се наведени,јасно укажуваат на тоа кои се и што се-Една обична Улична Банда,која се дограби до власта!Поставени од позицијата на сила и моќ,забораваат дека во државава постојат закони и себеси се поставуваат во позиција на нивен сурогат!

Mirjana NajcevskaJuly 8th, 2010 at 11:14 am

Проблемот е во тоа што луѓето почнуваат да се вртат во круг меѓу двете негативни опции затоа што мислат дека заштита од една банда може да пружи само друга банда. Се додека граѓаните не сфатат дека вистинската заштита е поставување на овие две банди на нивното вистинско место (пред суд) и воспоставување на систем, структура, правила и процедури, се до тогаш само ќе ги менуваме бандитите, но не и состојбата во која се наоѓаме.

Ајван Доктор®July 9th, 2010 at 7:22 am

Проблемот со бандите е во нивното „педигре“-сите се по потекло од едноумната СКМ,иако сега се претставуваат како потомци на Цареви! :) Убеден сум дека тука лежи проблемот од бесперспективноста на опциите во Македонија.Всушност и нема опција,затоа што сите партии (дури и најситните) се Нуспроизвод од сподоби кои беа членови на тогашната партија,единствено заради личните привилегии.Сеуште се налепени на нив и „едноставно нели“ не можат да се одлепат од нив,сметајќи се себеси за мали (малку поголеми) богови!Сте виделе ли партија во Македонија каде,на партиски состанок,се разговара сосема слободно без познатиот слоган „јас мислам исто како и другарот/господинот претседател,централниот комитет,претседателството,врвот на партијата“?Сте виделе ли некаде: „Јас мислам сосема спротивно од мојот водач“?Јас Не!Конформизмот,поточно Лигавењето е тоа што нè уништува!

Leave a comment

Your comment