СТАВРЕВ - ЕДЕН ОД БАНДАТА, ПАРДОН, ПАРТИЈАТА НА ВЛАСТ
Според Ставрев државата има право да не им плаќа на фирмите на кои им должи затоа што има фирми кои и должат нејзе. Тоа е исто како јас да кажам дека не плаќам струја, затоа што не ми е исплатена плата. Само што мене ќе ми ја исклучат струјата, а на државата-банда, пардон, партија, пардон, што и да е, нема да и фали ни влакно од глава (или веќе што има на главата).



Plus ke si donesat zakon po itna postapka, koj retrospektivno ke vazi za drzavata i ke go odlozi plakanjeto na veke postoeckite dogovorni obvrski.
ako potegne nekoj na ustaven, zrel e da padne po dva osnova….52, stav 4 i 55, stav 2 od Ustav
Уф… Колку што знам, златната клаузула во САД е укината со закон. И тоа е плеткање во облигационен однос меѓу две независни страни. Зошто па не ова? Кому не му се свиѓа, нека си тужи.
Патем, не бранам никого, само укажувам на реалноста.
Државата е задолжена да го спроведува правото,. Државата го има на располагање најмоќниот заштитен механизам-полиција, правосудство. Државата која не ги исполнува договорните обврски е најголем и најорганизиран бандит кој многу тешко може да биде санкциониран.
Златната клаузула стоела во договорите меѓу две страни (не станува збор за државата). Со еден закон е укината. Ете пример кој што е многу подрастичен од нашиов.
Инаку, правото на избор е следното - ако не ти се допаѓа, немој да работиш со државата. На пример, колку што знам, невладините организации токму тоа го прават - бираат да не работат со државата, нели?
Се до сега НВО имаа можност да бидат финансирани од страна. До 2012 кога сите донатори ќе заминат ќе се создаде ситуација во која власта ќе мора да ја превземе улогата на главен финансиер и на нво-ата. Значи, сите сме во иста каша.
Во услови на слаба економија ова уште повеќе важи за фирмите.
Уф, сега ја сменивме темата - да не одиме сега дали невладинте фирми се навистина невладини или се владини ама на туѓи влади.
Нејсе. Тоа што сакав да го кажам беше - законот фактички претставува рамковен договор за соработка со Влада на РМ. Како што Телеком плаќа со 90 дена од испораката (а ти ги зема парите на сметките на 18-тиот ден) така и Владата си воспоставува правила со кои што ќе ги исполнува обврските. Ако добро ме служи сеќавањето, некогаш плаќањето на Владата немаше ни ред ни дисциплина и немаше потреба од никакви закони бидејќи никој не се осмелуваше да ја тужи државата за доцнење. Значи, кому не му се допаѓаат (лудите) условите за соработка, не мора да работи со Влада на РМ. Има избор.