ЦРТИЧКИ НА БЕЗЗАКОНИЕТО

Заменик претседателот на  Република Македонија задолжен за спроведувањето на Охридскиот Рамковен договор“, г-дин Абдилаќим Адеми ни соопшти дека:

1. се вработуваат нови 30 Албанци во администрацијата

2. сите се од Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на ЈИЕ. Вработувањето е резултат на потпишаниот Меморандум за соработка кој предвидува вработување на 30 најдобри студенти кои дипломирале во последната академска година на овие универзитети.

Во што се состои беззаконието?

1. Не може да се вработува врз основа на Охридскиот рамковен договор, туку може да се вработува врз основа на закон. Бидејки очигледно не се вработува врз ооснова на закон (не се почитуваат процедури, критериуми и стандарди за вработување кои би важеле за сите кои треба да засноваат работен однос во одредена институација) значи, станува збор за прекршување на законот, односно, незаконски вработувања

2. Вработување значи дека во одредена институција постои потреба од човек со одредени квалификации и знаење, дека тој човек ќе има конкретни работни задачи кои ќе ги извршува (значи ќе има корист од неговите активности) и за извршените работни задачи ќе добие соодветна надокнада или, плата. Со оглед на тоа дека последните неколку стотина вработувања на припадници на албанската заедница се однесуваат на работни места кои не постојат, за кои нема потреба и во рамките на кои примените луѓе од албанската заедница не изведуваат никакви активности, а добиваат некаков надоместок, тоа значи дека тој надоместок е или некој вид социјална помош (енормно висока социјална помош), или е рекет кој се исплаќа на албанската партија на власт, или е договор на две банди, пардон, партии кои си го делат колачот, или пак поткуп со кој се обезбедува мир. Во секој случај не станува збор за вистинско вработување и најмалку од се станува збор за рамноправно учество во процесите на јавниот живот од страна на припадниците на албнаската заедница.

Имајки предвид дека најниската плата (социјална помош) која шо ја примаат овие луѓе е 24000 денари, се поставува прашањето за односот кон стечајците кои бараат 5000 денари месечно до денот кога ќе остварат право на пензионирање. Тоа значи декаво очите на власта еден албански студент кој никогаш не работел и во моментов не работи вреди (добива од државата) повеќе од 5 стечајци кои работеле, а сега не работат (и тоа не по своја вина).

3. Тоа што се примаат само студенти од Тетовскиот и од Штуловиот универзитет, а не од другите државни и приватни универзитети претставува дискриминација на сите албански студенити кои студираат надвор од двата албански универзитети, претставува присилување на албанските студенти во иднина да се запишуваат само на овие два универзитети и претставува форсирање на запослување луѓе со слабо или никакво познавање на македонскиот јазик со што се врши притисок во насока на препознавање на албанскиот јазик како алтернативен официјален јазик, односно се создава потреба сите граѓани на Република Македонија од другите 5 етнички заедници да научат и албански јазик за да можат да се разберат со припадниците на албанската заедница.

Во прилог на теоријата за рекет од страна на господинотн Абдилаќим Адеми, зборува и фактот дека тој не дозволува (или оневозможува со сите расположиви средства), вработување на припадници на албанската заедница кои имаат завршено на Универзитетот Кирил и Методиј, кои покрај албанскиот јазик, одлично го зборуваат македонскиот и англискиот јазик, кои имаат висок успех на студиите и кои имаат стекнато големо искуство во работење на соодветната проблематика за која треба да бидат вработени и за кои има и потреба за вработување и има работни задачи кои треба да ги извршуваат.

Ваквиот рекет има за последица:

1. вработување на партиски кадри кои најчесто немаат ниту стручност ниту знаење

2. натамошна ерозија на Законот за државни службеници и ерозија на администрацијата воопшто, но и на други буџетски финансирани области (образование, социјала, здравство)

3. создавање на извор за постојани конфликти кои може да се разрешат единствено со партиско пазарење на албанските и македонските политчки партии

Господинот Адеми и самиот го прекрши Уставот на Република Македонија со тоа што на новинарите им се обрати само на албански јазик и побара од нив тие да го зборуваат албанскиот јазик за да може во иднина да го разберат. Имено, според Уставот албанскиот јазик се употребува единствено покрај  македонскиот јазик и претставник на власта на целата држава дефинитивно не може да не го зборува македонскиот јазик и да одбие да комуницира со припадници на македонската заедница на македонски јазик.

Начинот на кој во моментот се употребува Охридскиот рамковен договор претставува влезница на албанските политички партии во друштвото на ретрокомунисти предводено од Никола Груевски и Бранко Црвенковски. На овој начин е обезбеден своевиден етнички баланс на ретрокомунистите, што ги зајакнува нивните редови и обезбедува потполно уништување на шансите на Република Македонија во некој момент во далечната иднина да изгради систем на демократски вредности и односи во кој ќе владее правото, а етничката припадност ќе биде дел од личниот идентитет на секој граѓанин, а не основен фактор на структуирање на јавната сфера и на државата.

Leave a comment

Your comment