ЕФТИНИ ПРИКАЗНИ (СО Ф)
Покретенско, помалоумно, поманипулативно, подебилно нешто од прекинување на седница на Собрание за да може пратениците да присуствуваат на подигањето на македонското знаме на јарболот пред Собранието не сум слушнала во својот живот.
Дали станува за посебен ден, дали секој ден сите пратеници присуствуваат на подигањето на знамето, дали постои деловничка процедура или е ова моментално измислен дебилен патос со кој се изигрува патриот и се прибираат гласови од лековерните граѓани?
За самиот настан од 1 јули:
1. не, не е точно дека пратениците имале работа со службено лице во вршење на службена должност, туку имале работа со вооруженн човек кој неовластено бил присутен во Собранието, неовластено снимал и одбил да каже по кој основ е присутен таму и го прави тоа што го прави.
2. не не е точно дека пратениците направиле нешто што не треба. Точно е дека направиуле помалку од тоа што треба. Како што веќе реков требало да го онеспособат, да го врзат и така врзан да го спроведат во полициската станица Беко како најблиска станица до Собранието. На тој начин ќе се заштитат од можен напад од страна на наоуружаното лице себе и сите останати во близината, а и од можно заложништво, киднапирање и други можни криминални дејствија.
3. не, не е точно дека треба да одговараат пратениците. Точно е дека треба да се побара дисцлипинска одговорност од обезбедувањето на Собранието затоа што во него влегло лице со оружје (а без соодветна легитимација), затоа што не реагирале на отвореното прекршување на законот од страна на тоа лице и на барањето на пратениците да го легитимираат и отстранат. Точно е дека спомнатиот човек (доколку е навистина вработен во МВР) треба да одговара дисциплински, а и кривично. Точно е дека министерката за внатрешни работи треба да одговара по основ на командна одговорност.
4. точно е дека се прекршени Законот за Собранието, Законот за внатрешни работи и Законот за полиција. И за тоа мора да одговара тој што ги прекршил.
Прашање: дали доколку човек во цивил, со оружје и со камера влезе во некое училиште, одбива да се легитимира и ги фотографира децата, наставниците треба да си стојат на страна или треба да ги употребат сите средства (па и физичка сила како дел од нужната одбрана) со цел да ги заштитат децата?
Прашање: дали сакаме вооружени лица без ознаки да се шетаат низ нашите паркови, на нашите работни места, на улиците? По што тогаш се разликува полицијата од вооружена банда?



Мислам дека само лица со сериозна интелектуална попреченост не може да сфатат елементарна работа:
1. НЕ СМЕЕ ДА ИМА ПОЛИЦИЈА ВО СОБРАНИЕ ОСВЕН ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО
2. НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПЕРЦЕПИРА КАКО ПОЛИЦАЕЦ ЧОВЕК ВО ЦИВИЛ КОЈ НЕМА ЛЕГИТИМАЦИЈА И КОЈ ОДБИВА ДА СЕ ЛЕГИТИМИРА
3. СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ДЕЛУВА ПРЕВЕНТИВНО И ДА СЕ ОДБРАНИ ОД ВООРУЖЕН ЧОВЕК
4. КРШЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ Е СЕРИОЗНА РАБОТА, ПОСЕБНО КОГА ЗАКОНОТ ГО КРШИ ПРИПАДНИК НА МВР (АКО ВООПШТО СТАНУВА ЗБОР ЗА ТАКОВ ВО СЛУЧАЈОВ)
5. ВЛЕГУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈА БЕЗ ПОВИК И БЕЗ ОЗНАКИ ВО СОБРАНИЕТО ПРЕТСТАВУВА СЕРИОЗНА ЗАКАНА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА И ПРАЌА ПОРАКА ДО СИТЕ ГРАЃАНИ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО БИЛО ЧИЈ ДОМ БЕЗ ЗА ТОА ДА СНОСИ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ.
ГИ ПОВИКУВАМ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МВР И СИТЕ ЧЕСНИ ПОЛИЦАЈЦИ ДА СЕ СПРОТИСТАВАТ НА НИВНОТО ПРЕТВОРАЊЕ ВО БАНДА СО КОЈА ШТО РАКОВОДИ ОДРЕДЕНА ПОЛИТИЧКА КЛИКА. САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА СЕТО ОВА ЌЕ СЕ СКРШИ ОД ГЛАВАТА НА САМИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ (ОНИЕ ВИСТИНСКИТЕ, НЕ БАГРАТА КОЈА ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ТОА ИМЕ).
Се согласувам дека ако полицаец работи како службено лице и не е на тајна мисија дека треба да се легитимира. Понатаму, се согласувам дека не може вооружено лице без легитимација и конкретна причина за присуство во Собрание да биде таму. Впрочем, мислам дека вооружените лица во македонија треба да имаат дозвола за оружјето кое го носат.
Но, од написите по медиумите не најдов информација дека снимателот бил вооружан? Добивам впечаток дека проблемот бил во тоа што ги снимал пратениците, па моето прашање е -
Кои се ограничувањата на правото приватно да се снима некој настан пред Собрание? Дали имале пратениците право да побараат негово отстранување само бидејќи ги снимал?
Бил наоружан (имал пиштол закачен на фармерките и многу видлив). Полицијата треба да има посебна дозвола и образложение зошто снима затоа што тоа е дел од истражни дејствија и за тоа треба налог.
Како по правило ВМРО се обидува да залаже јавноста,превртувајќи ги работите!Се согласувам во целост со Вашите ставови околу инцидентот и тоа го образложував во моите коментари.Недопуштиво е вооружено службено лице да шета во цивилка и без ознаки низ Собранието,особено не - да снима со камера и микрофон,во желба да ги дознае тајните на противникот,без никаква дозвола.Ваквиот настап наликува на обид за пуч,или за воведување на диктатура (иако сè поприсутно е чувството дека тоа е веќе остварено).