ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Според најновите научни ставови, луѓето со лесна интелектуална попреченост можат активно да учествуваат во секојдневниот живот, да формираат семејства и да работат, со помал или поголем надзор и контрола од страна.
Контролата е потребна поради тоа што интелектуалните граници на овие луѓе им оневозможуваат да сфатат некои посложени релации, не успеваат да ги разберат посуптилните меѓучовечки и социјални односи, често немаат способност за согледување на целосната слика, се концентрираат само на делови и не се во состојба да ги претпостават последиците од посложени дејствија.
Овие луѓе може да располагаат со помали суми на пари (потребни за лични потреби), меѓутоа никако не смее да им се довери било каква функција која што подразбира располагање со поголеми средства, посложени организациони решенија или одлуки кои се однесуваат на други луѓе.
На пример, човек со лесна интелектуална попреченост никако не смее да биде избран за градоначалник (независно од големината на населеното место).
На ваквиот човек не може да му се презентираат анализи, не може да се бара ниту индуктивно ниту дедуктивно заклучување за работи кои содржат повеќе од две премиси и претставува изложување на овој човек на сериозен емоционален страс секое барање да ја согледа целата слика на живиот организам со минато, сегашност и иднина на конкретно населеното место.
Единствено што може ваквиот човек да разбере во рамките на своите интелектуални капацитети се одделни делови како сепарирани монади без нивните врски и вон од контекстот на севкупното живеење.
Имено, ваквиот човек се концентрира на некоја област (колку повесела, поатрактивна и поразиграна толку е поверојатно дека таа ќе му го привлече полесно неговото внимание) и едноставно ја издигнува на ниво на приоритет.
На пример, оди во посета на некоја друга држава и некој нивни град. Сигурно домаќините подготвиле презентација на структурата, организацијата и процесите што се одвиваат во тој град,се потрудиле да му стават на увид шеми на хиерархиска поставеност и на начин на донесување на одлуките, да се пофалат со високата стручност во процесот на одлучување и со механизмите кои им стојат на располагање на граѓаните да влијаат врз одлуките што се донесуваат.
Сето ова претставува исклучително трауматско доживување за нашиот градоначалник со интелектуална попреченост. Целокупната презентација за него претставува еден голем облак на застрашувачки неразбирливи поими , магла на за него неразбирливата комплексност и заморен атак на сите негови перцептори кои не можат да се справат со презентираната сложеност.
За среќа, после ова страшно доживување, доаѓа релаксирачки момент. Може да се прошета низ градот. Ова веќе го разбира. Може да се концентрира на одредени елементи, да ги разбере и да ги доживее во нивната издвоеност и едноставност. Колку се повесели, пошарени и попрости овие елементи, толку се поразбирливи за нашиот градоначалник. На пример гледа плажа. Градска плажа. Тоа е едноставно и разбирливо. Насмеани луѓе, задоволно се сончаат покрај вода. Сите се среќни. И нашиот градоначалник со интелектуална попреченост блажено се насмевнува лижејки го својот сладолед. И решението е веќе донесено. И тој ќе направи иста ваква плажа, и на неговата плажа ќе има исти вакви луѓе кои се смеат и се задоволни и сите ќе зборуваат колку убаво нешто им направил тој.
За нашиот кутар градоначалник со интелектуална попреченост не е важно ништо друго. Тој не ги гледа улиците, ниту инфраструктурата, ниту организацијата на сложеното битие на градот, ниту потребите и интересите на граѓаните, ниту околината. За него постои само светливата играчка која сака да јс сподели со своите сограѓани.
И плажата е тука. Иста како што ја видел. Со бел песок и лежалки и весела музика и вода тече некаде подоле. Има и сладолед.
А граѓаните не се задоволни? Не му заблагодаруваат и не раскажуваат колку е добар. Нешто се бунат. И поставуваат тешки и неразбирливи прашања.
Кутрот градоначалник со интелектуална попреченост. Тој никако не може да разбере зошто го напаѓаат за толку убава работа која што им ја прави на своите граѓани. Зошто се бесни и каде тоа згрешил.
А кутрите граѓани се чудат што ги снашло и упорно се обидуваат да допрат до својот градоначалник со интелектуална попреченост.
Мислам дека еден сладолед многу би им ја олеснил работата. Со две топки и чоколаден прелив.



Навистина многу навреди за лицата со интелектуална попреченост. Па мислам дека не е во ред, нема кој да ги брани…
Нејсе, некој друг спомна квадратура на кругот во јавноста. Интересно, но овој проблем решен уште 1880 година http://en.wikipedia.org/wiki/Squaring_the_circle … Можеби некое друго име е посоодветно за блогот?
Шо бе Киро, се навреди? Не се секирај че ти купиме сладолед.
Што има навредливо тука за лицата со интелектуална попреченост Киро? Тие треба да бидат дел од јавниот живот во рамките на можностите. Апсолутно сум против ексклузија, меѓутоа не сум ни да управува со мојот град на пример некој со интелектуална попреченост.
А името воопшто не алудира на нерешливост, туку токму на решливоста на секој проблем, па и оној кој во одреден момент изгледал нерешлив (како квадратурата на кругот) :))
Мислев на споредбите, но нејсе… Очигледно нивото на дискусија е под нулата…
Инаку од 1880 наваму останале нерешливи уште многу проблеми