МВР НИЗ СИТЕЛ
Во врска со веста дадена на тв Сител, Новинарот Иван Кузмановски треба веднаш да биде повикан од страна на Секторот за внатрешна контрола со цел давање информации за тоа каде ги добил податоците во врска со полициските досиеа на членовите на семејството Илиевски.
Согласно Законот за полиција (чл. 10, 71, 72, 73, 75, 77) и Законот за внатрешни работи (чл. 24, 115) веднаш треба да се спроведе истрага во рамките на МВР со цел идентификување на лицата кои спротивно на одредбите на спомнатите закони ставаат на располагање на јавноста лични податоци за кои добиле сознанија во рамките на вршењето на службата.
Доколку податоците изнесени од страна на новинарот Иван Кузмановски се измислени тогаш тој треба да одговара за клевета.



Кој е одговорен да ја спроведе истрагата и доколку МВР не ја направи која е следната инстанца?
Член 37
Контролата на вршењето на работите на Министерството се остварува како
внатрешна и надворешна контрола.
Внатрешна контрола
Член 38
1) Внатрешната контрола ја остварува посебна организациска единица за
потребите на Министерството која спроведува постапки за оценување на
законитоста на постапувањето на работник во Министерството.
2) Заради заштита и остварување на своите права и кога смета дека со
постапувањето на работникот во Министерството се повредени неговите слободи
и права, граѓанинот има право да поднесе претставка до Министерството.
3) Министерството е должно да изврши проверка на наводите во претставката од
ставот 2 на овој член и во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката,
во писмена форма да го извести подносителот за утврдената состојба и
преземените мерки.
Надворешна контрола
Член 39
Надворешна контрола на работата на Министерството вршат Собранието на
Република Македонија и Народниот правобранител.
Хм, пресудите не се јавни податоци? Ги нема на сајтовите на судовите?
Киро, станува збор за кривични пријави.
И ред пресуди… Што е спорно? Додека не се пресуди, ајде, нека биде НН, ама откако ќе се пресуди ќе си стои име и презиме. Та не е прекршок, кривично дело е, уште да му го ќутиме името? И, дали е проблематична секоја пријава од МВР или само овие? Ако се само овие, зошто? Ако се сите, исто зошто?
Приватноста е преценета. Со излегувањето од дома, потпишуваме дека се откажуваме од било каква приватност. Дури и дома се откажуваме од неа - ете сега на пример…