МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ТРЕБА ДА ДАДЕ ОСТАВКА ИЛИ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН

Функцијата министер подразбира права и обврски. Основна обврска на министерот (според член 13 од Законот за Влада) е “самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи“.

Ова е прецизирано во одделните закони, меѓу кои е и Законот за основно образование. Во овој закон (а во врска со издавањето на учебници) се вели дека:

1. министерот ја утврдува програмата за издавање учебници и врз основа на ова министерството распушува конкурс (член 108) – ТОА ЗНАЧИ ДЕКА САМО МИНИСТЕРОТ ИМА ПРАВО ДА УСВОИ ПРОГРАМА И ДА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВТЛО ЗА ОБЈАВУВАЊЕ КОНКУРС. И ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СЕКОЈА ГРЕШКА ВО ОВОЈ ПРОЦЕС Е ГРЕШКА ЗА КОЈА МЕЃУ ДРУГИТЕ (И НАЈМНОГУ) ОДГОВАРА МИНИСТЕРОТ.

2. Министерот формира рецензентска комисија за стручно вреднување на учебникот и утврдува методологија за оценка на учебникот која што треба да ја следат рецензентите (член 111) – ТОА ЗНАЧИ ДЕКА САМО МИНИСТЕРОТ ИМА ПРАВО ДА ИЗБЕРЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ РЕЦЕНЗЕНТ И САМО МИНИСТЕРОТ ИМА ПРАВО ДА ОДРЕДИ ПО КОИ ПРИНЦИПИ ЌЕ РАБОТИ РЕЦЕНЗЕНТОТ. И ТОА ЗНАЧИ ДЕКА МИНИСТЕРОТ Е ДИРЕКТНО ОДГОВОРЕН ЗА ТОЈ ШТО ГО ИЗБРАЛ (ТОЈ СИ РЕШИЛ НИКОЈ НЕ МУ СТАВИЛ НОЖ ПОД ГРЛО) И ЗА НАЧИНОТ НА КОЈ ИЗБРАНИОТ ЈА ЗАВРШИЛ РАБОТАТА (ТОЈ ГИ ИЗРАБОТИЛ КРИТЕРИУМИТЕ).

3. Бирото за развој на образованието е првиот филтер низ кој поминува учебникот (член 112) – БИРОТО Е ПОД ДИРЕКТНА УПРАВА НА МИНИСТЕРОТ И ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ОДГОВОРЕН ЗА РАБОТАТА НА БИРОТО Е МИНИСТЕРОТ.

4. Министерот добива извештај за учебникот, а министерот донесува решение за одобрување на учебникот (член 112) – ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЕДИНСТВЕН КОЈ ИМА ПРАВО ДА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВТЛО НА УЧЕБНИКОТ Е МИНИСТЕРОТ. ОВА НЕПРИКОСНОВЕНО ПРАВО ЗНАЧИ ДЕКА МОЖЕ ДА ЗАПРЕ ПЕЧАТЕЊЕ НА БИЛО КОЈ УЧЕБНИК ДОКОЛКУ МИСЛИ ДЕКА НЕ ГИ ИСПОЛНУВА СТАНДАРДИТЕ. И ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВО ЛАНЕЦОТ НА ОДГОВОРНОСТ ЗА СОДРЖИНАТА НА УЧЕБНИКОТ МИНИСТЕРОТ ГО ДРЖИ НАЈВИСОКОТ МЕСТО.

5. Против решението на министерот за објавување на учебникот може да се поднесе жалба до второстепената комисија на Владата (член 112)- ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕМЕ ЖАЛБА И ДА БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ ОД НИКОЈ ДРУГ ОСВЕН ОД МИНИСТЕРОТ. И ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ТОЈ Е ТОЈ ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ КАЗНЕТ ЗА НЕСООДВЕТНОТО ОБАВУВАЊЕ НА СВОЈАТА ДОЛЖНОСТ.

ЗАКЛУЧОК:

ДОКОЛКУ МИНИСТЕРОТ БИРА КОЈ ЌЕ ГО ПИШУВА УЧЕБНИКОТ, КОЈ ЌЕ ГО РЕЦЕНЗИРА, КАКО ЌЕ ГО РЕЦЕНЗИРА И КОЈ И КАКО ЌЕ ГО КОНТРОЛИРА, ТОГАШ, МИНИСТЕРОТ Е ТОЈ ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ОДГОВАРА ЗА КВАЛИТЕТОТ НА УЧЕБНИКОТ.

И ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ДОКОЛКУ МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕМА ЕЛЕМЕНТАРНО ЗНАЕЊЕ ЗА ПРАВОТО И ЕЛЕМЕНТАРНИ МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ ЗА ДА ДАДЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ВО СИТУАЦИЈА КАКВА ШТО Е СИТУАЦИЈАТА СО УЧЕБНИКОТ ЗА V ОДДЕЛЕНИЕ, ТОГАШ ПРЕМИЕРОТ МОРА ВО НАЈКРАТОК МОЖЕН РОК ДА ГО РАЗРЕШИ ОД ФУНКЦИЈАТА И ДА МУ ЈА ЗАПЕЧАТИ ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА.

Leave a comment

Your email address will not be published.