ЗА ГРУЕВСКИ, ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА, МАНЕВСКИ И ОСТАТОКОТ ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОСТАВЕНА ОД НАЈМАЛКУ ТРИ ЛИЦА ЗДРУЖЕНИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОДРЕДЕН ВИД ДЕЛА

Мојата држава е место каде што владее насилството, каде што незнаењето е предуслов за успешност и каде што криминалците немаат потреба да се кријат и да ги прикриваат трагите на сопствените криминални дејствија, туку, едноставно ги озаконуваат.

Во мојата држава е применета неверојатно успешна криминална формула:

Носителите на власта ги прекршуваат законите и не одговараат за тоа
Граѓаните стануваат дел од различните шеми на прекршување на законот
Законите стануваат параван на самовластието
Беззаконието води кон конфликти
Конфликтите раѓаат насилство
Насилството носи на власт насилници
Циклусот е затворен.

Се прашував, зошто граѓаните не се бунат против овој вид на власт. Ме измачуваше пасивноста дури и во ситуации кога недвосмислено се засегнати нивните сопствени интереси и кога најнепосредно ги трпат последиците на неограничената политичка моќ. Објаснувањето го барав во стравот, непознавањето на правото и на механизмите на заштита, во необразованоста, зависноста, реликтите на претходниот систем. Многу грешев.

Всушност објаснувањето е многу едноставно. Создаден е систем во кој луѓето се сведени на нивната елементарна егзистенција. Во услови на секојдневна борба за базично преживување секој ја искористува можноста за прекршување на законот. Ситно, безначајно. Пола метар зафатен од тротоарот, неплатена струја за два месеци, изорана меѓа на комшијата, дивоградба, забушен данок од 2000 денари, измолена петка за заблуденото дете, сината казна за пребрзо возење, … Вла

ста не реагира, не казнува, не се спротиставува. “Добра“ е кон малиот човек. Нуди легализација на дивоградбите, простување на долговите, намалување на даноците, кинење на казните. И, мрежата е сплетена. Секој го варди својот дел од неправото, секој се плаши дека ќе го изгуби она малку што го грабнал или дека ќе биде казнет за направеното.

А пајакот е тука да го исшмука пленот.

Резултатот е неминове. Секој е забиен во својот агол, ‘ржи и ја брани коска та за глодање дофрлена од насилниците. И на власта и е навистина лесно. Важно е секој да има по една коска за глодање и таа е мирна.

А мојата држава станува ѓубриште на кое се шетаат бесни кучиња.

Leave a comment

Your email address will not be published.