РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ЗА НВОа

Управата за јавни приходи најпринципиелно започнува да го собира данокот од секој слаб, немоќен, надвор од центрите на одлучување и надвор од заштитата на владеачките партии. Во својата ревност да соберат што е можно повеќе пари, а при тоа да не се замерат на некој богат моќник, спремни се да го кршат и законот.

Последната измислица е собирање на радиодифузна такса од невладините организации (здруженија на граѓани).

Им препорачувам на сите НВОа кои ќе добијат предупредување за плаќање радиодифузна такса веднаш да испратат приговор во ко:ј

1. ќе се повикаат на член 146 од Законот за радиодифузна дејност, според кој радиодифузна такса плаќа, меѓу другото,  секое правно лице и сопственик  на деловен простор, на секои 20 вработени. Според овој член правните лица кои немаат ниту еден вработен (а такви се голем дел од здруженијата на граѓани) не треба да плаќаат радиодифузна такса. Исто така сите оние кои немаат сопствен деловен простор, не треба да плаќаат радиодифузна такса.

2. ќе се повикаат на договорите (буџетите) за спроведување на проекти склучени со нарачателите на проектите во кои не е предвидена ставка плаќање на радиодифузна такса. Во отсуство на други приходи на НВОто земањето пари од овие сметки претставува прекршување на законот за што може да добијат негативен ревизиски извештај, или, ненаменско трошење на пари.

Во исто време препорачувам приговорот да се испрати до нарачателите на проектите кои ќе се известат за притисокот кој се врши врз нив од страна на државата.

Доколку парите се одземат од сметката на НВОто, веднаш да се пријави кражба до полиција и до соодветните надлежни органи, како и да се направи поднесок против банката која што незаконски дозволила упад во приватна сметка.

такса и

Leave a comment

Your email address will not be published.