БЕЗОБРАЗНА И БЕЗОБЗИРНА ГЛУПОСТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ЧЕЛО СО МИНИСТЕРОТ ЛИЧНО

На објавениот конкурс на Министерството за образование за поддршка на научно-истражувачки проекти, од околу 400 поднесени проекти беа избрани 40. Министерството не достави информации за начинот на избор, за критериумите и за ранг листата.

По барање на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања по 1 месец од поднесеното барање ни беа дадени рецензиите од двајцата рецензенти кои давале мислење за секој од проектите (во прилог двете рецензии за проектот каде што јас се јавувам како раководител).

Што е интересно:

1. Тоа дека во едната рецензија има различни, но во принцип високи оценки, а другата е воедначено – 1 (или недоволен)

2. Во рецензијата која се држи до оценката 1 очигледно станува збор за човек без никакво знаење за тоа што е истражување, што имплементација, а што хармонизација на право. За кутриот рецензент со пречки во развојот хармонизацијата на македонското право кон ЕУ правото претставува техничка процедура на пресликување на директивите во нашата легислатива (види точки: 1, 2, 3, 4 и 5 од рецензијата)

3. Во рецензијата се дадени очигледни невистини, како:

а) точките 6 и 7во кои се тврди дека нема главен истражувач, односно, истражувачки тим (во проектот како главен истражувач сум предложена јас, а како соработник истражувач Прпф. д-р Виолета Петроска Бешка)

б) во точката 8 се тврди дека не е даден податок за млади истражувачи. Тоа е интересно бидејки во проектот се спомнуваат: Луан Имери (дипломиран економист) и Тања Живковска (дипломиран правник).

в) во точката 3 се тврди дека во проектот нема цел. Како што се гледа од приложениот проект целта е јасно дефинирана (во генерална и во посебни цели):

Цел

Основна цел на проектот е истражување на постоечката состојба со дискриминацијата и создавање услови и поттикнување на примената на стандардите дадени во директивите за еднаквост на ЕУ во развој на политики и стратегии за намалување на дискриминацијата и зголемување на заштитата од дискриминација во процесот на запослување, во работното распоредување и кариерното напредување во државната администрација и во јавните установи.

Посебните цели на проектот се:

  • анализа на перцепциите на вработените во однос на дискриминацијата во државната админситрација и јавните установи
  • евалуација на политиките и практиките на адресирање на дискриминацијата во државната администрација и јавните установи
  • развивање на упатства за развој на политики, стратегии и практики на имплементација на ЕУ директивите за еднаквост

СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕ:

1. Дали рецензентот воопшто го читал проектот?

2. Дали воопшто постои ваква рецензија или пак е таа измислена од страна на министерот и фабрикувана во министерството

3. Дали министерот и овде нема никаква одговорност или пак како и кај учебниците тој не знае ништо, не гледа ништо и не зборува ништо

ЗАКЛУЧОК

РЕЦЕНЗЕНТОТ НЕ ГО ПРОЧИТАЛ ТЕКСТОТ НА ПРОЕКТОТ

РЕЦЕНЗЕНТОТ НЕМА СООДВЕТНИ ЗНАЕЊА ЗА ДА МОЖЕ ДА ГО РАЗБЕРЕ ПРОЕКТОТ

РЕЦЕНЗЕНТОТ НЕМА СООДВЕТНИ ИНТЕЛЕКТУАЛНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ДА МОЖЕ ДА РАЗБЕРЕ ШТО Е НАПИШАНО (ИЛИ ЗА ДА МОЖЕ ДА ПРОЧИТА ШТО Е НАПИШАНО)

НЕ ПОСТОИ ВООПШТО ВТОР РЕЦЕНЗЕНТ, А ВТОРАТА РЕЦЕНЗИЈА ЈА ИМА ИЗМИСЛЕНО МИНИСТЕРСТВОТ/МИНИСТЕРОТ СО ЦЕЛ ОПРЕАВДУВАЊЕ НА ОДБИВАЊЕТО

Независно од тоа за што од погоре наведените работи станува збор, јавно објавувам дека немам намера да го оставам ова неказнето.

Прв чекор: ќе поднесам барање до министерството да ги преиспита квалификациите на рецензентот и да ја преиспита неговата работа.

Зависно од одговорот на министертвото/министерот, ќе следат и останатите чекори.

Leave a comment

Your email address will not be published.