А1 – БЛОКАДА НА МЕДИУМ ИЛИ МАНИПУЛАЦИЈА НА ЈАВНОСТА?
ШТО ВИДОВ?
1. На ТВ видов многу полиција околу една телевизиска станица
2. На ТВ видов новинари кои прашуваат зошто не можат слободно да влегуваат и излегуваат од ТВ станицата и не добиваат одговор
3. Лично видов блокада на патот кон А1 ТВ на 2 км од телевизијата од страна на специјални единици под полна опрема и вооружување
4. Лично доживеав да не ме пропуштат полицајци да минувам по улица без образложение
5. Лично видов луѓе кои не можеа да си појдат дома затоа што полицијата не ги пушташе да поминат по сопствената улица
ШТО СЛУШНАВ ОД ОВЛАСТЕНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВЛАСТА И ЛУЃШЕ БЛИСКИ НА ВЛАСТА?
1. Слушнав дека станува збор за вообичаена работа на финансиската полиција во фирми кои се наоѓаат на истата адреса како и А1 ТВ
2. Слушнав дека полицијата си ја вршела работата
3. Слушнав дека сопственикот на А1 ТВ има матни финансиски зделки
4. Слушнав дека акцијата на полицијата нема врска со А1 ТВ
5. Слушнав дека нема полициска блокада на патот кон А1 ТВ
6. Слушнав дека новинарите се изманипулирани
7. Слушнав дека кутрите финансиски инспектори седат заробени во просториите на фирмите во кои влегле.
ШТО НЕ СЛУШНАВ ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАСТА И ЛУЃЕТО БЛИСКИ НА ВЛАСТА?
1. Дали и како биле спречени финансиските инспектори да ја вршат својата работа?
2. Зошто била повикана полиција?
3. Зошто им било попречено движењето на новинарите на А1?
4. Каква врска имаат новинарите на А1 со евентуалните матни зделки на сопственикот?
5. Зошто бев спречена да одам во отворена емисија на А1 во која што бев поканета?
ОНА ШТО ЈАС ГО ИЗВЕДУВАМ КАКО ЗАКЛУЧОК:
На Сител ТВ од самиот новинар (Латас) и од претставниците на власта Иво Котевски и Горан Трајковски бев известена дека нема блокада на А1 ТВ и дека е тоа дезинформација која што ја шират новинарите на А1. Јас им поверував и тргнав натаму. Немав намера да одам во ниту една од фирмите кои се наоѓаат на истата адреса, туку во самата А1 ТВ. На патот бев запрена и не ми беше дозволено да одам во А1 ТВ ниту со автомобил ниту пешки. Тоа значи дека новинарот на Сител ТВ, и двајцата претставници на власта ме излажаа и ме изманипулираа.
Јас веќе се прашувам за што се излажале кога си дозволија да лажат за работа која така лесно може да биде проверена. Јас веќе не можам да верувам во вистинитоста на ниту една информација која што доаѓа од нивна страна.
1. Државата ги манифестира сите карактеристики на диктаторска држава која ги ограничува основните права и слободи на сопствените граѓани
2. Ова е само еден од низата притисоци кои државата ги врши против секој кој ќе се осмели да ја критикува власта (случаи: Плоштад Слобода, Распеани Скопјани, млекарот од Битола, Шеќеранците, Жарко Трајановски, Ирена Цветковиќ и многу луѓе кои во секојдневниот живот се повлекуваат од било каква критика поради можно губење на работа и бизнис)
3. Има премногу коинциденции во постапувањето на државата кои собрани на куп престануваат да бидат случајности и стануваат систем од насилство врз: судии, припадници на акдемската заедница, администратори, синдикалисти, новинари.
Државата во која критиката на власта станува опасен хоби е недемократска држава.↓
Недемократското однесување на државата е спротивно на Уставот.↓
Во своето недемократско однесување државата применува сила.↓
Тоа значи дека власта се обидува насилно да го сруши уставниот поредок на државата.↓
Таквата власт треба да одговара за своите постапки и да биде соодветно казнета согласно со позитивните закони кои важат во Република Македонија.



Зашто не го спомнеш постојаното влегување и излегување на политичарите во студиото како можеше они да бидат пуштени во теливизијата, ова е срам за новинарство – новинарството страда на сметка на политичарите, доколку ова беше диктаторска држава дали целиот настан ќе одеше во етер ??? или ќе беше исклучен од страна на диктаторот ??? Ми се гади од вакви и слични текстови и манипулација со јавноста
Полицијата ги пропушташе парламентарците цело време.
Не знам кога е поставен блокадата, меѓутоа јас бев таму и имам сведоци, а двајца полицајци физички ме вратија кога пробав да одам по улицата.
Ако коза лаже рог не лаже.
Нашата диктатура се раководи по принципот: кучињата лаат а карванот си минува, или, мува не ги лазе.
Не ги пуштаа политичарите туку им шепнуваа дека веднаш лево на 100 метра има друг спореден пат до кој брзо се стигнува до а1 телевизија.
Едни кутри луѓе тргнаа натаму и ги вратија брзо брзо. Важно е да бидеш политичар. Што да правам кога уште сум повеќе перцепирана како дел од невладиниот сектор отколку на политичките актери.:))
Најче ако некој од 10.00 утрото до 19.00 вечерта правел се за да одбегне да ја предаде документацијата односно да овоможи увид тогаш тоа е јасна индикација дека увидот е попречен и токму затоа инспекторите повикале помош. Ете затоа повикале помош од полиција. Во меѓувреме Рамковски им однесе народ пред тв и ни пушти сценарио што не се видело ама нема ни да се види. морам да признаам дека спонтано си се собраа таму сите
Незна кој им е интересот на тие кои бар требаа да сфатат дека се изманипулирани да се брани интересот на Хедис маркети кои инаку должат 400.000 евра на мелкарите од Свед милк. Итсиот тој Рамковски се шета по селава со мегафон прикажувајќи им се како спасител на овие кутри луѓе. Е ова е видео демократија. Се додела сопстевиници на телевизии вклучително и Сител се и партиски активни се дотогаш нема да верувам на ништо. Јавна благодарност на Лупевска што вчера беше најприбрана од сите новинари и најобјективно ја прикажа ситуацијаат. Таа беше само фацилитатор а за разлика од другите новинари (на А1 и Сител) не се впушти во давање вредносни коментари. Лупевска и самата излезе од А! токму заради тоа што самата беше под притисок на тој примитивец Рамковски кој да ги немаше милионите гарант ќе беше ан Бит Пазар да продава семки или нешто за три за сто.
Поздрав,
Наталија.
Jas vidov i chuv blamaza na televizija i od A1 i od Sitel. Raka na srce blamazata na A1 beshe pogolema…
Јас не видов полиција во А1. Видов полиција пред главниот влез на огромен објект во кој има преку 30 фирми. Слушнав дека во 6 од нив се врши финансиска контрола и дека наводно нема поврзаност помеѓу нив и А1.
Видов дека преку 200 граѓани влегоа во А1 и учествуваа во реалното шоу.
Видов дека пред објектот има десетина млади професионални полицајци спрема кои присутните зрачеа огромна омраза. Видов дека позади полицајците има обезбедување кое спречуваше некои граѓани (ваљда непоканетите на журката) да влезат во објектот.
Да не одземем многу простор еве го моето видување:
http://novek.blog.mk/2010/11/26/redenka-vo-a1/
Наталија, може да расправаме за се што си напишала. Ама друг пат.
Она што во моментот ме мачи е:
1. Полиција која блокира влез на медиум
2. Полиција која блокира улица
3. Полиција која не се легитимира и не дава објаснувања
4. Куп од коинциденции (меѓу кои и атаци на бранители на човекови права, етикетирање на интелектуалци, отворено лажење и дезинформирање и како последно за кое слушнав, блокадата на пишаниот медиум Време).
Е, сето ова заедно е манифестација на насилство од страна на власта и создавање на атмосфера на страв и несигурност. Таквата власт не може да се нарече правна ниту пак демократска и тоа ја прави спротивна на основните вредности дадени во Уставот.
А1 под опсада! хахах, абе ајде, која опсада кога емитуваа програма (ако сакаа да ги замолчат и преземат ќе им исклучеа струја во најмала рака). И како тоа новинарите биле ,,оневозможени‘‘ да ја вршат работната должност кога постојано си ја вршеа – ги гледавме пред камерите. На снимките искрено не се виде атак врз двете ,,атакувани‘‘ новинарки, туку тие се буткаа и туркаа (и викаа!) како да сакаа да исценираат дека се нападнати.
И она што е најсимптоматично – каде беше г-динот Велија Рамковски да си ја одбрани телевизијата и фирмите? Мислам, доколку полицијата дошла ненадејно и не биле информирани од А1 или Хедис итн., Велија би требало да се солидаризира со своите вработени, нели?
Значи, беше повеќепати повторено полицијата не блокирала медиум, туку поради спречување на нормално извршување на законска надлежност на УЈП. Тоа што во ист објект има 6- фирми меѓу кои и А1 е друга работа.
Второ, се слагам дека полицајците не дадоа објаснување и дека тоа беше направено предоцна одкако веќе се изманипулира целата јавност.
Мене вчера на пример ми стигна инспекција баш од МВР во моја фирма и што требаше сега јас да направам. Да го викнам цело маало комшии и да ги обвинам за притисок??? Па полицијата на тоа да викне уште повеќе засилување и ете ти сценарио, буткање, влечење, викање… да тоа се случува коа некој намерно ќе ги измеша лончињата наместо мирно да ја предадат документацијата.
Повторно се мешаат баби и жаби. Никој је спори дека инспекции треба да работат. Проблемот е како го прават тоа. Проблемот е што не се легитимираат, не покажуваат налози, не ги пуштаат вработените да си одат дома, селективно пропуштаат луѓе што одат по улица, еј по улица! До после полноќ портпаролот на МВР и директорот на УЈП одеа по Сител, Канал 5 и МТВ и од таму кажуваа дека атакот не е врз А1. Не бе, врз баба ми е. Страшно е што ова се повторува секои четири години, 2002, 2006, 2010… Како работи Велија, како не работи Велија, дали е СДСМ или е ВМРО на власт, тотално е небитно за случајов. Битно е што кога бродот на власта ќе почне да тоне, А1 ќе почне да зборува, и инспекциите ќе почнат. И секогаш е поропачки, секогаш е понасилно, секогаш е поарогантно. Бидејќи непокажувањето легитимации, налози, непојавувањето на министерката за внатрешни е тоа, чиста ароганција. Ќе правам што сакам, ништо не ми можеш. Сите овие работи што ги пишувам не се ништо ново и тоа е трагедијата. Се е видено, се е доживеано, се се повторува! А Наталија, Дарт Вејдер и други можат до утре да пишуваат, ништо нема да се промени. Срце ме боли од оваа Македонија.
Ме интересира ако некој знае да ми каже дали во ист објект се наоѓаат 6те фирми и телевизијата или станува збор за засебни објекти како дел од комплексот објекти затворени со една ограда? Прашувам затоа што полицијата беше пред влезната врата на А1 телевизија.
Полицијата ги блокираше патиштата кои водат кон А1 (под полна опрема). И немој да ми објаснувате дека таа дупка не е дупка кога лично стоев пред неа.
Не ме интересира дали била во или пред А1. За мене беше на улица и не ми дозволи да поминам.
Утре ќе воспостави и полициски час и сигурна сум дека и Наталија и Ѓуровски ќе изнајдат многу убави зборови за тоа.
Само знам и тоа дека многу Наталии и Ѓуровски на кои се скршила стомната после доаѓале за правна помош.
Одлично образложено, и од Наталија и од Ѓуровски! И не требаше да избегнете да “да расправате за се што напишала”.
По овие коментари, не би имала ништо повеќе да додам освен дека треба да размислите дали навистина требало да Ве пуштат Вас и другите случајни поминувачи да го видат сеирот. Пред се причината е Вашата сигурност! Никој не може да знае колку ќе ескалира ситуацијата во која е вмешана толпа народ и полиција, и од таа причина не сметам дека треба да се пушта секој да се прибли
жува до местото на настанот, па и да ја премине соседната улица. Доколку работите излезеа од контрола, веројатно ќе ја обвинувавте полицијата што дозволила да се пристапи. Навистина, се е релативно.
Поздрав,
Ели
Ели, ќе те чекам со твојот случај на повреда на правата за, да речеме 2 месеци, преку сила. Кога ќе се случи тоа сети се на овој момент.
Немој да завршиш како оној познат свештеник од нацистичка Германија.
Glavniot manipulator e Velija…sto si drobel treba da si srka sega…za da go prikrie kriminalot pravi skandali i saka narodot da go spasuva
Ви благодарам на понудата, но не ме чекајте.
interesna rabota kako lugjeto ne gi prepoznavaat pojavnite oblici na fashizmot???? Tie mislat deka fazhizam e samo Hitler, koncetracioni logori i sl. Pa vo vremeto na fashizmot imalo lugje koi go podrzhuvale i ubavo si zhiveele, odele vo kabarea, restorani i sl. Dali poradi toa ke tvrdime deka fashizmot i ne bil tolku losh?????
Ако прашањето е блокада или манипулација, одговорот е манипулација, бидејќи блокада на медиумот немаше.
Начинот (“Законот, тоа сме ние”) и селективноста (ѓубрето во владиниот двор смрди подалеку отколку тоа што се обидуваат да го зачистат) на спроведувањето на акцијата се вистинскиот проблем.
За крај едно хипотетичко прашање. Што доколку некогаш се утврди дека А1 ТВ затајувала данок или вршела други нелегални активности? Дали тогаш нејзиното затворање ќе се смета за блокада на медиум?
Црн бумбар за тебе Мирјана црн, што требаше полицијата да направи ? На што личеа титови леви сили со тенџериња и со лажици а можеби и со копачи дојдоа, што ќе се случеше доколку еден се осмелеше да покаже сила над полицијата како ќе се контролираше цела таа група на луѓе. Одговори ми дали од овој аспект полицијата требаше да го блокира пристапот околку а1 ?
Ги разбирам сите оние што не веруваат во новинарите, политичарите, професорите, интелектуалците, институциите… Во оваа држава одамна тешко нешто дека функционира, зошто би верувале? Сепак, имам прашања:
1. Зошто не им верувате на законите на кои се повикува Професорката Најчевска? Не и верувајте неа, но зошто не и на законите?
2. Зошто не им верувате на законите и препораките, на основните начела на демократијата- на кои се повикуваат денес ЕУ, ОБСЕ, Вашингтон за слободата на медиуми, слобода на изразување
3. Зошто не верувате на нивните оценки дека “вчерашната акција се перцепира како заплашување на новинарите поради тоа што А1 е еден од ретките критични медиуми и повикува на расчистување.” (Талер) и слични на нив? Не верувајте на нивните оценки, но зошто не верувате дека во светот постојат такви закони и се почитуваат? И дека сите инсистираат на нив?
4. Зошто не им верувате на новинарите на А1 на кои (пред камерите) не им беше дозволено да влезат во просториите-носеа ленти, на нив имаше изјави, атмосфера и по некој стенд-ап. И на гостите- кои да, влегуваа во А1, но со часови чекање, молење, влечкање… Полицијата мораше да им дозволи влез без проблем. Доколку не смеела, таа морала да каже зошто. Тоа е целата приказна. Власта мора да објасни зошто донесува некакви одлуки, за да може подоцна да полемизираме со неа, и не само со неа- дали била во право или не. Се ќе беше поинаку ако објаснеа- зошто: полиција, блокади… Не само на А1, на целата јавност.
5. Доколку оди овој случај во Стразбур, дали ќе верувате во пресудата, без оглед кој ќе изгуби, а кој добие? Нормално дека не мора да верувате во праведноста на одлуката, ниту пак слепо да верувате дека законите се идеални, но морате во тоа- дека постојат закони и дека тие за жал мора да се почитуваат (за разлика од РМ), без оглед дали ни се допаѓа власта или опозицијата, А1 или некој друг медиум, и без оглед на тоа дали сметаме дека оваа власт е одлично решение или треба да дојде некоја нова власт. Или-ако се докаже дека А1 мора да ја изгуби лиценцата за работа. Некој мора да пресуди. Ако мислите дека не се судовите тие- тогаш кој е?
На Анкетната комисија за човекови права беше побарано соодветните министерства и служби да достават информации за настаните во А1 ТВ и врз основа на тој материјал да се расправа. Се надевам дека овие материјали ќе дадат доволно содржина да се направи соодветна анализа која може да се искористи и за барање одговорност. Не на полицијата, туку на оние кои ги испратиле и посебно на оние кои ја злоупотребуваат полицијата.
Целиот овој настан ќе биде една црна дамка за Македонија а особено ако се воспостави дека станува збор за криминал е тек тогаш незнам дали некој ќе им верува на новинарите и дека во целата таа фама имаше и корумпирани новинари. Баш би сакал да ги видиме тие материјали со конкретни детали за целиот настан, само по вчерашните снимки работава ни од далеку не ми мириса на коректно работење
[...] Квадратура на кругот: А1 – блокада на медиум или манипулација на јавноста? * [...]
Таму, како и тука – се разбира – има место и за бели и за црни бумбари! Но, без обзир на бојата на бумбарите… треба да се потсетиме тека тие одат таму каде што има merde!!!
Ало луѓе знаете што е IRS во Сад? Internal Revenue Service или по нашки Даночна Служба.
Е ајде малку разлислете што би се случило ако некоја фирма или поединци си дозволат да ја опструираат во работата оваа служба??? Истото ваши и за европските служби.
Не само што нема да продолжите со вашиот бизнис туку ќе треба и континентот да го сменити ако сакате да продолжите со работа.
Значи прво доаѓа Господ па Даночната Служба, ќе седите ќе ќутите и ќе им ја дадете цела документација што ќе ви ја побараат и ќе прашата да не треба уште нешто. Ал Капоне го јаде дрвото од даночната а не некој си кокошкар Велија…
Во акцијата во објектот на А1 јас ја наоѓам виновна полицијата , ако некој оневозможува проверка на финансиско работење, па уште и се мајтапи со инспектори ги шета горе-долу, па некакви си новинарчиње глуматаат…во секоја нормална демократска земја се превзема акција каде се блокира целиот објект, 200 метра околу објектот и пиле не смее да прелета, а ако на некој му пљампа муцката му се затвора и се приведува.Ете оваа е процедурата во една нормална најдемократска земја каде владее правото. Е се додека ова не се случува кај нас нема да имаме држава, ќе си бидеме протекторатче каде секој европски чиновник ќе го прашуваме за мислење кое ќе биде догма за нас.
Е за овие човекови права треба да се борите драги мои,за правото на не дискриминација, како јас плаќам чесно данок така и Велија да плати….нели критикувате дека наместо за споменици од буџетот треба за по приоритетни работи да се потрошат парите, па исто така пресметајте колку лекови ќе се купат и колку школи ќе се реновираат ако пример Велија и сличните на него тајкуни си ги платат даноците према сопствената држава.
Најчевска!!! СОВРШЕНО МАНИПУЛИРАТЕ!!
Доле на први спрат во мојот влез има фирма. Доаѓаат од УЈП во контрола. Утврдуваат дека има проблеми и викаат финансиска полиција.
Дали смеат да го затворат целиот влез и да ги легитимираат станарите кога ќе излегуваат и влегуваат или пак ќе застанат и ќе спречат влез и излез од станот/прпосториите на фирмата која што ја контролираат?
Доколку застанат на влезот ја нарушуваат мојата сопственост и веднаш ќе ги дадам на суд.
Незнаењето е многу страшна работа и најлесно може да се манипулира човек што не знае.
И да, драги мои под име Корнелиа и Миро, вие сте дебело изманипулирани заради своето незнаење. Затоа што не знаете дека не смее во исто време да бидат во ист простор претставници на УЈП и на финансиска полиција. Затоа што не знаете дека не смее да ви се повреди правото на сопственост без судски налог. Затоа што не знаете дека секој има право да се смета за невин се додека не му се докаже невиноста.
Драги мој Миро тоа што го зборуваш се обични глупости и огромно незнаење на законите, процедурите и правилата на вршење на инспекциски надзор.
Во Америка да се сучи ваков гаф да се ограничи движењето на луѓето без законски оправдана причина, до сега ќе леташе министерот и немаше веќе никој очи да му види.
А, јас да сум на ваше место би прашал зошто во извештајот за Македонија една од ставките во која назадуваме е контролата над државниот буџет. И зошто владеачката партија одбива ревизорските извештаи за Владата и за министерствата да се расправаат на Собрание како што е дадено во законот. И многу би се загрижила за што се трошат парите кои ги давам како данок.
Едноставно не ми се верува за какви права се дискутира тука, значи Вие Мирјана се борите за некои човекови права и ограничување на слободата на движење а станува збор за криминал и споредувате некоја фирма а во конкретниов случај станува збор за 6 фирми … Едноставно не сакате да признаете дека цела оваа работа е организиран криминал и упорно и упорно ги споменувате тие човекови права а кога и самите бевме сведоци дека новинарките кои жустро се фрлаа пред полицијата сепак ги видовме и во студиото, едноставно како се најдоа таму го усовршиле телепортирањето или …. И ќе ве молам да престанете да ги споменувате тие извештаи и доколку би биле совршена држава сепак нешто ќе недостига за да бидеме дел од европската унија и се е политика …. Како што кажа Корнелиа Вие нажалост совршено манипулирате
Dali ima kriminal moze da se dokaze samo vo kontradiktorna sudska postapka.
Se do togas …
Морам да признаам дека не сум запознаена со овој случај затоа што во моментов не сум во Македонија.
Од овој разговор гледам две доста различни страни и не знам што точно се случило. И исто така има многу правила за кои јас незнам, а верувам и доста луѓе тука се во иста ситуцаија, така што не ми е јасно зошто некои луѓе одбиваат да добијат повеќе информации.
Лично тоа што можам да го кажам е дека не верувам овој случај требал вака да се одвива. Полиција да блокира нешто за документација? Зар нема некое подобро решение? Ако сака да блокира нека блокира финансиски трансакции на компаниите во прашање, или нешто слично. Што е со комплицирањето на животите на луѓе кои немаат врска со тоа? И што, ако некој им крие документација они можат само сила да употребат? А јас тука мислев дека секогаш кога не носам некоја документација негде јас губам. Од сега ништо не им носам и ќе барам полицијата да ја добие за мене.
Во секој случај што и да се случило точно мене ми звучи како уште еден пример дека полицијата не е за народот. Последниот пат кога поставив прашање на полицаец ми рече да си почекам и сама да си видам. (не велам дека сите се исти, или дека нема притисок врз нив)
И сепак мене најинтересна ми е информацијата за како било кажано дека нема никаква блокада. Колку тешко е тоа да се провери? Зошто лажат за толку очиглeдни работи?
Од оваа дистанца Најчевска, јас сега ќе го сменам мојот исказ, па тој би гласел:
Најчевска!!! НЕУСПЕШНО СЕ ОБИДУВАТЕ ДА МАНИПУЛИРАТЕ!!!
А тоа е веројатно последица на самоубеденоста дека сте единствена што знае да чита и толкува закони. Да не трагично би било совршено забавно!!!