ШТО КАЖА А ШТО НЕ КАЖА МИНИСТЕРКАТА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ВО ИНТЕРВЈУТО ЗА ДНЕВНИК

Кон интервјуто на Гордана Јанкуловска министерка за внатрешни работи дадено во Дневник (27.11.20100).

НАПОМЕНА-ПОЛИЦИЈАТА ВО СЛУЧАЈОВ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА ОДГОВАРА ЗА ПОСТАПКИТЕ НА СВОИТЕ ПРЕТПОСТАВЕНИ.

МИСЛЕЊЕ – ОВДЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИТИСОК СО ЦЕЛ СОЗДАВАЊЕ АТМОСФЕРА НА СТРАВ И НЕСИГУРНОСТ ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ВЛАСТА ИЛИ ЌЕ СЕ ОСМЕЛИ ДА ЈА КРИТИКУВА

СТАВ – ЗАЕДНИЧКИОТ НАСТАП И ПОДДРШКАТА КОЈА ШТО СИ ЈА ДАВААТ МЕЃУСЕБНО ПОЛИТИЧКИТЕ СУБЈЕКТИ ВО ОПОЗИЦИЈА И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, ДЕЛ ОД АКАДЕМСКАТА ЈАВНОСТ И ПОЕДИНЦИ, Е ПРИРОДЕН НАЧИН НА ГРАДЕЊЕ КРИТИЧНА МАСА ЗА КОНТРОЛА НА ВЛАДЕАЧКИТЕ СТРУКТУРИ КОИ ЈА ДРЖАТ ВЛАСТА ВО СВОИ РАЦЕ. ЕТИКЕТИРАЊЕТО ОД СТРАНА НА ВЛАСТА Е НАСОЧЕНО КОН РУШЕЊЕ НА ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА: СЛОБОДНО ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО СО ЦЕЛ ИЗРАЗИВАЊЕ НА МИСЛЕЊЕ.

Министерката Гордана Јанкуловска смета дека тоа што нема пријава за пречекорување на полициските овластувања е доказ дека полицијата успешно им асистираше на УЈП и на финансиската полиција во синоќешниот настан во објектот во кој е сместена телевизијата „А1″. Во интервјуто за „Дневник”, таа и натаму тврди дека не станува збор за контрола на работењето на „А1″ ниту на Велија Рамковски, но додава дека ако се утврди каква било инволвираност на сопственикот на „А1″, тој нема да има поинаков третман од кој било друг граѓанин. Има став дека пред законите сите сме еднакви, но нема прецизен одговор зошто со години се „кокетира” со Рамковски, а сега се прави контрола на неговите фирми.

???? – ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ПРИЈАВИ ЗА РОДОВА ДИСКРИМИНАЦИЈА И ЗА СТАРОСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА И ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОНОВА НА ПОПРЕЧЕНОСТ И ТОА НИКАКО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА ВАКВИ ВИДОВИ ДИСКРИМИНАЦИЈА.

КЛЕВЕТА – ИЗГОВОРЕНО ОД СТРАНА НА МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ ВО МЕДИУМ ОВА Е ОТВОРЕНА ИНСИНУАЦИЈА ДЕКА СЕ ОЧЕКУВА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ДА БИДЕ ИНВОЛВИРАН ВО КРИМИНАЛ И СО ВАКВА ИЗЈАВА СЕ НАРУШУВА НЕГОВАТА ЧЕСТ И УГЛЕД.
Како ја оценувате полициската реакција во врска со синоќешните случувања пред телевизијата „А1″? Ги пречекори ли полицијата своите овластувања и ја загрози ли работата на „А1″?

– Ниту вечерта, ниту наредниот ден до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди не пристигна ниедна поплака или претставка за постапувањето на полициските службеници. Не сакам да звучам малициозно, но можам само да се надевам дека наводните обвинувања за напади врз новинари не се уште еден непрофесионален обид за манипулација на јавноста, бидејќи ќе повторам дека се’ уште нема пристигнато никаква пријава. Од друга страна, не беше пријавен ниеден инцидент и беше спречено какво било поголемо нарушување на јавниот ред и мир. Трето, но не помалку важно, надлежните успеаја да ја извршат службената должност и да ја обезбедат документацијата за докажување на евентуален криминал во фирмите регистрирани на ул. Перо Наков бб, кои воопшто не се регистрирани за радиодифузна дејност.

КЛЕВЕТА – СЕ ОБВИНУВААТ НОВИНАРИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА И НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ СО ШТО СЕ НАРУШУВА НИВНАТА ЧЕСТ И УГЛЕД.

???? – КАКВО НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР ПОСТОЕЛО ПРЕД ДА СЕ ПОЈАВИ ПОЛИЦИЈАТА? АКО ПОЛИЦАЈЦИТЕ СО СВОЕТО ПОСТАПУВАЊЕ ДОВЕЛЕ ДО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР ТОГАШ ТРЕБА ДА БИДАТ КАЗНЕТИ ЗАЕДНО СО СИТЕ НАДРЕДЕНИ (ВКЛУЧУВАЈКИ ЈА И МИНИСТЕРКАТА)

ПРАШАЊА – ДАЛИ ОВА ЌЕ ГО НАПРАВЕЛЕ И БЕЗ ПОЈАВА НА ПОЛИЦИЈАТА И ДАЛИ ПОВРЕДАТА НА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМОТ Е КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА КОЈА Е ПРИФАТЛИВА ВО СЛУЧАЈОВ?
Дали, според Вас, тие си ја завршија задачата и ги заштитија инспекторите?

– Полицијата на улицата Перо Наков бб синоќа беше на барање за асистенција од финансиската полиција и Управата за јавни приходи, кои имаа обезбедено судски налог за вршење финансиска контрола на фирми регистрирани на таа адреса. Сите овие фирми се регистрирани за дејности кои немаат никаква поврзаност со радиодифузната дејност, односно со медиумите. Целта на контролата беше да се обезбедат докази за евентуален финансиски криминал и проневери во овие фирми. Впрочем, контролата на надлежните државни институции во некои од овие фирми била оневозможувана повеќе од 15 месеци, што доволно говори за оправданоста на судскиот налог и барањето за полициска асистенција. Законот мора да важи подеднакво за сите. Дури и за фирми кои се сместени во ист објект со медиуми.

НЕ СЛЕДИ – АКО НЕМАЛЕ ВРСКА СО МЕДИУМОТ ШТО ПРЕВЗЕЛЕ СО НИВНАТА РАБОТА ДА НЕ СЕ ПОПРЕЧИ РАБОТАТА НА МЕДИУМОТ? ДАЛИ СУДСКИОТ НАЛОГ СЕ ОДНЕСУВАЛ НА ПРОСТОРИИТЕ НА ТИЕ ФИРМИ ИЛИ НА ОБЈЕКТОТ ВО ЦЕЛИНА ИЛИ НА ЦЕЛИОТ ПРОСТОР ОКОЛУ ОБЈЕКТОТ?

Ако задачата беше да им се асистира на инспекторите од УЈП и од финансиска полиција, зошто тогаш полицијата дозволи да им се попречи работата и тие да бидат снимани?
– Полицијата при своето постапување секогаш прави процена на ризикот и можните последици од евентуална одлука да бидат употребени средства за присилба. Во овој момент за нас е најважно дека не дојде до посериозни последици, дека службените лица ја завршија својата работа, а сите оние што ги попречуваа во најкус можен рок ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата. Тука очекуваме помош и од новинарите од „А1″, кои треба да застанат на страна на правдата.

ЗАКАНА – КОЈ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА? ТИЕ ШТО ЈА ПОПРЕЧУВАЛЕ ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ДА ЈА ИЗВРШИ РАБОТАТА ЗАРАДИ ШТО БИЛЕ ПОВИКАНИ ПОЛИЦАЈЦИ (НЕ ВИДОВМЕ НИКОГО ДА ЛИШАТ ОД СЛОБОДА ИЛИ ДА ГО ОДНЕСАТ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА) ИЛИ ТИЕ ШТО ГИ ПОПРЕЧУВАА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ВО БЛОКИРАЊЕТО НА МЕДИУМОТ И ВО ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА СЛОБОДАТА НА ДВИЖЕЊЕ НА НОВИНАРИТЕ И ГРАЌАНИТЕ КОИ НЕМААТ НИКАКВА ВРСКА СО ФИРМИТЕ КОИ СЕ ИСТРАЖУВААТ?

ПОРАКА –СЕКОЈ КОЈ ЌЕ СЕ ОСМЕЛИ ДА ЗАСТАНЕ ВО ОДБРАНА НА СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ БИДЕ ИДЕНТИФИКУВАН И КАЗНЕТ (КАКО СИНДИКАЦИТЕ ОД ШЕЌЕРАНАТА ОД БИТОЛА, КАКО МЛЕКАРОТ ОД БИТОЛА, КАКО ЖАРКО И ИРЕНА, КАКО НОВИНАРИТЕ ОД А1, ВРЕМЕ, ШПИЦ КОХА).
Зошто беа блокирани улиците и раскрсниците околу телевизијата, дали се реагираше на моменталните случувања или тоа беше дел од претходно утврдениот план за асистенција? Не беше ли доволно полицијата да седи само пред канцелариите во кои работеле инспекторите?

– Најпрвин би сакала да изразам задоволство дека телевизија „А1″ и новинарите редовно ги извршуваат своите задачи, исто како и во текот на вчерашниот ден. Тоа е најдобриот демант на сите контрадикторни информации за упади и атаки врз телевизијата што беа пласирани синоќа. Дека веројатно стануваше збор за обид за несмасна манипулација на јавноста говори и фактот што вчеравечер во студиото на „А1″ продефилираа членовите на СДСМ и на СОРОС со безброј измислени и непринципиелни фабрикувани обвиненија. Впрочем, главно истите оние кои во неколку наврати се обидуваа да ги попречуваат институциите и да извршат притисоци врз судот кога се одлучуваше за криминал тежок десетици милиони евра. За жал, повторно бевме сведоци на истите сцени од истите луѓе. Повторно имаше туркање, навреди и провокации кон службените лица, кои беа попречувани во извршувањето на службените задачи. За среќа, тие успеаја да ја задржат присебноста и не дозволија инциденти и поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

НАВРЕДА И ЕТИКЕТИРАЊЕ – СИТЕ ЛУЃЕ КОИ СЕ ПОЈАВИЈА НА А1 ТВ СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ СО СДСМ И СОРОС, ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ИВРАБОТЕНИТЕ ВО  ФОСИМ И НИВНИТЕ ИЗЈАВИ СЕ ОМАЛОВАЖУВААТ.

КЛЕВЕТА – СЕ ОИБВИНУВААТ ЗА ВРШЕЊЕ ПРИТИСОК ВРЗ СУДОТ И СЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА СОУЧЕСНИЦИ ВО КРИМИНАЛНО ДЕЛО
Впечаток е дека асистенцијата на полицијата е несмасна и несоодветна и на тој начин се создаде слика дека полицијата всушност е таму да ја попречи работата на новинарите и на ТВ „А1″?

– Можеби „А1″ и новинарите треба да одговорат на неколку други прашања. Дали медиумот и новинарите знаеле дека на нивната адреса функционираат повеќе фирми? Дали медиумот и новинарите знаеле за дејноста со која се занимаваат овие фирми или тоа намерно било прикривано од нив ? Дали медиумот и новинарите знаеле за евентуалните малверзации во овие фирми или биле измамени и изманипулирани од некого за да застанат во одбрана на нечии финансиски интереси, спротивно на новинарскиот етички кодекс? Зошто медиумот и новинарите, откако беа информирани дека се работи за контрола во фирми што воопшто не се поврзани со медиумот, не отстапија и не им овозможија на службените лица без притисоци да ги извршат задачите. Овие прашања заслужуваат одговор.

КЛЕВЕТА – НОВИНАРИТЕ СЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА СОУЧЕСНИЦИ.

НАРУШУВАЊЕ НА ПРЕЗУМЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ- ФИРМИТЕ КОИ СЕ ПОД ИСТРАГА СЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА ВИНОВНИ БЕЗ СООДВЕТНА ПОСТАПКА.


Веруваме дека сега, откако и „А1″ ги виде снимките за финансиското работење на фирмите што беа сместени во истите простории, ќе даде огромна поддршка на органите на прогонот и ќе инсистира на најригорозни санкции за фирмите поради кои непотребно медиумот беше вовлечен во попречувањето на спроведувањето на законите. Истовремено би сакала да им се заблагодарам на сите медиуми што ни овозможија да ја изнесеме вистината околу акцијата. Околу пристрасното информирање на ТВ „А1″ и обидот да биде изманипулирана јавноста, МВР во наредните денови ќе достави фотодокументации, налози, снимки, вклучувајќи го и ова цеде, до сите меѓународни претставници во земјава, до европските институции, но и до меѓународните асоцијации на новинарите. Исто така, ќе го информираме и Советот за радиодифузија за да превенира ваков тип злоупотреба на моќта на медиумот.

НАРУШУВАЊЕ НА ПРЕЗУМЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ- ФИРМИТЕ КОИ СЕ ПОД ИСТРАГА СЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА ВИНОВНИ БЕЗ СООДВЕТНА ПОСТАПКА.

НАВРЕДА – АКО Е ТОА ШТО ТИЕ ГО КАЖУВААТ ВИСТИНА ТОГАШ ОНА ДРУГОТО Е ЛАГА.

НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ – НЕМА ЕДНА ВИСТИНА, НО ИМА ПРЕКРШИТЕЛИ НА ЗАКОНОТ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПРОГЛАСАТ ЗА ВИНОВНИ ЕДИНСТВЕНО ОД СТРАНА НА НАДЛЕЖЕН СУД ВО СООДВЕТНА ПОСТАПКА. МИНИСТЕРКАТА КАКО И СЕКОЈ ДРУГ ГРАЃАНИН НЕ Е НАД ЗАКОНОТ, А СО ОВА ПОКАЖУВА ДЕКА НЕ ГИ ЗНАЕ ОГРАНИЧУВАЊАТА И ОДГОВОРНОСТИТЕ КОИ ОДАТ РАКА ПОД РАКА СО ОВЛАСТУВАЊАТА КОИ И ГИ ДАВА ПОЗИЦИЈАТА МИНИСТЕР.
Зошто не почувствувавте потреба да одговорите на повикот на новинарите на „А1″ кои во живо ве прозваа да се вклучите во програмата?

Министерството со кое раководам издаде соопштение во кое ги објасни своите активности уште пред да почне собирањето на опозицијата и на членовите на СОРОС во „А1“. За жал, тоа беше целосно игнорирано и продолжи лиферувањето на невистинити информации. Дури имаше обид помошникот за односи со јавноста Иво Котевски да ја објасни ситуацијата во живо во „А1”, но на општа зачуденост на целата јавност, тој беше најгрубо прекинат и исклучен од програмата. Верувам дека ќе се согласите дека ова е спротивно на сите етички кодекси на новинарите и професионалното известување.

КОНТРАДИКЦИЈА – ЗОШТО И КОГА БИЛА ПОВИКАНА ПОЛИЦИЈАТА И КОЈ ГО ИСПРВОЦИРАЛ ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР?
Има ли полицијата сомнежи дека Рамковски работи нелегално, постојат ли сомнежи за евентуално даночно затајување и за каква сума станува збор?

– Утринава полицијата во стан во населбата Чаир пронајде и одзеде неколку компјутери и поголемо количество пари во готовина. Парите се’ уште се пребројуваат, но се претпоставува дека станува збор за стотина илјади евра во разновидни валути и апоени. Се претпоставува дека тие биле изнесувани од просториите на Перо Наков бб во текот на денот, додека инспекторите беа изолирани во определени простории во објектот. Тие според оперативните сознанија биле изнесувани од возачи, но се’ уште се работи на прибирање дополнителни докази по судската наредба што беше обезбедена синоќа. Сите овие сознанија во моментов се документираат и во тек се консултации со Обвинителството, по што ќе следува соодветна пријава за инволвираните.

Е ЗА ОВА СЕ ЛЕТА ОД МИНИСТЕРСКА ФОТЕЉА – ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ОД ИСТРАГА, ЗА ИНСИНУАЦИИ И КЛЕВЕТЕЊЕ, ЗА ПРЕТПОСТАВКИ И НЕОСНОВАНИ ОБВИНЕНИЈА, ЗА ВМЕШУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕН БРОЈ ЛИЦА КАКО МОЖНИ СОУЧЕСНИЦИ, ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ВИНОВНИ НА ЛУЃЕ ПРОТИВ КОИ НЕ Е ПОДИГНАТО НИТУ ОБВИНЕНИЕ.

ОВА Е ЗАБЕГУВАЊЕ ОД НЕДОЗВОЛЛИВИ РАЗМЕРИ.
Од кога датираат тие сомнежи? Ако постојат подолго време, зошто се кокетираше со „А1″ во текот на овие неколку години и порано не се изврши ваква инспекција. Дали вчера дознавте за поврзаноста на Велија со весниците „Време” и „Шпиц”?

– Ќе повторам. Не станува збор за „А1″ ниту за Велија Рамковски. Напротив, станува збор за контрола на фирми што се водат на истата адреса, каде што фигурираат други лица како управители. Целата конструкција ја гледам како неуспешен обид за манипулација на јавноста. Сепак, ако се утврди каква било инволвираност на сопственикот на „А1″ и основани сомненија за сторени кривични дела, тој нема да има поинаков третман од кој било друг граѓанин. Пред законите сите сме еднакви.

КЛЕВЕТА И ИНСИНУАЦИИ
Каква е вашата реакција на тврдењето дека случувањата во „А1″ се реваншизам за пишувањата за имотот на Сашо Мијалков?

– Не знам зошто контрола во фирми што се регистрирани за трговија со прехранбени продукти би била квалификувана како „случување во А1″. Веројатно станува збор за уште една манипулација.

??? – АКО НЕШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗГРАДА НА МЕДИУМ, АКО НОВИНАРИ НЕ МОЖЕ ДА ВЛЕГУВААТ И ИЗЛЕГУВААТ ОД МЕДИУМОТ, АКО ВО МЕДИУМОТ НЕ МОЖЕ ДА СТИГНАТ ПОВИКАНИ ГОСТИ, АКО СЕ ЛЕГИТИМИРААТ НОВИНАРИТЕ АКО ПОСТОИ БЛОКАДА КОН МЕДИУМОТ ТОА ИМА МНОГУ ГОЛЕМА ВРСКА СО МЕДИУМОТ А НЕ СО ФИРМИТЕ ЗА ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ.
Министерке, кој го има главниот збор во министерството, Вие или Мијалков?

– Секој има точно дефинирана улога согласно со Законот за Владата, Законот за внатрешните работи и ние се трудиме што е можно поефикасно да се надополнуваме и да ги извршуваме нашите задолженија.

Leave a comment

Your email address will not be published.