ПРЕДЛОГ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата изгласа предлог листа од седум членови за идната комисија за заштита од дискриминација.

Образложението зошто од 38-те кандидати се избрани баш овие е:

Карактеристично за сите предложени кандидати е тоа дека во текот на својата кариера биле вработени во или од страна на Владата на Република Македонија (освен Ирена Ѓорѓиова која немала време да стане државен службеник бидејќки завршила факултет во 2009 г.) и дека дискриминацијата ќе им биде посебен предизвик бидејќи во својата досегашна работа не се бавеле со материја поврзана со дискриминација.

Што може да дознаеме од биографиите на предложените и сигурно идните членови на Комисијата за заштита од дискриминација:

Душко Миновски

–        службеник во Министерството за труд и социјална политика

–        дипломиран социјален работник

–        со одлично познавање на македонскиот јазик

–        со долгогодишна активна кариера во фудбал

Сулејмани Ризван

–        поранешен министер, заменик министер и уште многу што како дел од ДПА, а сегашен нередовен (според него) професор

–        посебна специјалност НАТО

–        дипломиран електроинжињер кој станал магистер по општетсвени науки

–        со слабо познавање на македонскиот јазик, но одлично познавање на франсцускиот

–        за ова место е посебно значајно дека бил: “председник” на меѓуминистерска работна група за децентрализација, член на Управен одбор на македонски телекомуникации, има сртификат за завршена програма “Фискална децентрализација и локалната власт”

Јован Ананиев

–        Доктор на науки на тема политичка пропаганда

–        работел во Центарот за управување со кризи при Владата на РМ

–        бил ангажиран како доцент за јавна администрација

–        “сфера” на интерес му се човековите права (од малечок)

–        има наведено проекти и објавени трудови од областа на човековите права

Агим Нухиу

–        има висока “куалификација” дипломирал на универзитетот во Тетово во 2001 година (во регистерот на високообразовни институции е заверен во 2004 година)

–        магистрирал во неколку наврати во Приштина и во Тирана

–        како магистер е декан на Правниот факултет во Тетово

–        потпретседател на Управниот одбор на Заводот за заштита на здравјето во Тетово

–        Покрај значајните за оваа област дела поврзани со: трговските марки, штета од моторно возило, правото на земјена службеност и сл. има објавено и книга/студија/зборник? под наслов “Дискриминациа на Република Македонија, во периодот 2009-2010.

Ирена Ѓорѓиова

–        учителка со завршен Педагошки факултет (дипломирала во 2009 година)

–        била на семинар организиран од Музичката академија на Хрватска (во Дубровник)

–        додека студирала била ангажирана како демонстратор по пијано

–        знае англиски јазик

–        како значајна карактеристика со која се опишува себе си е  “послушност кон претпоставените”

–        посебен интерес и е религиозна литература

Ленче Коцевска

–        има правен факултет и правосуден испит

–        работела како правник во МВР и како адвокат, а во моментот е вработена во Министерството за труд и социјална политика

–        нема наведено никакви податоци за користење на други јазици

–        поминала 32 обуки од најразличен тип (меѓу кои и за дискриминација)

–        работела како правен консултант за трговија со луѓе и семејно насилство

–        била обучувач за дискриминација (како вработена во Министерството за труд и социјална политика) – обучувач станала како резултат на големиот број обуки се разбира

–        тврди дека е лојална (само не кажува кому)

Паунова Даниела

–        работи во Собранието на Република Македонија (советник во Комисија за одбрана и безбедност) – што може да се земе како конфликт на интереси при изборот

–        дипломиран правник (најдобар студент за генерацијата 2003-2007)

–        магистрант од деловно право

– и толку, друго ништо нема

Да не беше толку тажно и срамно, ќе беше неверојатно смешно.

82 total views, 1 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.