МАНИПУЛАЦИЈА, НЕЗНЕЊЕ ИЛИ НЕШТО ДРУГО?

Навистина не знам за што станува збор. Дали е обично незнаење, дали е свесна или несвесна манипулација или пак едноставно перење пари кога крајниот продукт е апсолутно неважен. А можеби е едноставно комбинација на трите елементи. А ние седиме, и гледаме, и молчиме како кленови.

Само како пример го издвоив спотот под наслов: Политичарка. Нема да зборувам овде за идиотското сценарио, за малоумната позадина и шунд презентацијата на негуваната и добро стегната плавуша опкружена со мажи-политичари кои и аплаудираат.

Ќе се задржам само на основната порака на спотот: “Читај повеќе“ (од циклусот за читањето, знаењето  и  се останато), а која што е во потполна спротивност со фактичката состојба во Република Македонија.

Според последниот ивештај на Светскиот економски форум, во Република Македонија девојчињата и машките се еднакви во основното и средното образование, а во високото жените ги надминуваат мажите (44 жени наспроти 37 мажи). Меѓутоа, жените во Македонија имаат понизок приход (5,956 за жени наспроти  12,247 за мажи), не добиваат раководни функции (28 жени наспроти 71 мажи) не се избираат за градоначалници (0 жени наспроти 84 мажи) и не стануваат министри (10 за жените наспроти 90 за мажите).

Значи не е до читањето, ни до знаењето, туку до костимчето, или маникирот или…? И тоа нема да се смени со идиотските кампањи на Владата.

Leave a comment

Your email address will not be published.