ИЗБЕРИ ЖИВОТ-АБОРТИРАЈ

Малоумната кампања на власта во која преку недоволни информации, дезинформации и манипулација се ограничува едно од правата за кои жените во светот долги години се бореле - правото на абортус како право на избор, треба да биде предизвикана и оспорена од страна на гинеколозите, педијатрите, интернистите и сите останати од докторската фела кои имаат мадиња (во преносна смисла на зборот) и кои не се обземени со страво-почит кон ВМРО-ДПМНЕ.

Паралелно со “аргументите“ кои се истакнуваат во врска со абортусот треба да се предочат сите опасности од бременоста и раѓањето како:

Најчести кокпликации кои се јавуваат во текот на бременоста се:

Да не зборуваме за царски рез (кога има полна анестазија), за хемороиди, за трајна стерилност, за преплет на црева, за трајни хормонални нарушувања, за хемиски промени, опаѓање на коса, стрии, целулит, инфекции при доење, инфекции при пороѓај (10 мртви во минатата година наспроти ниту една мртва при абортус).

И да не зборуваме за сите проблеми со плодот и новороденчето кои може да резултираат, физички и интелектуални попречености, хронични заболувања, инфекции, деформации и сл.

Ова сето без економската сила која треба да ја има едно семејство за да му пружи на детето соодветен живот, образование и развој на сите негови потенцијали.

И ова сето без раводите, напуштањето на децата, педофилијата, малтретирањето, искористувањето на детскиот труд.

Родителството е одговорност, свест за последиците, знаење. Родителството бара поддршка од валста во планирањето на семејството и во одгледувањето на децата.

Гинеколози, педијатри, педагози, психолози – на вас е редот. Ве нема и тоа не ви служи на чест.

Comments (16)

goran mitevskiJanuary 11th, 2011 at 7:23 pm

Posle opsto namaluvanje na pravata na covekot vo RM, ova ne e nisto cudno.
Totalna devalvacija na gradjaninot, stanuva brojka nisto drugo !!!
Ke ima li spas za narodot makedonski ???

anonimnaJanuary 12th, 2011 at 2:28 am

Vie imate deca gospogjo? Znaete deka dete moze da se odgleduva so se shto imate (kolku i da nemate) 10,15 iljadi mesechno so se babi i dedovci.. So toa shto nema da se kupuvaat novi konduri sekoja sezona. Jas ne sum protiv abortus, ama ne bi mozela da go podnesam psihichki, najverojatno ke poludam ako go napravam toa. Ke jadam zdravo i nema da pijam, toa e mojata odluka, a onie deca koi neznaat shto da pravat , mozda i ke bidat dobri, mladi roditeli. Odsekogash sum im se voodushevuvala na tie koi na moi godini imaat vozrasni deca, so koi odat u disko, gledaat vesti,zboruvaat za filozofija so svoite deca, kako Zarko na primer. Brojka stanuva ovoj pogore ama u minus. A makedonskiot narod samo neka ne podlegnue na partiski pritisoci, i dobar ke si bide. Vie g-gjo ne pochituvate narod, samo snobovi.

DejanJanuary 12th, 2011 at 10:14 am

ШШШШШШШ, може да те чуе, веќе не сме сами!

КорнелиаJanuary 13th, 2011 at 1:44 pm

Колку е недоквакана и опасна кампањата на Владата против абортусот , подеднакво исто, ако не и повеќе е недоквакано и опасно ова што го читам од госпожа Најчевска!!! Но морам да ја поздравам доследноста на именуваната …..

ПОВТОРНО СЕ ОБИДУВА СОВРШЕНО ДА МАНИПУЛИРА!!!

Mirjana NajcevskaJanuary 25th, 2011 at 8:38 pm

Браво за гинеколозите.

ТамараFebruary 2nd, 2011 at 9:49 pm

….

ТамараFebruary 2nd, 2011 at 9:58 pm

МОЖИ ЕДНО ЈАВНО ПРИЗНАНИЕ ??? ми се гади од помислата дека дишам ист воздух со вакви………………
Какво е ова болно име за колумна? Сте се замислиле вие , во некоја пластична кеса, онака, на почетокот на вашето создавање,фрлени во некој смрлив контињер да гниете??? Е ако ви се допаѓа тоа?? Онака, чисто како избор на вашата мајка ?? Абортусот за мене бил и ќе остане не избор ами легално убиство на некој кој не може да се брани .
И како очекувате гинеколозите да ве поддржуваат?? Па тие најдобро знаат како страдаат паровите кои со децении не можат да имаат детенце.. а вие ги отфлате…не како да се дар од Бога ами како клетва…Нека ви прости Бог за зборовите, за мене сте само луѓе кои не заслужуваат ваков благослов… па да видам дали страдањето ќе ви го смени мислењето.

[…] Mirjana Najcevska, human rights expert, reacted [MKD] shortly afterwards: The Government’s feeble-minded campaign to misinform and manipulate the […]

[…] потоа реагираше и проф. Мирјана Најчевска, експерт по човекови права: […]

[…] dopo, la prof.ssa Mirjana NAJCEVSKA, esperta di diritti umani, ha risposto [mk, come gli altri link eccetto ove diversamente indicato]: L’infelice campagna del Governo per […]

СлободанкаSeptember 22nd, 2011 at 2:38 pm

Не сум за абортус, но не ги осудувам оние кои поради склоп на околности се одлучиле за тој чин. Од друга страна немам ама ни најмало разбирање за личности кои го злоупотребуваат абортусот и го користат како алтернатива на заштитата од несакана бременост.
Како експерт за човекови права сигурно сте размислувале и за правата на партнерот, кој во голем број случаи и не знае за постоењето на плодот, а и за правата на самиот плод. Ме интересира вашето мислење?
Исто така би сакала да истакнам дека за правилен раст и развој на детето е потребно многу љубов, а не многу пари. Многу деца растени во поскромни услови, но во хармонија израснале во прекрасни личности. При што се почесто важи и спротивното.

roxySeptember 30th, 2011 at 1:24 pm

слободанка, ај оладете ќе ве молам. Кога ќе земе вака некој да просипа морал оф. Правата на партнерот бре бре. Епа природата одлучила да жената носи плод и се снаоѓа што и како, ако жената одлучила да не го извести партнерот она знае најдобро -зошто и како . Почитувајте го барем тоа право мајку му.
Од друга страна, ако се собере на кантар тоа колку жени кажале дека се бремени, па претрпеле тормозења,притисоци,закани на крај,колку само деца во светов се одраснати без татковци(кои по своја волја одлучиле да фатат џенем) ова прашање останува исклучиво приватен интимен домен.

Киро ВелковскиOctober 1st, 2011 at 10:46 am

Roxy, секое генерализирање е лошо. И таткото има права.

БлагојаDecember 11th, 2011 at 12:55 am

не ги прочитав коментарите погоре, сигурно има некој сличен на мојот но убаво е да се знае дека многу луѓе а мислам дека повеќето се против абортус. А одвратното нешто во текстот ѓто го забележав е тоа дека “авторката“ сака да ни предложи жените да не раѓаат деца оти можи да умрат за време на бременоста или пораѓање.
Прво! Не треба да возиме коли оти постои опасност од несреќи, не треба да одиме пешки оти можи да ни падни клавир на глава како на цртаните филмови, не треба да јадиме оти можи да ни залетни некој залак и да се загушиме и ред други работи кои се природни и дадени за човечкиот живот да се одвива нормално. Така и со раѓањето. Јас сум пораснат во традиционално Македонско семејство каде никој не бил дискриминиран на никој начин а сепак се знаело “кој носи панталони“ и мислам дека воопшто не треба да се напушти таквиот начин на воспитување бидејќи тоа ќе не заштити од појави какви што се абортусот, хомосексуалност, феминизам, шовинизам, или не знам каков не модерен „изам“.

ЛевиDecember 13th, 2011 at 8:11 am

Киро! Да не склучил таткото договор за заедичко вложување?
Да не сака само да го зголемува стадото, па нека пасе кој може и има?

Киро ВелковскиDecember 15th, 2011 at 12:03 am

Леви, да не сака само мајката да го зголемува стадото, или само да ужива во плотните задоволства?

Leave a comment

Your comment