НОВ НАПАД НА КЕЦАРОШИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

Човекот со многу ограничени интелектуални капацитети, големо незнаење но затоа со потполно отсуство на искуство, кој е именуван за министер за образование отворено и безкрупулозно лаже.

Лаже дека спорот меѓу професорите и него е заради тоа што: професорите одбиле да имаат обврска да држат предавања, одбиле да имаат електронски систем на евиденција, како и да имаат обврска да објавуваат научни трудови и да се вработуваат асистенти. И дека: со измените се предлагаат и критериуми за докторските студии, кои треба да  опфатат активна истражувачка работа, меѓународен престој, публикации и учество на собири.

Во што се состои судирот меѓу гореспоменатиот човек и државните универзитети:

Прво и основно, академската јавност бара примена на законите, според кои таа мора да биде вклучена во изработка (менување) на законите и прописите со кои се регулира областа на високото образование.

Второ, да се исфрлат бесмислените промени со кои директно се атакува врз логиката на високообразовната дејност.

Трето, да се воспостави систем во кој државата ќе ги концентрира средствата во развојот на постоечките универзитети, ќе обезбеди материјална поддршка на развојот на науката и ќе се создадат елементарни услови (под ова се мисли на вистина елементарни: како струја, парно, вода) за функционирање на високообразовните институции.

Четврто, да се врати дигнитетот на академската фела и да се врати самостојноста на Универзитетот гарантирана со Уставот на Република Македонија.

Само како пример:

Според предложените измени на Законот за високо образование дадени од Владата:

1. На високообразовните установи кои изведуваат студиски програми од трет циклус на универзитетски – докторски студии, менторот на докторскиот труд треба да има најмалку шест објавени рецензирани научно-истражувачки трудови во меѓународни научни списанија од кои најмалку два во меѓународни списанија со импакт фактор, во дадено поле, во последните пет години и најмалку три учества на меѓународни собири во последните четири години.

КАКО ПРВО, ОВА Е СПРДАЧИНА ОД ОГРОМНИ РАЗМЕРИ АКО СЕ ИМА ПРЕДВИД ФАКТОТ ДЕКА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ГИ УКИНА ФОНДОВИТЕ  СО КОИ СЕ ОВОЗМОЖУВАШЕ УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ДА ДОБИВААТ СТРАНСКИ НАУЧНИ СПИСАНИЈА.

БАРАЊЕТО ЗА ОБЈАВУВАЊЕ ВО СПИСАНИЈА СО ИМПАКТ ФАКТОР Е ИЗМИСЛИЦА ПРОИЗЛЕЗЕНА ОД КАФАНСКИ МУАБЕТ НА КРАЈНО НЕКОМПЕТЕНТНИ ЛУЃЕ КОИ ЧУЛЕ-НЕДОЧУЛЕ, НАУЧИЛЕ-НЕДОУЧИЛЕ. ИМПАКТ ФАКТОРОТ Е БРОЈ СО КОЈ СЕ ОПРЕДЕЛУВА РЕЛАТИВНАТА РЕЛЕВАНТНОСТ НА ОДРЕДЕНО НАУЧНО СПИСАНИЕ. ТОЈ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗЕМЕ КАКО ОСНОВА СПОРЕД КОЈА СЕ ОПРЕДЕЛУВА КВАЛИТЕТОТ НА СПИСАНИЕТО ИЛИ НА ТРУДОВИТЕ КОИ СЕ ПУБЛИКУВАНИ ВО НЕГО.ЗА ОДРЕДЕНИ ОБЛАСТИ НЕМА НИКАКВА МОЖНОСТ ДА СЕ УПОТРЕБИ ЗАРАДИ СПЕЦИФИКАТА НА ТИЕ ОБЛАСТИ.

ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА НАУЧНИ УРЕДНИЦИ СЕ СПРОТИСТАВУВА НА ГЛОРИФИКАЦИЈАТА НА ИМПАКТ ФАКТОРОТ И ПРЕДУПРЕДУВА НА НЕСООДВЕТНОСТА НА НЕГОВАТА УПОТРЕБА КАКО ДОКАЗ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА НАУЧНИТЕ ТРУДОВИ. http://www.ease.org.uk/artman2/uploads/1/EASE_statement_IFs_final.pdf

ГОЛЕМ БРОЈ НАУЧНИЦИ ЈА ОБЈАСНУВААТ И ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ИМПАКТ ФАКТОРОТ, НАЧИНИТЕ НА КОИ ТОЈ ВЕШТАЧКИ СЕ ЗГОЛЕМУВА И МАНИПУЛАЦИИТЕ СО ИСТИОТ.

МЕЃУТОА, НАШИТЕ НЕДОВЕТНИ ПАМПЕРС ЕКСПЕРТИ ОД ВЛАДАТА СМЕТААТ ДЕКА ТОА ТРЕБА ДА БИДЕ ЕДЕН ОД ДВАТА КРИТЕРИУМИ НЕКОЈ ДА МОЖЕ ДА СТАНЕ МЕНТОР.

ВТОРОТ БАРАЊЕ – ПРИСУСТВО НА ТРИ НАУЧНИ КОНФЕРЕНЦИИ Е ДИРЕКТНО ПОВРЗАНО СО ПАРИТЕ КОИ ГИ ИЗДВОЈУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПОДДРШКА НА ВАКВО ПРИСУСТВО. БИДЕЈЌИ ОВАА ПОДДРШКА Е ПОТПОЛНО УКИНАТА, ОСТАНУВА ПРАШАЊЕТО, КАКО ПРОФЕСОРИТЕ ДА СТИГНАТ ДО ТРИТЕ МЕЃУНАРОДНИ КОНФЕРЕНЦИИ.

ИМАМ ВПЕЧАТОК ДЕКА И ОВДЕ ВЛАДАТА (ПО ПРИНЦИПОТ НА СЕКОЈА УСПЕШНА ФАШИСТИЧКА ВЛАСТ) ВО ОБИДОТ ДА ЗАГУШИ И НАЈМАЛА ТРАГА НА СЛОБОДНО РАЗМИСЛУВАЊЕ СОЗДАВА ВПЕЧАТОК НА ОГРОМНИ ПАРИ СО КОИ РАСПОЛАГААТ ПРОФЕСОРИТЕ (НЕШТО СЛИЧНО КАКО И СО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР). НА ТОЈ НАЧИН ГИ ПОНИЖУВА СИТЕ ПРОФЕСОРИ И СОЗДАВА МНЕНИЕ КАЈ ЈАВНОСТА ДЕКА СЕ ТИЕ ОБИЧНИ КРИМИНАЛЦИ КОИ НЕ САКААТ ДА ГИ ТРОШАТ ОГРОМНИТЕ ПАРИ КОИ ГИ ЗАРАБОТУВААТ НА ОДЕЊЕ НА КОНФЕРЕНЦИИ.

ИНАКУ, ПРИСУСТВОТО НА ЕДНА КОНФЕРЕНЦИЈА (МЕЃУНАРОДНА) КОШТА: ОД 1000 ДО 5000 ЕВРА.

2. Меѓународно научно списание во смисла на овој закон е списание кое има меѓународен уредувачки одбор во кој учествуваат најмалку пет земји при што бројот на членови од една земја не може да надминува 40% од вкупниот број на членови и кое се издава најмалку пет години непрекинато и има најмалку десет изданија.

ОВА Е МАЛУМНОСТ КОЈА ШТО НЕМА НИКАКВО РЕЛЕВАНТНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ОБЈАВЕНИОТ ТРУД, А Е НЕВОЗМОЖНО ДА БИДЕ ИСПОЛНЕТА КАЈ ГОЛЕМ ДЕЛ НАУЧНИ ОБЛАСТИ (ПОСЕБНО ОНИЕ ОД ПОНОВ ДАТУМ НА АКТУЕЛИЗИРАЊЕ И ОНИЕ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ПОТЕСНИ НАУЧНИ СФЕРИ).

3. Според предложениот закон четири члена на петочлената комисија треба да бидат од установата која ги организира докторските студии. Во исто време член на комисијата не смее да биде:

роднина по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не со оној кој брани, односно,

Членовите на комисијата меѓусебно не треба да бидат роднини по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или да се брачни другари, вонбрачни другари или роднини по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не.”

ВО ДРЖАВА ОД 2000000 ЖИТЕЛИ ОВА ЗНАЧИ ДЕКА ДЕЦАТА НИКАКО НЕ СМЕАТ ДА ИЗБЕРАТ ПРОФЕСИЈА КОЈА Е ИСТОВЕТНА ИЛИ БЛИСКА НА ПРОФЕСИЈАТА НА БИЛО КОЈ ВО СЕМЕЈСТВОТО. Е ОВА ДРАГИ МОИ ЌЕ ОДИ ПРЕД СУД ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА.

4. Оценката на секој студен ја дава предметниот наставник и некој надворешен член???

Висината на надоместокот за работата на екстерните оценувачи ја определува министерот надлежен за работите на високото образование

ОВОЈ НАДВОРЕШЕН ЧНЕ НЕ МОРА ДА ИМА НАУЧНО ЗВАЊЕ, НИТУ ДА БИДЕ ОД СООДВЕТНАТА ОБЛАСТ НИТУ ДА ИМА ПОЈМА ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР, МЕЃУТОА ОД НЕГО ЌЕ ЗАВИСАТ 25 % ОД ОЦЕНКАТА НА СТУДЕНТОТ. ТОЈ НАДВОРЕШЕН ЧЛЕН СИГУРНО ЗА ТОА ЌЕ ДОБИВА ПАРИ. АКО СЕ ПРЕСМЕТА КОЛКУ ИСПИТИ ИМА ГОДИШНО НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ, МОЖЕ ДА СИ ЗАМИСЛИТЕ КОЛКУ МНОГУ ПРЕКРАСНИ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ВМРО-ДПМНЕ НА ВАКОВ НАЧИН?

5. ВО законот се вели дека: Крајната оценка за наставниот предмет е позитивна доколку студентот добил позитивна оценка и од внатрешниот и од надворешниот оценувач за сите активности кои се оценуваат.

ДАЛИ ОВА ЗНАЧИ ДЕКА НАДВОРЕШНИОТ ОЦЕНУВАЧ ЌЕ БИДЕ ПРИСУТЕН НА СИТЕ АКТИВНОСТИ КОИ ЌЕ ГИ ИМА СТУДЕНТОТ ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА???!!!

6. Во наставно-научното звање на некоја од високообразовните установи не може да биде избрано лице кое има одбрането докторски труд на факултет каде има засновано работен однос во наставно-научно, наставно, односно соработничко звање лице со кое е роднина по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не.

ШТО ЗНАЧИ ТОА ВО ПРЕВОД: ДИСКРИМИНАЦИЈА СПОРЕД НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА.

7. За одржувањето и присуството на настава на наставно-научниот и наставниот кадар, односно одржувањето и присуството на вежби на соработниците, секоја високообразовна установа задолжително води електронска евиденција.

(10) Формата и содржината на електронската евиденција од ставот (9) на овој член ја утврдува министерот надлежен за работите на високото образование.”

ШТО ЗНАЧИ ОВА ВО ПРЕВОД: МИНИСТЕРОТ МОРА ДА ЗНАЕ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ КАДЕ МУ СЕ ПРОФЕСОРИТЕ, ДА НЕ СЕ МУВААТ ПО РАЗНОРАЗНИ СОБИРИ, ЈАВНИ РАСПРАВИ, ЕКСПЕРТСКИ ТЕЛА, ТРКАЛЕЗНИ МАСИ. ТУКУ ДА СИ СЕДАТ ВО КАНЦЕЛАРИЈА. КАКО УМНИ.И ДА МОЛЧАТ. КАКО УМНИ.

ПРОФЕСОРИ И ПРОИФЕСОРКИ, ВНИМАВАЈТЕ, ВАШИТЕ НАЈЛОШИ УЧЕНИЦИ СЕ СЕГА НА ВЛАСТ И ЌЕ ВИ ВРАТАТ ЗА СЕКОЈА НЕПРЕСПАНА НОЌ, ЗА СЕКОЈА ВАША ЗАБЕЛЕШКА, ЗА СЕКОЈА СТРАНА КОЈА МОРАЛЕ ДА ЈА ПРОЧИТААТ, ЗА СЕКОЈА ЗАБАВА КОЈА МОРАЛЕ ДА ЈА ПРОПУШТАТ, ЗА СЕКОЕ ПОНИЖУВАЊЕ КОЕ ГО ИСКРКАЛЕ, ЗА СОПСТВЕНИТЕ ФРУСТРАЦИИ И ЧУВСТВОТО НА ПОНИСКА ВРЕДНОСТ.

ВНИМАВАЈТЕ, ЗАТОА ШТО МПЦ МОЖЕБИ УТРЕ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ПРОМЕНА НА ЧЛЕНОТ 46 ЗА УКИНУВАЊЕ НА АВТОНОМИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ.

ВНИМАВАЈТЕ, ЗАТОА ШТО ЌЕ ПЛАТИТЕ СИТЕ ВИЕ, И ВАШИТЕ ДЕЦА, СЕ ДО СЕДМО КОЛЕНО. СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ СОТРЕ ТОА ПРОКЛЕТО ИНТЕЛЕКТУАЛНО СЕМЕ.

Leave a comment

Your email address will not be published.