ИЛИЈА ДИМОВСКИ – НЕЗНАЕЊЕТО НА ДЕЛО

Луѓето кои се моментално на власт не само што не знаат, туку немаат ни елементарна административна писменост, а да не зборуваме за општата култура.

Во прилог е дописот кој го добив од од Собранието на Република Македонија (да потсетам највисокото законодавно тело во државата) во врска со конкурсот за член на Комисијата за заштита од дискриминација, на кој се пријавив.

Не знам што е овој допис – не постои таков во административната комуникација. Би требало да е известување дека сум одбиена на конкурсот, меѓутоа тоа не го пишува. Не е назначено моето име, така што не знам за кого го наменил дописот потпишаниот Илија Димовски. Ми се враќаат фотокопии, што е апсолутен идиотизам. Нема правна поука.

Овој допис е најјасен показател за состојбата во нашата држава.

Испратен без знаење зошто се испраќа, кому се испраќа и кој е евентуалниот резултат од испраќањето.

Едноставно – децата си играат демократија и држава и правата колачиња од кал и не тераат да ги јадеме како да се вистински.

Leave a comment

Your email address will not be published.