НЕПРАВОТО ОБЛЕЧЕНО ВО ЗАКОН НЕ Е ПРАВО

Бидејки е важно правата на човекот да бидат заштитени со правниот систем за да не биде човекот натеран да се побуни против тиранијата и угнетувањето (Универзална декларација за човекови права)  и бидејки насилството некогаш добива облик на закон (Франсис Бекон), сметам дека треба да се пристапи кон граѓанска непослушност и непочитување на сите закони кои не се донесени во соодветна демократска процедура и кои се очигледно спротивни на правото.

Почитувањето на закони кои ја рушат демократијата и кои промовираат диктатура според мене претставува соучесништво во насилното рушење на уставниот поредок на Република Македонија (член 20 од Уставот на Република Македонија) и ние сите треба да се спротиставиме на тоа.

150-те закони донесени во неправна процедура во 2008 година останаа и се помина со усмено извинување на Вељановски. Овие закони исто така ќе останат. Најверојатно сега и без извинување. Ничие. Закони со кои се легализира неправото и со кои се прокламира диктатурата.

Колку пати треба некој да не излаже за да го разбереме тоа? И што треба да се случи за да разбереме дека мора да се спротиставиме на насилството?

Leave a comment

Your email address will not be published.