ЗА КАЛЕТО, ПОЛИТИКАТА И ИСТОРИЈАТА КОЈА НИ СТАНУВА ДЕНЕШНИНА

На мојот Facebook портал напишав: Една група вандали составена од градоначалник, заменик министар и високи државни функционери, сруши објект кој го градеше друга група вандали составна од премиер, министер и други високи функционери. И стојам зад овие зборови. Вандализмот и насилништвото се промовираат, штитат и изведуваат од страна и со помош на власта.

Зошто?

Се претпоставувало дека на скопското Кале постоеле неколку цркви (изградени во различни периоди). Во јуни 2007 година се откриени првите остатотци кои ја одредуваат локацијата на една од црквите. Прекрасно. Уште едено камче во историскиот мозаик. Црквата била таму и тоа никој не може да го негира. Можеби ги има и уште. Допрва треба да се открие.

Доколку се пристапи кон реставрирање на Калето, нормално е да се очекува постепено да се реставрираат и објектите кои претставуваат дел од историскиот развој поврзан со него. Историјата не може да се менува. Таа се случила во одредено време и на одредено место и тоа е затворена приказна.  Која терба да се раскажува и слушне. Тоа е приказна за развојот, за градењето на денешнината, за грешките, падовите и станувањата.

Некои споменуваат дека во некоја од тие цркви бил прогласен и Душановиот законик (магна карта за овие простори и уште жив извор на правните системи на балканските држави). Јас би сакала да ја слушнам таа приказна. И моите деца и внуци. Исто како што сакам да сушнам за живото на Кемал Ататурк и неговото влијане во демократскиот развој и промените кои се случувале на овие простори.

Наместо тоа, резултатот е вандализам.

Како може црквата изградена пред многу стотици години да стане

политички актуелна? И причина за конфликт и тепачка и меѓуетничка омраза? Многу едноставно.

Кога ќе изградиш систем на владеење кој наместо да биде поставен на столбовите на современата демократија, ќе се потпира на логиката на улични банди, ова е единствениот можен резултат.

Имено, една од главните карактеристики на уличните банди е нивната сличност со глутниците. Прво што прави секоја глутница е обележување на територија. Вообичаено тоа го прави со уринирање. Мирисот на сопствената урина треба да им даде до знаење на сите други дека е тоа веќе запоседната територија во која што секое навлегување ќе се смета за акт на непријателство.

Токму тоа се случува на скопското Кале. Не станува збор за историско наследство, за градење на мозаикот на нашето постоење или за откривање на минатотот. Станува збор за две банди кои го маркираат просторот и одредуваат до каде се границите на движење на секоја од нив. Тоа што водачите на бандите се нарекуваат премиер или министер или градоначалник, воопшто не ја менува суштината.

Едната банда ќе изгради црква, другата џамија. Едната банда ќе постави крст, другата ќе завиори знаме. Едната банда ќе сруши споменици, другата ќе раскопа гробишта…Секоја банда со своите бои и обележја. И се разбира, своја територија.

Крајно време е да ги тргнеме бандите кои ја узурпираат власта и да пробаме да ги поставиме столбовите на демократијата: владеење на право, информирање, јавни дебати, искажување на мислењата, алтернативни решенија, и, се разбира она основното, наместо припадници на банди, граѓани. И доста бре државава наша смрди на полски кенев од премногу обележување територија.

Leave a comment

Your email address will not be published.