ГОСПОД, ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ЕДЕН МНОГУ МАЛ МОЗОК

Ја слушнав веста дека Управата за спречување на перење пари добила кадровско засилување со вработување на четири професионални теолози. Морам да признаам дека во прв момент подлегнав на пропагандистичките мани пулации на А1 телевизија и се згрозив над актот на вработување несоодветен кадар на вака важни работни позиции. Меѓутоа, брзо се совзедов, размислив со своја глава и сфатив дека станува збор за неверојатно обмислено, интелегентно и дури и лукаво кадровски решение со кое се убиваат неколку зајаци, муви или што и да сакате  веќе, со еден удар.

1. не може да има конфликт на интереси бидејки верските заедници заедно со политичките партии не се третираат како субјекти кои може да бидат вклучени во перење пари (како што се на пример здруженијата на граѓани или куќните совети кои се дел од разгранати мрежи на насовремени перални и сушални на пари – види член 5 “субјекти“). тоа зборува во прилог на вработување пред се на теолози и луѓе без образование но со партиски книшки и активен и плоден партиски живот.

2. историјата покажува дека верските лица не може да подлегфнат на корупција, не се лакоми, не посегнуваат по имотот на другите и ги красат сите можни доблести гарантирани од највисоката сила на светот, Бог лично и персонално.

3.  Во современиот сложен и комплициран свет на криминал, само Господ може да ги сфати патиштата на перењето на парите и тоа директно ќе им го соопшти на своите свештеници. Со помош на Господ ќе бидат откриени најкорумпираните невладини организации кои не ги користат парите што ги добиваат од странски донации за поддршка на власта и изградба на минатото на државата.

4. Штом ќе откријат перач на пари може да се применат неколку опробани техники доколку е од
непогодна парија ќе го запалат на клада како што убаво си правела Инквизицијата во светлите денови на нејзиното владеење (ова посебно се однесува на перачите на пари атеисти, хомосексуалци, а богами и на жени за кои се знае дека се бават многу повеќе со маѓија и вештерство од мажите). Доколку станува збор за верник со соодветна партиска книшка, Господ ќе го покаже целото свое милосрдие и откако искрено ќе се покае и ќе се заколни дека веќе нема да прави такви работи (или, ако ги прави ќе ги прави за добра цел)  ќе му дадат опрост.

За тие кои не ја сфаќаат далекусежноста на ова вработување им препорачувам инстант лоботомија и сведување на нивната мозочна маса на размерите на малиот мозок, во кој момент ќе им пукне пред очи и и ќе станат отпорни на сите манипулации кои доаѓаат од невладините медиуми, невладините организации, невладините странци и невладините експерти.

Leave a comment

Your email address will not be published.