БОГОХУЛЕЊЕ

Македонската православна црква ставена во функција на партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ стана дел од профанисувањето на религијата и дезавуирање на духовноста.

Ретрокомунистичките кецароши на ВМРО кои се претставуваат како верници и почитувачи на словото Божје немаат појма за што станува збор во Библијата, што смеат а што не смеат да прават доколку навистина се верници.

Тие секојдневно ја претвораат свтата тајна во тривијалност и го прекршуваат словото на Библијата.

Третата заповед Господова гласи: Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.

Зар има поголемо прекршување на оваа заповед од употребата на името на Господа во политичко-партиски цели? Зар не е срамно и понижувачко свештени лица да прогласуваат за свети места катни гаражи? Зар никој не им кажал дека Господ не е агенција за заштита и надзор?

Кога неверник ќе го употреби погрешно името на Бога тоа не е богохулење. Кога верник (или некој кој се претставува како посветен на верата) ќе го направи тоа, тогаш станува збор за прекршување на заветните правила и тоа е грев. Еден од оние смртните.

Leave a comment

Your email address will not be published.