ТОЈ ШТО ГО КРШИ ЗАКОНОТ КОГА ГО БИРААТ СИГУРНО ЌЕ ГО КРШИ 100 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОТКАКО ЌЕ ГО ИЗБЕРАТ

Во Изборниот законик стои:

Член 74

Од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршувањето на изборите за избор на  градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на Советот на општините и Градот Скопје не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавни фондови.

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ИЗГРАДБА НА ПРИМЕР НА КАТНА ГАРАЖА Е СПРОТИВНО НА ОВОЈ ЗАКОН НЕЗАВИСНО ОД ТОА ДАЛИ СРЕДСТВАТА СЕ ДАВААТ ФОРМАЛНО ОД СРЕДСТВАТА НА ГРАДОТ (ПОСЕБНО КОГА НАПОСТАВУВАЊЕТО НА КАМЕН ТЕМЕЛНИК СЕ ПРИСУТНИ ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ ОД ВЛАСТА)

Според Член 75-а

(1) За време на изборната кампања, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат 15 минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за еден учесник во изборната кампања можат да одвојат најмногу 10 минути.

НАСТАПИТЕ НА ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ ОД ВЛАСТА КОИ СЕ ИСТОВРЕМЕНО И КАНДИДАТИ НА ЛИСТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ МОРА ДА СЕ ЗАСМЕТААТ ВО ОВАА МИНУТАЖА. СЕ ДРУГО Е ЗЛОУПОТРЕБА НА ПОЛОЖБАТА И ПОВЛЕКУВА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ. Кон ова мора да се приклучат и членот 76 и членот 84-а.

За останатите случаи на злоупотреба на должноста и кривичната одговорност во наредните написи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.