НЕ ГО МЕНУВАМ МОЈОТ СТАВ ЗА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Јас имав поинакво мислење тогаш и си го задржав поинаквото мислење денес. Според мене Рамковниот договор беше неопходен меѓутоа во исто време тој претставува и најлошо нешто што можеше да и се случи на државата од аспект на нејзиниот натамошен демократски развој. УТРИНСКИ, 18 септември 2001 РАМКОВЕН  ДОГОВОР Има моменти во кои човек мора да се […]

СЛУЧАЈОТ СО УБИСТВОТО НА МАРТИН НЕ Е РАЗРЕШЕН, А СЛУЧАЈОТ СО ПОСТОЕЊЕТО НА НЕОДГОВОРНОСТ И НЕДОПИРЛИВОСТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ КОИ РАКОВОДАТ СО МВР НЕ Е НИ ПОСТАВЕН НА ДНЕВЕН РЕД

Власта, во обидот да ја заштити својата позиција на неодговорност и недопирливост и во намерата да го одржи системот во кој законите не важат за одреден круг луѓе и во кој непочитувањето на законите не се санкционира, примени и применува неколку стратегии: 1. Врши замена на теза, односно, протестите  насочени кон глобални промени на делувањето […]

ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОЛИТИЧКАТА ОДГОВОРНОСТ НА МИНИСТЕРКАТА ЈАНКУЛОВСКА?

Политичката одговорност на министерката Јанкуловска не е поврзана со тоа дали настанот е политички или не. Овој вид одговорност е поврзан со функцијата министер. Јанкуловска е политички одговорна затоа што е дел од Владата, а Владата и секој нејзин член за својата работа одговараат пред Собранието (чл. 4 од Законот за Владата). Одговарањето пред Собранието […]

СИЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е многу моќна партија. Силата на оваа партија се потпира на четири клучни столба: 1. Потполно негирање на правниот поредок. Во секој момент и во сите сфери на секојдневното живеење партиските претставници ги кршат законите. На пример само во последниот месец се обелоденети: вонзаконско лишување од слобода, обид за прикривање на кривично дело, прекршување […]

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

На денешен ден 13.06.1943 година загина партизанот Кочо Рацин во базата на Лопушник. Кочо Рацин е значајна историска личност на македонскиот народ во периодот меѓу двете светски војни. Работникот Рацин, рано се вклучил во редовите на Комунистичката Партија и целиот живот го посветил на борбата на работничката класа против колонијалното капиталистичко ропство. Со извонредни способност […]