ГРАДЕЊЕ

Што е разликата меќу Република Македонија и една демократска држава кога станува збор за градењето?

Република Македонија

Демократска држава

Се гради она што ќе и се присака на власта и со кое мисли дека ќе ја обележи територијата на сопственото владеење Се прави листа на приоритети кои се важни за доброто живеење на граѓаните и кои обезбедуваат иден развој на државата
Се гради единствено или пред се во главниот град каде што се манифестира и моќта на владеачката структура Се гради низ целата држава со цел да се обезбеди рамномерен развој и да се спречи внатрешна миграција од другите градови кон главниот град
Се гради во моментот кога ќе им се ќеифне на тие кои ги држат дизгините Се прави процена на најдобар момент на инвестирање и капитално вложување зависно од светските процеси и економското позиционирање на државата во нив
Се гради без претходен план со кој би се обезбедило градењето што е можно поналку да влијае на секојдневните активности на граѓаните Се прави план на сукцесивно градење кое во ниту еден момент не го блокира или отежнува животот на граѓаните и се превземаат сите мерки за безбедност на граѓаните (заградени патеки за поминување, мостови преку раскопаните делови, алтернативен сообраќаен ток и сл.)

Leave a comment

Your email address will not be published.