КЕЦАРОШИТЕ ОД ВЛАСТА НЕ ЗАГЛИБУВААТ ВО КАЛ ДО ГРЛО

Доколку е вистинита веста објавена во некои од дневните весници , дека, со промените во законот ќе биде предвидена задолжителна работа за невработените, тогаш, Македонија не само што нема да влезе во ЕУ туку гепек ќе ја исфрлат и од Советот на Европа.

Имено според Европската конвенција за заштита на човековите права (чл. 4):

Забрана на ропство и принудна работа 1. Никој не смее да биде држан во ропство или во ропска зависност. 2. Никој не смее да биде присилен да врши принудна или задолжителна работа. 3. Во смисла на овој член, за «принудна или задолжителна работа» нема да се смета: а. секоја работа која нормално се бара од лицата кои се наоѓаат во затвор под услови

предвидени во член 5 од оваа Конвенција или за време на условниот отпуст; б. секоја служба која има воен карактер или некоја друга служба наместо задолжително

служење на воениот рок, кога се работи за лица кои се повикале на приговор на совеста

во оние земји во кои тоа е предвидено со закон; в. секоја служба која се наложува во случај на опасност или несреќа, што го загрозува

животот и благосостојбата на заедницата; г. секоја работа или служба кои се составен дел на вообичаените граѓански обврски.

Бидејки задолжителната работа врз основа на невработеност не претставува дел 

од ниту еден од наведените исклучоци, тоа ќе значи дека Република Македонија отворено ја крши оваа конвенција.

Leave a comment

Your email address will not be published.