КАКВА ВЛАДА БИРАМЕ

Влада која ветува:

1. Зголемување на економскиот раст и вработеноста, како предуслов эа пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот;

ВО ПРОГРАМАТА НЕМА НОВИ ИДЕИ И НЕ СЕ ПОНУДЕНИ КОНКРЕТНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ РАСТ А НАМАЛУВАЊЕТО НА НЕВРАБОТЕНОСТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ПРАВИ СО БРИШЕЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ОД ЛИСТИТЕ ВО ЗАВОДИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ. НЕМА НИТУ ЕДНА МЕРКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРИКРИЕНАТА НЕВРАБОТЕНОСТ (СТЕЧАЈЦИ, ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК, ЛУЃЕ КОИ НЕ ПРИМИЛЕ ПЛАТА ПОВЕЌЕ ОД 3 МЕСЕЦИ, РАБОТНИЦИ БЕЗ ПЛАТЕНИ ПРИДОНЕСИ, СОЦИЈАЛЦИ, …).  

2. Интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО;

ВО ПРОГРАМАТА НЕМА ПОНУДЕНО НИТУ ЕДНО НОВО РЕШЕНИЕ КОЕ ЌЕ ЈА ИЗВЛЕЧЕ МАКЕДОНИЈА ОД ЌОРСОКАКОТ ВО КОЈ СЕ НАОЃА ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТИНА ГОДИНИ.

3. Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, преку длабоки реформи во судството и јавната администрација;

750 000 ВО ШИШЕ, УРБАНА МАФИЈА, ЗАКОНИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА, ЗАТВОРАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА, ИЗБИРАЊЕ НА УСТАВЕН СУДИЈА КАКО НАГРАДА ЗА ПРЕСУДА ПРОТИВ ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИК, ОТПУШТАЊЕ НА СУДИИ КОИ НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО СУДСКАТА МАФИЈА, НЕПРАВНИ ПРЕСУДИ, НЕЗАКОНСКО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА, ПРИТВОРИ КОИ СЕ ВЛЕЧАТ ВО БЕСКРАЈ, ДИВЕЕЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА, НЕОДГОВОРНОСТ НА ВЛАДАТА, НЕПРАВНО ТРОШЕЊЕ НА ПАРИТЕ, РАСПРОДАЖБА НА ДРЖАВНИОТ ИМОТ (1 ЕВРО ПО КВАДРАТ), ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА НЕПРАВОТО ПРЕКУ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ДИВОГРАДБИ.

4. Одржување на добри меѓуетички односи врэ принципите на меѓусебна толеранција и почитување и спроведување на Охридскиот рамковен договор; и

ОТСУСТВО НА ДИЈАЛОГ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ, ПОТПОЛНА ПОДЕЛБА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ОТСУСТВО НА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ, ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТЕН-ПАРТИСКИ КАДАР ПОД ПЛАШТОТ НА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ, ПРОСТУВАЊЕ НА ЗЛОЧИНИ ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО, …

5. Инвестирање во обраэование, наука и информатичка технологија како елементи на општество баэирано на энаење.

УНИШТУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ, НЕИСКОРИСТУВАЊЕ НА НАУЧНИТЕ КАПАЦИТЕТИ, НАМАЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, ЗАБРАНА ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ СТРУКТУРИ, ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТЕН-ПАРТИСКИ КАДАР, ОТСУСТВО НА ЕЛЕМЕНТАРНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, …

СПРЕМЕН ИЗГОВОР ЗА СЕКОЈ НЕУСПЕХ: ТАКА ПРАВЕА И ДРУГИТЕ.

ДАЛИ ИМА МАЖИ И ЖЕНИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ СПРОТИСТАВАТ НА ИЗМАМАТА?

Leave a comment

Your email address will not be published.