ВМРО-ДПМНЕ ПОДДРЖУВА ПРАКТИКУВАЊЕ НА ЦРНА МАГИЈА

Наспроти декларираната христијанска ориентација, владеачката политичка партија ВМРО-ДПМНЕ (се разбира во соработка со другарчињата од ДУИ) донесле одлука со која се прогласува за културно наследство, се штити и промовира жртвување на животни во верски цели и се заштитуваат, промовираат и поддржуваат “обичаи со елементи на црна магија“ (кои се ставаат под систем на зашита од прв степен).

Исто така се промовираат и магиски постапки поврзани со искажување почит кон природата.

Сето ова и уште повеќе може да се најде на страниците на Хумористичниот весник познат под насловот: Службен весник на Република Македонија. Конкретната епизода е напишана од Владата на Република Македонија и објавена во бр. 101/2011.

Мислам дека ќе мора сите таканаречени православни христијани од ВМРО-ДПМНЕ да отидат на забрзан курс од веронаука и да си ја прочитаат барем еднаш  Библијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.