ГРАДЕЊЕ&КРАДЕЊЕ

Кога и да зборувам со некој следбеник на ликот и делото на Никола Груевски го слушам главниот аргумент во прилог на неговото владеење: овие барем градат. Тргнувајки од фактот дека секоја власт краде и е корумпирана, а колку е помоќна и со помалку контрола тоа повеќе краде и е уште покорумпирана, како можно објаснување на енормниот градежен еруд на владата на ВМРО-ДПМНЕ би го понудила следното:

1. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаст собрано пари од повеќе сопственици на градежни фирми за својата политичка кампања.

2. Во моментот на добивање на власта треба да се испорача ветениот продукт за собраните пари – градежни маркици, нарачки од државата и да се спечалат додатни пари

3. Со парите на граѓаните (нашите пари) се подмируваат направените трошоци на кампањата, се додава огромен профит за донаторите и се става во џеб на властодршците.

Кои се маркери на препознавање на вакви зделки?

1. Станува збор за неприоритетни зафати кои немаат удел во економијата на државата (административни згради, улици во центарот на главниот град, спомен-објекти). Вообичаено се тоа работи за кои градежната фирма веќе има материјали и и е најзгодно да ги сработи.

2. Се преиначуваат урбанистичките планови, не се почитуваат тендерските процедури и се лажира документација заради внесување на саканите играчи

3. Се надминуваат и преиначуваат тендерските понуди со што се овозможува трошење на големи суми пари кои можат да ги задоволат апетитите на вклучените субјекти

4. Државата не ги активира контролните механизми за почитување на работните закони (навремено плаќање на работници, исплата на социјално и здсравствено, соодветни работни услови, соодветна заштита на работа) и со тоа создава можност за уште поголема заработувачка

5. Државата не ги активира финансиските контролни механизми и фирмите вклучени во зделката се заштитени од инспекциски проверки во врска со плаќањето на даноците со што се овозможува перење на пари а пренамената на објектите со цел помало плаќање комуналии станува практика.

Резултат:

1. Недомаќинско трошење на пари на многу непотребни објекти

2. Недостаток на пари за капитални инвестиции кои се во функција на развој на економијата и отворање работни места

3. Нарушени права на работниците (до ниво на умирање на работа)

4. Создавање на цврста врска меѓу урбаната мафија и власта од која политичарите не можат да се ослободат без да ги признаат криминалните дела

5. Финансиско зајакнување на одредени фирми и одредени политичари со што добиваат отскокна даска за натамошно делување

6. Огромна количина на среќни граѓани кои умираат од глад.

Leave a comment

Your email address will not be published.