ЗАКОН ЗА ПАРАМЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

КОГА МИСЛИШ ДЕКА СЕ СИ ВИДЕЛ, НАШАТА ИНВЕНТИВНА ВЛАСТ ЌЕ ИЗВАДИ НЕКОЈА НОВА КАФАНСКА ИДЕЈА И СИТЕ ЌЕ НЕ ИЗНЕНАДИ. ПОСЛЕДЕН ОД РЕДИЦАТА ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ИЗБЛИВИ НА КЕЦАРОШИТЕ ОД ВЛАСТА Е ЗАКОНОТ ЗА МЛАДИ (ВЕЌЕ ВЛЕЗЕН ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА).

НАЈЦИНИЧНО, ВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕТО НА ЗАКОНОТ И ВО САМИОТ ТЕКСТ ВЛАСТА ТВРДИ ДЕКА СО ОВОЈ ЗАКОН ТРЕБА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ УЧЕСТВО НА МЛАДИТЕ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ, ВО ПОДГОТОВКАТА НА ЗАКОНИТЕ И ВО ИСКАЖУВАЊЕТО НА СПЕЦИФИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА МЛАДИТЕ: “Основни цели на Предлог Законот за млади се креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа преку повеќе секторски пристап поаѓајќи од потребите и интересите на младите.“

Наспроти ова тврдење самиот закон е подготвен без учество на младите, не се направени јавни расправи и во него по никаков начин не можело да се промовираат интересите и потребите на младите.

Во Законот се тврди дека една од целите е: “младите доброволно да се здружуваат во младински организации“. Меѓутоа неколку става подоцна се предвидува “доброволното здружување“ да биде направено под диригентска палка на советите на општините, односно, Собранието на Република Македонија: “се предлага формирање на совет на млади, ваквиот совет на млади го формира советот на општината“ и “Како чадор организац е подготвенија над сите млади во Република Македонија која ќе биде формирана од страна на Собранието наРепублика Македонија е Државниот совет за млади“.**

ВАКА ФОРМИРАНИТЕ СОВЕТИ ОД СТРАНА НА ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ ЗАСТАПУВААТ ИНТЕРЕСИТЕ НА МЛАДИТЕ – ЦИНИЧНО ЗАР НЕ?

 ЗА ДА БИДЕ ЦИНИЗМОТ УШТЕ ПОГОЛЕМ, ВО ЗАКОНОТ СЕ ОПРЕДЕЛЕНИ РАБОТИТЕ КОИ МОЖАТ И ТРЕБА ДА ПРЕТСТАВУВААТ ПРИОРИТЕТЕН ИНТЕРЕС ЗА МЛАДИТЕ (ДАДЕНИ ВО ЧЛ. 5 И 8):

“претежна дејност утврдена во статутот на организацијата е унапредување на положбата и статусот на младите, развојот на демократијата, граѓанското општество и човековите права, заштитата од злоупотреба на дрога, сексуално преносливи болести, малолетничка деликвенција, алкохолизам, проституција и трговија со луѓе, унапредување на волонтерството како и друга дејност од јавен интерес определена со овој или друг закон“. АХАХАХАХ. ОД СЕКОГАШ СУМ ЗНАЕЛА ДЕКА ОСНОВНА ЦЕЛ НА МЛАДИТЕ Е ДА СЕ ИЗБОРАТ СО ПРОСТИТУЦИЈАТА. ТРЕБАШЕ ТОА НЕКОЈ И НА ХАРТИЈА ДА ГО СТАВИ.

И УШТЕ ПОВЕЌЕ, ДОКОЛКУ ДОБРОВОЛНО ЗДРУЖЕНИТЕ МЛАДИ ЛУЃЕ НЕ ГИ ОПРЕДЕЛАТ ВО СВОИТЕ СТАТУТИ ОВИЕ ЦЕЛИ ТОА ЌЕ ПРЕТСТАВУВА ПРЕКРШОК И ТИЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ: Глоба во износ  од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на младинската организација и националната младинска организација која врши дејност што не е во согласност со нејзините цели утврдени со членовите 5 и 8 од овој закон.

ПОГОЛЕМА СПРДАЧИНА СО МЛАДИНСКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ И АВАНГАРДНОТО ДЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ НЕ МОЖАМ ДА СИ ЗАМИСЛАМ.

ЦИНИЗМОТ ПРОДОЛЖУВА И ПОНАТАМУ. НАСПРОТИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И ЕДНАКВОСТА ВО СТРУКТУИРАЊЕТО И ДЕЛУВАЊЕТО НА ОВИЕ ПАРАМЛАДИНСКИ СТРУКТУРИ НЕМА ПРЕДВИДЕН НАЧИН ЗА ЕДНАКВА ЗАСТАПЕНОСТ НА ПОЛОВИТЕ, ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ГРУПИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО ИЛИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ МУЛТИКУЛТУРЕН ПРИСТАП. СЕ ЗАВРШУВА СО ИЗЛИТЕНАТА ФРАЗА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ДЕБИЛИ ЗА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ.

ДУРИ И ВО ОВА ПАРАМЛАДИНСКО СТРУКТУИРАЊЕ ВЛАСТА НЕ САКА ДА ОСТАВИ И НАЈМАЛА ШАНСА НЕКОМУ ДА МУ ТЕКНЕ ДА СЕ БУНТУВА, ДА ГИ ОСПОРУВА РЕШЕНИЈАТА НА ПОЛИТИЧКИОТ ЕСТАБЛИШМЕНТ ИЛИ ДА НУДИ АЛТЕРНАТИВИ. ЗАРАДИ ОВА ПОЛОВИНА ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ДРЖАВНИОТ СОВЕТ НА МЛАДИ: “ги предлага Владата на Република Македонија и тоа по еден претставник од:: Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за локална самоуправа, Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за млади и спорт, Секретаријатот за европски прашања, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

КАКО ПРОФЕСОР И ЕДУКАТОР  ГИ ПОВИКУВАМ МЛАДИТЕ ДА СЕ СПРОТИСТАВАТ НА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ОВОЈ И ВАКОВ ЗАКОН.

ЗА ВАКВА РАБОТА ДРАГИ МОИ МЛАДИ СЕ ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА, СЕ БЛОКИРА РАБОТАТА НА ВЛАДАТА И НА СОБРАНИЕТО, СЕ ПОВИКУВААТ НА ОДГОВОРНОСТ БИВШИТЕ И СЕГАШНИ МИНИСТРИ, СЕ СВИКУВААТ НА СРЕДБИ ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ И ИМ СЕ ТРИЈАТ УШИТЕ ДОДЕКА НЕ ИМ ЗАЦРВЕНАТ, СЕ ВИКА И ЦРКА И СЕ СМИСЛУВААТ 1000 АЛТЕРНАТИВНИ НАЧИНИ НА СПРОТИСТАВУВАЊЕ. ВО СПРОТИВНО, АКО ВЕЌЕ НЕ СТЕ КАСТРИРАНИ, СО ОВОЈ И ВАКОВ ЗАКОН ДЕФИНИТИВНО И НЕПОВРАТНО ЌЕ ВЕ СРЕДАТ. 


**

Печатните грешки во цитираните делови од Законот се изворни и показател на нивото на кое се наоѓа нашата кецарошка власт која во собраниска процедура пушта нелекторирани текстови.

 

 

118 total views, 1 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.