КЕЦАРОШИТЕ ОД ВЛАСТА ПОВТОРНО ГО ИЗИГРАА ШУТРАЧКИОТ НАРОД

Во Службениот весник на Република Македонија бр. 111/2011 е објавена одлука на Владата за пренесување на правото на сопственост на движни ствари на градот Скопје. Со оваа одлука купените двокатни и еднокатни автобуси се пренесуваат во сопственост на градот. На 20 страни се испишани иствоетните податоци за секој посебен автобус (што само по себе е смешно бидејки било доволно да се напишат на една страна само броевите на шасиите и типот на моторот како единствени различни нешта за секој од автобусите).

Меѓутоа она посмешното е бројот на патници кој може да се превезува со автобусите. Имено според дадените податоци двокатните автобуси кои се многу поскапи, потешки за одржување и трошат повеже гориво можат да превезуваат помал број патници од еднокатните. Или: двокатниот автобус може да превезе 81 патник, додека еднокатниот 100. Во образложението за купување на двокатните автобуси меѓу другото стоеше и поголемиот број патници кои ќе можат да бидат пренесени.

ЗАКЛУЧОК: НАРОДОТ КУПИ ПОСКАПИ АВТОБУСИ, ПОТЕШКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ, КОИ ПОЛЕСНО СЕ РАСИПУВААТ А СО КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕВЕЗАТ ПОМАЛ БРОЈ ПАТНИЦИ. Па сега кажете и самите, е ли народот шутрачки или не е? Доколку некој мој пријател го направи ова за сопствени пари јас ќе му кажам дека е шутрак од невидени размери. Кога мојот народ ос сопствените пари же го направи истотот тоа, исто ќе му кажам дека е шутрачки народ од невидени размери.

Leave a comment

Your email address will not be published.