ОВОЈ ШУТРАЧКИ НАРОД ВЛАСТА МОЖЕ ЖЕДЕН ДА ГО ПРЕВЕЗЕ ПРЕКУ СЕКОЈА ВОДА

Според ЗАКОНОТ ЗА МЕМОРИЈАЛНИТЕ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈАТА:

 

Член 2

Со подигањето на меморијалните споменици и спомен-обележјата се одбележуваат значајни настани и истакнати личности од историјата и културата на граѓаните на Република Македонија, на македонскиот народ како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, како и историјата и културата воопшто, кои се од исклучително значење за општествениот развој на Република Македонија, со што се придонесува за остварување и унапредување на слободите и правата на граѓаните, како и за афирмацијата, примената и почитувањето на начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.

Член 3

Меморијални споменици, во смисла на овој закон, се поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата, скулптурата, сликарството и применетата уметност со историски и уметнички содржини и вредности што се подигаат затрајно зачувување на споменот на настаните и личностите од членот 2 на овој закон, а кои се од исклучително значење за Република Македонија (во натамошниот текст: меморијален споменик).

Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата.

Член 4

Спомен-обележја, во смисла на овој закон, се бисти, склулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и личности од членот 2 на овој закон или од народната традиција, кои се од локално значење (во натамошниот текст: спомен-обележје).

Ако е ова словото на законот тогаш некој нека ми објасни врз основа на што општината Центар поставува фигури на луѓе од село Смрдеш, на цареви и кралеви кои немаат никаква врска со оваа општина и на животни кои никогаш и со ништо не можат да се поврзат со народната традиција.

Па добро бре луѓе, има ли закон во оваа земја кој кецарошите на власт не го прекршиле, не го згазиле, не го распрачале и не го испоганиле?

Leave a comment

Your email address will not be published.