ВЛАДАТА ГО ПРЕКРШУВА ЗАКОНОТ И ЗА ТОА ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ СИТЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНОВИ

Во Службениот весник на Република Македонија бр. 122/2011е објавено решение на Владата потпишано од Претседателот на Владата Никола Груевски со кое се именува државен секретар во Министерството за надворешни работи – Владо Мисајловски. На интернет се појавува како Владо Мисајловски-Кендо, роден во 1985 година (значи со наполнети 26 години) со завршен факултет за политички науки. […]