ПРОФЕСОРИ ОД СИТЕ ФАКУЛТЕТИ ОСВЕСТЕТЕ СЕ!

Слушнав дека Филозофскиот факултет распишал конкурс за избор на помлади асистенти. Слушнав дека меѓу институтите кои требало да добијат асистент бил и оној за родови студии. Слушнав дека била формирана комисија и дека комисијата предложила кандидат кој ги исполнува сите услови и кој веќе соработувал со Институтот за родови студии. Слушнав дека двете професорки кои напишаа отворено хомофобичен учебник и кои ја изгубија тужбата за навреда поднесена против неистомисленичката која го критикуваше успеале да ги мобилизираат сите мрачни сили на факултетот и да се спротистават на изборот на предложениот кандидат. Слушнав дека биле искажани навреди од најдолен вид. Слушнав дека многу професори си молчеле и не реагирале. И слушнав дека предложениот кандидат не бил избран.

Јас, Проф. д-р Мирјана Најчевска се срамам од моите колеги од Филозофскиот факултет доколку навистина дозволие да се случи нешто такво. И се срамам што работам на Универзитет на кој може да поминат вакви работи. И мислам дека Универзитетот и целокупното високо образование ги зафати вмровскиот синдром.

Или ќе се освестиме и ќе се спротиставиме или еден по еден ќе не проголта мракот.

91 total views, 1 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.