ЧАО ОД МЕНЕ

Ми рекоа дека во се сум се мешала. Ми забележаа дека за се сум лаела. Ми истакнаа дека нема зошто да мислам на другите да си ја гледам својата работа.

И си реков, па ако сакаат зошто да не? Јас имам работа за разлика од 38% од гордите Македонци. Јас имам среден стандард за разлика од 31% од гордите Македонци. Јас не сум дел од оние 28% жени кои земаат помалку пари од мажите.

И ми рекоа дека тоа што им кажале бабите нивни е попаметно од она што го кажал Ајнштајн. И многу се навредија кога ги повикав да се бунат, да прашуваат и да не дозволуваат да бидат лажени.

И си реков зошто да не? И затоа, не сакам никој да ми бара совет и никој да не ми бара правна помош и никој да не ми се жали. Си одам јас на одмор. И не ми е гајле за вашите изедени пари и за упропастената животна околина и за упропастеното образование и за мизерното здравство и за неуката власт и за сите прекршители на законите под заштита на Владата.

Си одам на одмор.

Ве оставам со вашите бумбарчиња и полтрончиња и кутриот човек кој го викаат претседател.

Поздрав.

Leave a comment

Your email address will not be published.