ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НЕКОМПЕТЕНТНО ДА ЈА РАКОВОДИ ДРЖАВАТА

Во врска со оставката на државната  пописна комисија и прекинувањето на пописот на населението 2011 година, на официјалната страна на ВМРО-ДПМНЕ се појави изјава со која се утврдува дека партијата нема друг начин да ги разреши прекршувањата на законот во текот на пописот освен да го поддржи неговото прекинување.

Прво, ваква изјава е соодветна за опозициона партија која повикува на почитување на законите затоа што е надвор од позицијата на власт, а не за партија која ја има апсолутната власт во свои раце и целокупниот механизам за заштита и санкционирање за прекршување на законите.

Второ, доколку владеачката партија не е способна самата да спроведе одредена активност согласно законите и да го казни евентуалното прекршување тогаш како може да очекуваат граѓаните да бидат заштитени од било каков вид на незаконски дејствија од страна на физички и правни лица.

Трето, потрошени се огромни средства кои се платени од даночните обврзници и никој нема намера да превземе одговорност ниту за тоа ниту за неуспешниот попис.

Четврто, ВМРО-ДПМНЕ се обидува вината за сопствената неспособност да владее повторно да ја префрли врз СДСМ, како политичка партија која веќе 6 години не е накормилото на власта.

Петто, со овој вид на реакција, ВМРО-ДПМНЕ јавно изјавува дека не е способна како партија да ја води државата и не е во состојба да ги применува законите на територијата на државата.

Со други зборови, во моментов во државата има безвластие а ние сме го обрале бостанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.