ВМРО-ДПМНЕН (неспособно)

Во неколку наврати ме прашаа: па добро зар нема ништо добро во она што го прави ВМРО-ДПМНЕ? Зар мора само маани да се наоѓаат и ништо добро? Ова многу ме замисли. Јас не сум од тие кои мислат дека работите во животот се црно-бели и не сум склона кон едностраност.

Меѓутоа овде се соочувам со една многу специфична ситуација. Имено, не станува збор за тоа дека политичарите лажат (тоа се очекува од нив). Ниту дека крадат (исто така незаобиколливо). Станува збор за несносно висока концентрација на незнаење, неукост и глупост. Во ваква ситуација дури и добрите работи (гледани во апсолутни параметри) добиваат негативна конотација и стануваат повеќе штетни отколку корисни.

Ќе наведам само неколку примери во функција на објаснување на овој мој заклучок:

  1. Осовременувањето на сообраќајниците во Скопје – не можам да кажам дека е непотребно, дека е неубаво или дека му личи на главниот град.

Меѓутоа:

-          Е на штета на зелените површини со што се загрозува здравјето на луѓето

-          Овозможува побрзо движење на автомобилите што може да биде причина за поголем број повреди на пешаците

-          Не е проследено со паралелно зајакнување на контролата на спроведување на прописите и активирање на сигнализацијата (со што се намалува сигурноста на учесниците во сообраќајот)

-          Не е направено осмислено за да се намалат тесните грла туку продуцира тесни грла (кога се спојува со старите улици)

-          Зафатени се огромни простори за изработка на кружен ток за сметка на стеснување на просторот за проток на автомобили

  1. Градењето на споменици – не можам да кажам дека е сосема неубаво или непотрбно.

Меѓутоа:

-          Направени се со кршење на Законот за меморијални споменици и спомен обележја според кој оп



штините може да градат споменици само за личности и настани непосредно поврзани со таа општина.-          Направено е во толку огромни количини и во толку енормни размери кои градот го претвораат во пазарска тезга наместо во елегантна продавница

-          Пораката која ја испраќаат спомениците е агресивно-воинствена  наместо порака на мултикултура, соживот и градење на иднината

-          Сите заедно го промовираат патријахалниот модел во кој нема место за жената во јавниот живот

  1. Евроскептицизам- не можам да кажам дека не е добро да се има кога и самата го имам изразено.

Меѓутоа:

-          Ова е прашање за кое треба да се отвори расправа, а не да се наметне како став на Владата која не успеала во ветеното (да ја внесе државата во друштвото на ЕУ) па сега се обидува да ни ја продаде теоријата за киселто грозје.

-          Ненавременото отворање на ова прашање (после две децении ангажман во насока на ЕУ) значи рушење на изградените потпорни столбови пред да се изгради куѓата. Во меѓувреме си живееме во баракчето до градилиштето.

-          Евроскептицизмот (вака како што е прикажан) значи пред се одбивање на стандардите на Европа, а не и на друштвото. За мене би било логично да ги достигнеме највисоките цивилизациски вредности и нивната заштита на ниво на развиените демократски држави, а потоа сами да решиме дали сакаме или не да се дружиме во рамките на ЕУ. Со други зборови, да бидеме Норвешка или Швајцарија, а не лисицата која не може да го дофати грозјето и го прогласува за зелено.

  1. Комисијата за заштита од дискриминација – добро што е дадена во закон и што постои.

Меѓутоа:

-          Формирана е со прекршување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (и наместо луѓе кои имаат искуство во областа на човековите права се избрани луѓе кои немаат појма од човекови права). Со тоа е оневозможена вистинската заштита на луѓето кои се диксриминирани.

-          Членовите на комисијата имаат и други работни задолженија, а примаат надоместок (покрај платата) на ниво на професор на Универзитет. Со тоа непотребно се трошат буџетски пари.

-          Не е предвидена стручна служба која ќе ги врши административните работи (заради што не можат да бидат опслужувани странките)

-          Нема информации за нејзината работа и како може да се најде (со што станува недостапна за граѓаните)

Заклучок:

Сето ова потсетува на приказната за селанецот кој ја продавал кравата. Го прашале, зошто продава толку убава и здрава крава на пазар за месо. Зар не дава млеко? Селанецот им рекол дека дава многу големи количини на млеко, меѓутоа во моментот кога ќе се наполни садот за млеко таа клоцнува и го истура.

Така и со нашето ВМРО-ДПМНЕ и кецарошчињата во него. Дури и тогаш кога ќе набодат нешто позитивно, тоа го прават или во погрешно време, или на погрешен начин или пак со погрешна цел.

Резултат: народецот не може аир да види ниту од најполното грне со млеко.

Leave a comment

Your email address will not be published.