ЗА ГОРДАНА, ИЗГУБЕНИОТ КОМПАС И ЕДЕН КУП ЗБУНЕТИ ПРАТЕНИЦИ

Според Уставот на Република Македонија: Собранието на Република Македонија врши политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собраниетo. Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието. Ако Собранието се распушти, по автоматизам се распушта и Владата. Со други зборови, во односот Собрание – Влада, Собранието бара, контролира, регулира, а Владата, слуша, извршува и одговара.

Во ова светло, последниот испад на Гордана Јанкуловска во Собранието на Република Македонија во кој таа отворено навреди пратеник е ситуација која е неприфатлива во систем на парламентарна демократија.

Фактот дека Гордана Јанкуловска си дозволи да ги изговори овие зборови во среде Собрание: “Јас навистина не знам што не му е јасно на Тито Петковски, можеби единствената работа што не му е јасна со оглед на тоа што има прецизен одговор, е како да дојде во центaрот на вниманието во јавноста, бидејќи според анкетите, очигледно е дека неговата партија е невидлива за јавноста и заради тоа тој е должен да одработува туѓа партиска агенда односно онаа на Бранко Црвенковски. Јас нема да коментирам која била неговата мотивација веднаш по неаргументирано дадената изјава на Бранко Црвенсковски во медиумите да се обиде да ја злоупотреби комисијата со која претседава се со една цел за да создазде една атмосфера дека нештро не е во ред.“ и фактот дека ниту еден пратеник не изреагира на ова (а јас би очекувала отворено и бурно негодување од страна на сите, апсолутно сите, пратеници), зборува дека Јанкуловска го изгубила компасот и веќе подолго време не може да го најде, дека Владата исто така не е баш сигурна каде е спомнатиот компас, но она најстрашното е дека пратениците појма немаат ни кои се, ни зошто се ни што претставуваат, а за компасот и да не зборуваме.

Со шутрачко Собрание не е ни чудо што имаме шутрачки народ (а може и обратно) ако повеќе ви е ќеиф.

ОЧАЈНИОТ ПОВИК ЗА ПОМОШ НА МИНИСТЕРКАТА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА

ШТО НИ КАЖА МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СО ДОПИСОТ ИСПРАТЕН КАКО ОДГОВОР НА ПОКАНАТА ЗА ПРИСУСТВО НА ТРИБИНА ПОД НАСЛОВ: Преку граѓански активизам и реформа на МВР до подобро општество

Вашиот допис би сакале да го сфатиме како оградување од досегашните протести (ОВА ЗНАЧИ ДЕКА МИНИСТЕРКАТА НЕ ГО РАЗБИРА ПОСТОЕЊЕТО НА РАЗЛИЧНИ ДЕМОКРАТСКИ СРЕДСТВА КОИ ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ГИ КОРИСТАТ ВО ОСТВАРУВАЊЕТО   ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ВЛАСТА, КОНТРОЛА НА ВЛАСТА И  ИЗРАЗУВАЊЕ НА НЕЗАДОВОЛСТВО ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ВЛАСТА. НАМЕСТО МИНИСТЕРКАТА ДА ГО ПОЗДРАВИ РЕШЕНИЕТО НА МЛАДИТЕ ДА ПРЕМИНАТ ОД СРЕДСТВАТА НА УЛИЧНАТА ДЕМОКРАТИЈА – КОЈА ВООБИЧАЕНО ЗНАЧИ ОГРОМНА НЕДОВЕРБА КОН ВЛАСТА- КОН РАЗГОВОР И ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ, ТАА ГИ КАРА ШТО ПРЕСТАНАЛЕ СО ДЕМОНСТРАЦИИТЕ) и невистинитите обвинувања (ПОНУДЕНИОТ РАЗГОВОР НАМЕСТО МИРНИ ДЕМОНСТРАЦИИ ИЛИ УШТЕ ПОЛОШО ЕВЕНТУАЛНО ПАЛЕЊЕ И РУШЕЊЕ НИКАКО НЕ ЗНАЧИ ОТКАЖУВАЊЕ ОД ОБВИНУВАЊАТА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ДЕМОНСТРАНТИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ВО ДОВОЛНА МЕРА ГО ПОКАЖАЛЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ПРАШАЊЕТО И ВО ДОВОЛНА МЕРА ГО МАНИФЕСТИРАЛЕ НЕСОГЛАСУВАЊЕТО СО ВЛАСТА И И ДАВААТ МОЖНОСТ НА ВЛАСТА – ШТО ГО СМЕТАМ ЗА НАИВНО ИМАЈКИ ГИ ПРЕДВИД КАПАЦИТЕТИТЕ НА АКТУЕЛНАТА ВЛАСТ ИАКО И МНОГУ ДОБЛЕСНО И ЗРЕЛО КАКО АКТ НА МЛАДИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕТСВО- ДА ГИ НАПРАВИ ПОТРЕБНИТЕ ПРОМЕНИ), навреди и клевети (ЗА ОВА НАВИСТИНА ТРЕБА СИТЕ НАШИ ФУНКЦИОНЕРИ ДА ПРОЧИТААТ НЕШТО ОД ОДЛУКИТЕ И СТАВОВИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, НАМЕСТО ДА СЕ ШЕТААТ НИЗ СТРАЗБУРГ, ЗА ДА МОЖАТ ДА ЈА РАЗБЕРАТ РАЗЛИКАТА МЕЃУ ИЗРАЗУВАЊЕ НА РЕВОЛТ КОН ВЛАСТА И КРИВИЧНОТО ДЕЛО НАВРЕДА И КЛЕВЕТА), бидејќи се сомневаме дека некој би сакал да седи на иста маса со „убијци“ или „џелати“ (ОВДЕ НАВИСТИНА МИНИСТЕРКАТА ТРЕБА МАЛКУ ДА ПОГЛЕДНЕ ВО БЛИСКОТО МИНАТО И ДА СЕ ПОТСЕТИ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ОД ОХРИД). Сепак вистинското оградување од омаловажувањата  и неоснованите квалификации би требало да биде во најмала рака во форма на јавно извинување (ОВДЕ Е ВО ПРАВО МИНИСТЕРКАТА, САМО ШТО МАЛКУ ГИ ПОМЕШАЛА РАБОТИТЕ. ДА, ВЛАДАТА И ТАА КАКО МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ МОРА ВО НАЈМАЛА МЕРА ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ПРОПУСТИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ТЕКОТ НА ИСТРАГАТА  И ГАФОВИТЕ ВО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ НА УБИСТВОТО НА МАРТИН НЕШКОВСКИ, А АКО ИМА И НАЈМАЛО РАЗБИРАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО, И ДА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА НА ФУНКЦИЈАТА КОЈА ЈА ВРШИ) и благодарност до сите „тигри“ или „алфи“ кои се жртвуваа во „Планинска бура“(МИНИСТЕРКАТА ИЛИ ПОЈМА НЕМА ШТО ЗБОРУВА ИЛИ НАВИСТИНА СЕ ГОРДЕЕ СО ЕДНА ОД АКЦИИТЕ ВО КОИ ОД ПОВЕЌЕ НЕЗАВИСНИ НАБЉУДУВАЧИ Е УТВРДЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА СИЛА И КОЈА ВО МОМЕНТОВ СЕ НАОЃА ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУРГ: НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, НОВА МАКЕДОНИЈА, УТРИНСКИ, кој(ЗА ГРАМАТИКАТА НЕМА ДА ЗБОРУВАМЕ ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ) беа убиени кај ПМФ (ЗА ШТО ОСТАНАА ДА ВИСАТ ВО ВОЗДУХ МНОГУ КОНТРАВЕРЗИ ПОВРЗАНИ СО ПРИСУСТВОТО НА АЛФИТЕ НА ПРОСТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, СООДВЕТНОСТА НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ ДОКАЗИ И ИЗБЕГНУВАЊЕТО НА ПРЕЖИВЕАНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ДА СЕ ПОЈАВАТ НА РОЧИШТАТАи кои учествуваа во безброј акции за заштита на нашата безбедност.(СО ОВИЕ ЗБОРОВИ ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ОТВОРЕНО ПОСТАВУВА РАВЕНСТВО МЕЃУ ДОБРИТЕ И ЛОШИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ. ПОД ИМЕ НА СИТЕ ОНИЕ КОИ СОВЕСНО И ПРЕДАНО ЈА ВРШАТ СВОЈАТА РАБОТА, КОИ ГИ ПОЧИТУВААТ ПРАВОТО И ПРОЦЕДУРИТЕ И ФУНКЦИОНИРААТ НА НАЧИН КОЈ ОВОЗМОЖУВА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ,  ТАА САКА ДА ГИ ЗАТСКРИЕ, ЗАШТИТИ, ДА ИМ ДАДЕ ИМУНИТЕТ НА СИТЕ КОРУМПИРАНИ, НЕЕДУЦИРАНИ, ОД УЛИЦА ПРИСОБРАНИ И НАСИЛНИ ЛУЃЕ КОИ САМО ЗАРАДИ НОСЕЊЕ НА УНИФОРМАТА ИЛИ ПОСЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНА ЛЕГИТИМАЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ ПОДВЕДАТ ПОД ЗБОРОТ ПОЛИЦАЕЦ).

Министерството за внатреешни работи, го виде јавниот повик на Бранко Црвенковски за мобилизирање на сите невладини организации и „независни“ интелектуалци против демократски изразената воља на граѓаните кои по шести пат на избори својата поддршка ја даваат за опцијата која сметаат дека им нуди подобра иднина. Свесни сме дека безидејноста и катастрофалните резултати зад себе, може да доведат до уште поголем очај, но тоа нам не ни дава право да бидеме дел од ничии сценарија. (СЕКОЕ НЕПРИЈАТНО ПРАШАЊЕ НА КОЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАДЕ ОДГОВОР, СЕКОЈ АРГУМЕНТ ПРОТИВ И СЕКОЈА КРИТИКА МОЖЕ ДА БИДАТ ОТФРЛЕНИ СО НИВНО ПОДВЕДУВАЊЕ ПОД АНТИ-СДСМ РЕТОРИКАТА. ЗАРАДИ ОВА ОВОЈ ДЕЛ ГО СМЕТАМ КАКО ПРАЗЕН И НЕМА ДА ГО КОМЕНТИРАМ.)

Министерството за внатрешни работи ќе остане отворено и ќе продолжи да работи во служба на граѓаните. (ОВА Е ИСТО ТАКА ПРАЗЕН ПРОСТОР БИДЕЈКИ Е СОСТАВЕН ОД ФРАЗИ). Во рамки на определбата за транспарентност и отчетност во работењето, како што знаете, за прв пат организиравме отворен ден на кој сите граѓани можеа да се информираат и да ги изнесат своите сугестии и мислења околу полициското работење. (ОВА ВЕЌЕ ЗАСЛУЖУВА ВНИМАНИЕ ПОРАДИ КОНЦЕНТРАЦИЈАТА НА ГЛУПОСТ. НАМЕСТО ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ДА СЕ МЕРИ ПРЕКУ СЕКОЈДНЕВНАТА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ, ПРЕКУ МОЖНОСТА ГРАЃАНИТЕ ДА КРИТИКУВААТ И ДА НЕГОДУВААТ, ТАА СПОРЕД КУТРАТА ГОРДАНА СЕ ИСЦРПУВА СО ЕДНОДНЕВНО ШОУ ВО КОЕ СТОТИЦИ ГРАЃАНИ ЌЕ ПРОДЕФИЛИРААТ НИЗ ХОДНИЦИТЕ И ЌЕ ИЗРАЗАТ ВООДУШЕВУВАЊЕ ОД НЕЈЗИНАТА ПАМЕТ, УБАВИНА И ХРАБРОСТ). Ви благодариме за вашиот интерес во врска со проектот „Отворен ден“ и сите ваши сугестии и мислења сериозно ќе бидат разгледани (ОВА Е ДОСТОЈНО НА АВТОМАТСКА СЕКРЕТАРКА НА НЕКОЈА ОД СЛУЖБИТЕ КОЈА СЕ ПУШТА ВО МОМЕНТОТ КОГА НЕМА СЛОБОДЕН СЛУЖБЕНИК И ПОВТОРУВА ЕДНА ИСТА ФРАЗА БЕЗ АПСОЛУТНО НИКАКВО ЗНАЧЕЊЕ И РЕЛЕВАНТНОСТ).

СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ВО СЛУЧАЈОВ НЕ СТАНУВА ЗБОР САМО ЗА НЕКОМПЕТЕТНА ЛИЧНОСТ СТАВЕНА НА МНОГУ ВАЖНА ФУНКЦИЈА, ТУКУ МОЖЕБИ И ЗА ЧОВЕК КОЈ НА НЕКОЕ ПОТСВЕСНО НИВО ПОЧНУВА ДА РАЗБИРА КОЛКУ НЕ Е ВО СОСТОЈБА ДА СЕ СПРАВИ СО ЗАДАДЕНИТЕ ЗАДАЧИ И ПРАВИ СЕ ПОГОЛЕМИ И ПОГОЛЕМИ ГРЕШКИ СО ЦЕЛ НЕКОЈ КОНЕЧНО ДА ГО ЗАБЕЛЕЖИ ТОА И ДА ГО ОТСТРАНИ ОД МЕСТОТО КОЕ ГО ДРЖИ.

ЈАС ОВА ПИСМО ГО РАЗБИРАМ КАКО ПОВИК НА ПОМОШ ОД МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДА БИДЕ ПОВИКАНА НА ОДГОВОРНОСТ И РАСТЕРЕТЕНА ОД ОГРОМНОТО БРЕМЕ НА ДОЛЖНОСТА КОЈА НЕМА ПОЈМА КАКО ДА ЈА ИЗВРШУВА. И МИСЛАМ ДЕКА НА ПОВИКОТ ТРЕБА ПОЗИТИВНО ДА СЕ ОДГОВОРИ. ВО СПРОТИВНО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧАТ НОВИ СЛУЧАИ БРОДЕЦ И ПМФ И МАРТИН И УШТЕ МНОГУ ДРУГИ КОИ ВООПШТО И НЕ СТИГНАЛЕ ДО ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА.

ШТО КАЖА ГРУЕВСКИ ВО ИНТЕРВЈУТО ЗА АЛФА ТВ

Никола Груевски е политичар кој нема обичај да излезе на директен мегдан со друг политичар или со неистомисленици, меѓутоа многу лесно и често дава интервјуа(посебно кога се скроени по негова мерка).

До сега ги даваше скоро исклучиво на телевизии и новинари од своето друштво (Наша ТВ, Сител, Канал 5 и сл.) и за мене претставуваше интересен момент неговото појавување на Алфа ТВ. На интернет страната на Алфа ТВ е поставено интервјуто на Груевски со еден од спикерите од информативната програма на оваа телевизија.

По слушањето на интервјуто навистина не знам (и не сакам да претпоставувам) што мака ја натерало Алфа ТВ да ни приреди вакво нешто. Ќе пробам само да ги сумирам пораките кои ни ги испрати Премиерот преку очигледно диригираните прашања и  однапред смислените (но не и осмислени) одговори.

Одговорите се дадени по редоследот на одвивање на самиот разговор.

1

Ни соопшти дека очекува искреност од Грците и искреноста веднаш ќе ја препознае.

Искреност? Во дипломатија? Ако Премиерот навистина верува во тоа што го кажа, тогаш имаме голем проблем. Во дипломатијата се настапува со реципроцитет, со понуди, со закани, со заеднички интерес, со пријатели и непријатели, ама никогаш, никогаш нема место за искреност. Ако го кажал а не го мисли тоа што го кажал, тогаш имаме исто така голем проблем. Од друг вид.

2

Ни соопшти дека во ЕУ не можеме да влеземе заради името.

И водителот на интервјуто и Груевски ја изградија конструкцијата која се базира на препоставката дека единствена пречка за влез на Македонија во ЕУ е името. Доколку оваа претпоставка не е точна тогаш паѓа во вода целата конструкција. Бидејки не оставија простор за двоумење, премиерот од граѓаните побара да му веруваат на збор (или на жими мајка).

3

Ни соопшти дека Македонија има право на слобода на мислата и изразувањето во процесот на пристапување кон ЕУ.

Барањето за исполнување на условите кои ги поставува Брисел за влез на Македонија во ЕУ (да потсетам: влезот го бара Македонија, а не ЕУ) беше  заменето со тезата за слобода на мислењето и изразувањето.

Работата е што, никој не ни го оспорува правото да си веруваме во што сакаме и да си мислиме што сакаме, меѓутоа, не можеме ние да ги толкуваме барањата кои ни се поставуваат. На пример, доколку јас решам да пристапам кон христијанската вероисповед (поконкретно кон православието), јас не можам да се повикувам на сободата на уверување и врз основа на тоа да барам православието да ги прилагоди своите вредности на моите лични видувања, туку, јас ќе се прилагодам на системот кој слободно сум го избрала како посакуван.

Ни соопшти дека евроскептицизмот се појавува заради неправдата која Брисел му ја направи на македонскиот народ.

Ова е повторно градење на кула врз основа на неиспитана (произволна претпоставка). Според Груевски, евроскептицизам се појавува тогаш кога има некоја неправда. Ама тоа е според Груевски, не е истражено, анализирано, испитано и потврдено. А не е ни според Библијата, па не мора априори да му веруваме. Прашањата за евродовербата и евроскептицизмот се многу интересни и важни и заслужуваат внимание и анализа. И двете.

4

Ни соопшти дека Ахмети  најдобро си знае што си мисли и дека на лична средба се ќе се среди.

Доколку Премиерот нема појма што сакал да каже Ахмети со звојата изјава, тогаш имаме голем проблем. Имено, тоа зборува дека или премиерот  околу себе нема аналитичари кои може да ја протолкуваат изјавата на Ахмети и да ја стават во контекстот на актуелните случувања или дека не ја зборува вистината.

И, каква е таа држава во која сите проблеми се решаваат во четири очи. Јас сум слушнала за друг вид на договори кои вообичаено се склучуваат на ваков начи. И меѓу друг вид на партнери.

5

Ни соопшти дека многу се допишува со Еврокомесарот Филе.

Јас навистина би сакала да знам каква е таа лична комуникација која Премиерот ја има со Еврокомесарот Филе, а која излегува надвор од државничката? Дали станува збор за некои лични прашања (жена, деца, кучето, мачето?). Нвистина не би сакала да се мешам во ваков вид лична преписка.

Меѓутоа, преписката која се однесува на државата Македонија никако не може да биде лична.

Зар не би било добро сите писма кои ги спомна Груевски (се разбира освен оние личните за жената, децата, кучето и мачето) да ги видиме и да бидеме во тек со проблемите кои се посочени таму и објаснувањата кои Премиерот ги дава во врска со посочените проблеми? Зошто сите зборуваат само за последново писмо кога ете ги имало повеќе и мене лично ми се многу поинтересни и тематски порелевантни (на пример тие за судството или администрацијата или корупцијата)?

Остана да виси во воздух прашањето: кога веќе знаеме што му кажал Груевски на Филе, зошто не го знаеме и одговорот на тоа писмо?

6

Ни соопшти дека ќе има нов тендер за изградба на делови од патишта и се прават анализи и се контактира за обезбедување финансиска поддршка за коридорот 8.

Премиерот бараше од водителот на интервјуто да го прецизира прашањето дали станува збор за коридорот 8 поврзан со патиштата или оној за железницата. Со ова всушност Премиерот ни објасни дека  од проектот потпишан пред 5 години  (оној проект за железничко, патно и енергетско поврзување на Италија, Албанија, Македонија, Бугарија и Турција наречен коридор 8 ) изгледа отпаднал енергетскиот дел (не сакам да помислам дека Премиерот не знае за него), а од одговорот произлезе дека од големиот проект останал само тендер за изградба на неколку делови од патишта.

Ни соопшти дека буџетските издвојувања за капитални инвестиции се зголемени за над 50%.

Бидејки не разбрав што подразбира Груевски под капитални инвестиции (дали тука влегуваат и споменици, фонтани, игралишта, чешми по селата, или нешто друго?), ниту пак колку тоа претставува во пари, ниту пак колку е реализирано од предвидените пари, во моментов ќе морам да се задоволам со неговата изјава дека и понатаму засилено ќе инвестираме во инвестиции.

7

Ни соопшти дека трговскиот дефицит е многу позитивна работа.

Ова е моментот кога Премиерот се надмина самиот себе и ни објасни дека во моментов имаме многу добар дефицит чие позитивно дејство ќе го почувствуваме во иднина. Не сме ни свесни меѓутоа дефицитот (кој на многу места е дефиниран како галопирачки со оглед на тоа што на пример во мај 2011 според заводот за статистика изнесувал 1.1 милијарди долари) е всушност лукав потез на власт со кој ја обезбедуваат светлата иднина на државата.

8

Ни соопшти дека нема ниту едно прашање кое било поставено во изминатите 100 дена на новото владеење на кое тој лично не одговорил.

Ова ми го потврди сомнежот дека наместо Премиер всушност имаме портпарол или, можеби поарно кажано, имаме управа која се сведува на капацитетот на самиот Премиер.

Ни соопшти дека пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт имало неразјаснети  самоубиства и ја извести јавноста дека во 1997 имало афера со пирамидално штедење наречена ТАТ.

Признавам, не можам да ја протолкувам врската на овие работи со економската состојба на Македонија во 2011 година, меѓутоа, сигурна сум дека постои и дека е суштинска и му благодарам на Премиерот што со нас ги сподели овие најнови откритија на Владата.

Ни соопшти дека е многу загрижен за тоа што се случува со опозицијата.

Груевски изрази отворена и голема загриженост за начинот на делување на опозиционите партии. Тој посебно е загрижен за судбината на СДСМ и способноста на оваа партија да биде достоен противник во политичката борба. Во еден друг свет партиите кои се борат меѓу себе за власт се вообичаено многу среќни кога имаат послаб противник. Во Македонија превладува витешкиот дух кој е навреден од слабоста на својот противник и ќе направи се што е во неговите можности да го зајакне.

Ни соопшти дека многу сочуствува со семејството на Мартин Нешковски.

Премиерот беше многу јасен во изјавата дека неговите чувства не смеат да се мешаат со одговорноста. Имено тој не  чувствува никаква одговорност за постапувањето на МВР во случајот на убиството на Мартин Нешковски и не разбира како може Владата и тој како Премиер да се поврзуваат со постапките на вработени во МВР.

Ни соопшти дека имало луѓе кои се собрале да протестираат (не се знае зошто) но дека тие имале право да протестираат (иако од премиерот не разбравме што точно сакале). И дека имало и луѓе кои не смееле да протестираат (не се знае за што) и да бараат (не се знае што) затоа што  имаат поинаква партиска определба од оние кои се моментално на власт.

Со други зборови, можат да протестираат само луѓе кои немаат политичка/партиска определба, но никој (ни првите, ни вторите) не треба да очекуваат одговр на поставените прашања или реакција на изнесеното несогласување. Или, ако немате попаметна работа, протестирајте колку ви душа сака доколку не сте партиски определени, а во спротивно може да одите на митинзи. Тоа е суштината на демократијата по Груевски.

Ни соопшти дека не чувствува одговорност ниту  за амнестирањето на сторителите на посебно тешки кривични дела против човечноста.

Со други зборови, тој нема никаква врска со ставот на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се пратеници во Собранието и не го одбрува, но го прифаќа нивното толкување на  Законот за амнестија. Е за да поверувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сами и по сопствено уверување гласале за ова толкување не ми се доволни ни три жими мајка.

И повторно, Премиерот не можеше а да не ги покаже своите огромни и искрени чувства и сочуството со семејствата на жртвите и со самите жртви (се разбира оние кои преживеале) од актите на нечовечко постапување во 2001 година.

Огромна благодарност до Алфа ТВ за ова доживување.

 

ПО КОИ ЗАКОНИ РАБОТИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА?

Според министерката за внатрешни работи Македонија е држава во која владее правото. Ова е многу трогателна изјава дадена од министер кој очигледно има многу сериозни проблеми со разбирањето на концептот на правото.

Овде би свртела внимание на два моменти поврзани со горното тврдење.

Прво, тоа е интернет страната на Министерството за внатрешни работи на која се дадени законите врз основа на кои би требало да се остварува владеењето на правото.

Закон за внатрешни работи 
(340 KB), 01.10.2009,
Исправка на законот за внатрешни работи 
(91 KB), 01.10.2009,
Измени и дополнувања на законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ„бр.38/2002) 
(84 KB), 01.10.2009,
Измени и дополнувања на законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ„бр.33/2003) 
(127 KB), 01.10.2009,
Измени и дополнувања на законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ„бр.19/2004) 
(102 KB), 14.09.2007,
Измени и дополнувања на законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ„бр.51/2005)
(77 KB), 14.09.2007,
Закон за дополнување на законот за внатрешни работи 
(102 KB), 08.08.2008,
Измени и дополнувања на колективниот договор 
(215 KB), 14.09.2007,
Правилник за формата на изгледот на службена легитимација и значка и за начинот на издавање на службена легитимација и значка на ОСЛ
(693 KB), 01.10.2009,
Правилник за начинот на чување и заштита на документи, извештаи податоци и други акти во МВР 
(165 KB), 14.09.2007,
Правилник за носењето и времето на траење на униформата на полицијата
(144 KB), 14.09.2007,
Правилник за здравствените и психофизичките способности што треба да ги исполнува лицето кое заснова работен однос 
(247 KB), 14.09.2007,
Правилник за вршење на работите на дирекцијата за безбедност и контраразузнавање
(130 KB), 14.09.2007,
Правилник за времето на траењето на облеката и посебната лична опрема на полицијата
(128 KB), 14.09.2007,
Правилник за начинот на повикување и ангажирање на припадниците на резервниот состав на МВР 
(137 KB), 14.09.2007,
Измени и дополнувања на правилникот за начинот на повикување и ангажирање на припадниците на резервниот состав на МВР 
(214 KB), 14.09.2007,
Правилник за вршење на работите на МВР 
(1627 KB), 14.09.2007,
Правилник за изменување и дополнување на правилникот за вршење на работите на МВР 
(468 KB), 14.09.2007,
Правилник за изменување и дополнување на правилникот за начинот на чување и заштита на документи, извештаии податоци и други акти во МВР 
(74 KB), 14.09.2007,
Правилник за изменување и дополнување на правилникот за начинот на повикување и ангажирање на припадниците на резервниот состав на МВР 
(69 KB), 14.09.2007,
Решение за изменување и дополнување на решението за цените обрасците што се употребуваат во МВР 
(75 KB), 14.09.2007,
Решение за дополнување на решението за цените обрасците што се употребуваат во МВР 
(75 KB), 14.09.2007,
Решение за дополнување на решението за цените обрасците што се употребуваат во МВР 
(71 KB), 14.09.2007,
Спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор на МВР 
(74 KB), 14.09.2007,
Уредба за чиновите, ознаките на чиновите и условите за нивно стекнување за овластените службени лица на МВР 
(236 KB), 14.09.2007,
Уредба за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување 
(153 KB), 01.10.2009,
Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата во МВР 
(332 KB), 14.09.2007,
Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата 
(737 KB), 14.09.2007,
Уредба за изменување и дополнување на уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата во МВР 
(113 KB), 14.09.2007,
Уредба за употреба на средства на присилба и огнено оружје 
(155 KB), 14.09.2007,
Уредба за изменување на уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје 
(71 KB), 14.09.2007,
Упатсво за начинот на постапување на овластените службени лица во МВР со привремено одземени и пронајдени предмети 
(186 KB), 14.09.2007,
Уредба за изменување на уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата во МВР 
(74 KB), 14.09.2007,
Решение за цените на обрасците што ги издава МВР 
(102 KB), 01.10.2009,
Правилник за изменување на правилнико за користење на службени мобилни телефони и на службени претплатнички идентификациони модули во МВР 
(70 KB), 01.10.2009,
Кодекс на полициска етика 
(153 KB), 01.10.2009,
Закон за внатрешни работи (неофицијален пречистен текст)
(305 KB), 06.10.2010,
Правилникот за престанување на важноста на Правилникот за начинот на повикување и ангажирање на припадниците на резервниот состав на МВР
(97 KB), 27.11.2010,

Што е проблемот со оваа интернет страна? Јас би рекла дека е таа многу нагледен пример за проблемот со кој се соочуваме. Таа е показател на огромно незнаење, кое се маскира со буица од празни зборови, и резултира во хаос кој овозможува непречено севладеење на диктаторот. Не треба многу памет за да се види глупоста сублимирана во оваа интернет страна. Имено, тука се измешани важечки и неважечки прописи (со задебелени букви јас ги обележав оние неважечките или оние кои се повикуваат на закони кои веќе не се во сила). Во една кошарка се сместени прописи врз основа на кои треба да се постапува во моментов и прописи кои веќе немаат никакво значење и оние кои одамна требало да бидат заменети со нови, меѓутоа работливата министерка немала време да си ги заврши законските обврски.

Член 165
(преодна одредба член 165 од Законот објавен во “Службен весник на Република Македонија“ бр.92/09)
 (1) Актите за организација и работа и за систематизација на работните места, согласно овој закон,
министерот ќе ги донесе во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
 (2) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеца од денот 
на влегувањето во сила на овој закон.
Член 167
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за внатрешни работи
(„Службен весник на Република Македонија” бр. 19/95, 15/97,
55/97, 38/2002, 33/2003, 19/2004, 51/2005, 84/2008 и 6/2009) и членовите 116, 117 и 118 од Законот за полиција
(“Службен весник на Република Македонија” бр. 114/2006 и 6/2009).

Исто како и со другите работи во работењето на оваа власт, на едно место се натрупани едно чудо работи, меѓу кои има и исправни и бессмислени и сосема погрешни и застарени и потполно во спротивност со правната логика. На таков начин се создава привид на знаење, на нормираност, на транспарентност и на владеење на правото, а се затскрива незнаењето на носителите на власта, хаосот и бесмисолот на активностите кои се спроведуваат. Во исто време се создава можност за забуни и манипулации и дефокусирање на вниманието и отворени лаги кои неукиот народец и уште понеуките новинари немаат шанси да ги препознаат, а ги голтаат со ширум отворени усти.

Нема владеење на правото во услови на хаос и манипулација со правната регулатива. Тоа значи дека министерката Гордана Јанкуловска или не зна е или отворено ја лаже јавноста.

Доаѓаме до второто нешто што сакам да го споделам со вас. Имено, само како пример ќе посочам што значи ова во практика. Ќе се задржам само на еден момент  од судењето за убиството на Мартин Нешковски. Имено на ова судење беше спомнато постоењето на службена тајна која треба да биде адресирана од страна на органот кој ја препознал со цел обвинетиот да биде ослобеден од нејзиното чување.

На прашањето на новинарите што ќе направи во врска со чувањето на службената тајна на која се повикува обвинетиот Игор Спасов, министерката за внатрешни работи ни соопшти дека тие ќе направат се што од нив бара обвинителството и се што е потребно виновниците да бидат казнети.

Кутрета министерка со смешната интернет страна на која се дадени непостоечки законски и подзаконски одредби, не ни знае дека терминот службена тајна не се употребува во актуелните важечки закони.

Значи, ќе повторам, кога министерката Гордана Јанкуловска ни соопштува дека во Македонија владее правот таа нема појма за што зборува или пак најочигледно лаже. Човек се запрашува, за што се друго нема појма или пак ја лаже јавноста министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

ЗА СУДИИКИТЕ, ЗАКОНИТЕ И КРШЕЊЕТО НА ОСНОВНИТЕ ПРОЦЕДУРИ

Присуствував на првиот ден од главниот претрес на судењето поврзано со убиството на Мартин Нешковски. И за момент (ама само за момент) останав без текст од однесувањето на судиите кон еден ваков случај кој беше и се уште е предмет на огромен интерес кај јавноста и кој предизвика повеќемесечни демонстрации низ целата држава.

Не можам а да не помислам дека зад секоја од постапките стои намера случајот да се потцени, затскрие, омаловажи и сведе на размери на, на пример, случај на џепарлак или тепачка во кафеана.

Прв чекор во насока на обезвреднување на случајот беше просторијата во која се одржуваше главниот претрес.  Наместо (имајки го предвид интересот за овој случај, меѓутоа и значењето на еден ваков случај во градењето на довербата кон правосудниот систем на државата и кон органите на прогон) судењето да се одржи во сала која ќе може да обезбеди присуство на заинтересираните и нормално одвивање на процесот тоа започна во најмалата можна судница во која и не е предвидено да заседава судски совет, туку само судија поединец. Во просторијата немаше можност никој да седи

(дури ни семејството на убиеното дете), немаше воздух и не беа обезбедени елементарни услови за заштита на обвинетиот. Со ваквата постапка всушност на многу очигледен начин беше изиграна и одредбата со која судските постапки се јавни. Имено, отсуството на простор во кој таа јавност може да се смести е еднакво како и неисполнување на одредбата.  Судијката (на многу пријателски начин) ни објасни дека нема простор во зградата на судот и затоа судењето мора да се одржи на ваков начин. Меѓутоа, заборави да спомне дека според чл. 296 од ЗКП: Ако во одделни случаи просториите на судската зграда не се погодни за одржување на главниот претрес, претседателот на судот може да определи претресот да се одржи во друга зграда. По 40 макотрпни минути, судењето сепак беше преместено во соодветна сала која на волшебен начин беше пронајдена во зградата на самиот суд.

Судењето продолжи во просторно соодветни услови, меѓутоа со огромен број процедурални пропусти и отворено кршење на Законот за кривична постапка, на кои бев лично сведок. Како граѓанин кој ги почитува законите имам обврска да укажам на сите овие пропусти и кршење на законите, со цел надлежните органи да превземат соодветни мерки.

Заради ова и не можам да одговорам на барњето упатено од судот во неговото официјално соопштение за неизвестување за случајот додека трае постапката.  На официјалната страна на Основниот суд 1 од Скопје е поставено соопштение со следната содржина:

02.11.2011    

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 Поради интерес на јавноста за предметот К.бр.2928/11 во кој обвинет е лицето Игор Спасов, за кривично дело Убиство по чл.123 ст.1 од КЗ на РМ, известуваме дека денес на ден 02.11.2011 година се одржа главен претрес, на кој е распитан обвинетиот, законскиот застапник на оштетениот и еден сведок.

Истовремено известуваме дека од повиканите 5-пет сведоци, четворица од нив не се јавија на судењето.

Оваа прилика ја користиме да им укажеме на медиумите кои го следат ова судење да известуваат професионално, коректно и објективно, по завршување на судските дејствија, а не за време на одвивање на истите.

Ова особено се однесува на пренесување на исказот на обвинетиот во фаза на постапката кога не се сослушани сведоците, што може да влијае на нивните искази, што е спротивно на Законот за кривична постапка.

Главниот претрес по овој предмет продолжува на 07.11, со почеток во 10 часот.

Со почит,

Канцеларија за односи со јавност  

                                                                             при  Основен суд Скопје 1 Скопје

Да почнеме од почетокот:

1. Според член 309 од ЗКП: Главниот претрес тече по редот што е определен во овој закон. Судијката (чие име не го знам) во повеќе наврати го прекрши овој член. Таа се однесуваше многу пријателски и пријатно (на моменти имав впечаток дека се наоѓам во кафеана а не во судница), меѓутоа си имаше сопствена замисла за тоа што е процедура и никако не дозволуваше да биде врамена во тесните пранги на законските одредби.

2. Според чл. 314заседанието започнува со тоа што: Претседателот на советот го отвора заседанието и го објавува предметот на главниот претрес и составот на советот.

Предметот не беше објавен и не го дознавме составот на советот. Таму седеа две жени во тога и една без тога и уште две жени на страна на некои мали столчиња, но никој не ни ги претстави.

3. Беше прочитано дека од поканетите 5 сведоци еден е дојден, 3 не се уредно поканети, а еден побарал да даде телефонска или видео изјава. Судијката не објасни што ќе се случи со неуредно поканетите сведоци (дали ќе бидат уредно поканети, дали ќе се утврди кога ќе бидат викнати и сл., ниту пак обрна внимание на можноста за телефонски распит). Чл. 320 од ЗКП. Очекувам санкции за поканувачите заради неуредното поканување исто како што се предвидени санкции за недоаѓање на сведоците кога се уредно поканети.

4. На судијката ни на крај памет не и падна да ја искористи можноста која ја дава чл. 325 од ЗКП, според кој може да се побара стенографско бележење или снимање на процесот. Ова е можност која е соодветна токму за ваков вид на сложени случаи за кои постои голем интерес на јавноста и можност за различно толкување и за дезинформирање.

5. Според чл. 327 од ЗКП: Записникот мора особено да содржи податоци за тоа кој обвинителен акт е прочитан односно усно изложен на главниот претрес. Читањето на обвинителниот акт се спомнува и во чл. 333 од ЗКП, според кој: (1) Главниот претрес почнува со читање на обвинителниот акт или на приватната тужба.

Јас не слушнав дека било што вакво се читаше. Можеби заради загушливиот воздух. А можеби обвинителниот акт бил ептен краток па сум го пропуштила.

6. Наместо читање на обвинителниот акт судијката го извести обвинетиот дека може да си каже се што сака во врска со делото за кое се терети (??? не знам кое дело). Приказната на обвинетиот не беше прекинувана и судијката во ниту еден момент не ја искористи можноста од чл. 335 од ЗКП според кој:  Кога обвинетиот при испитувањето на главниот претрес ќе отстапи од својот поранешен исказ претседателот на советот ќе му укаже на отстапувањето и ќе го праша зошто сега искажува поинаку, а по потреба ќе го прочита неговиот поранешен исказ или дел од тој исказ. Јас не забележав дека судијката проверува во било што напишано пред неа дали има отстапки во исказот на обвинетиот. Сигурно тоа го правела скришум никој да не забележи.

7. Во текот на својот исказ, обвинетиот покажа спремност да понуди одредени податоци за кои мисли дека имаат суштинско значење за предметот, а кои според него се службена тајна. Терминот службена тајна беше спомнат во неколку наврати од страна на обвинетиот, меѓутоа судијката понуди свој превод и го преименува во државна тајна. Освен ова очигледно лажирање на записникот судијката постапи на начин кој или зборува за нејзино огромно незнаење или пак зборува за обид за свесно избегнување на одредени информации/докази.

Имено, по настојувањето на обвинетиот да ги каже овие податоци судијката направи серија од многу чудни постапки:

1. Не се заинтересира да го расчисти прашањето за тоа дали навистина станува збор за класифицирани информации и за каков вид класифицирани информации станува збор. Имено многу е голема разликата меѓу: државна тајна, строго доверливо, доверливо и интерно (Според Законот за класифицирани информации)  во начинот на постапувањето на судот согласно различните нивоа на заштита.

2. Му соопшти на обвинетиот дека изнесувањето на овие информации (??? не знаеме за какви информации станува збор) е кривично дело и дека тој може да ги каже на сопствен ризик кривично да одговара. Ова во крајна линија може да се перцепира дури и како отворена закана изречена од страна на судот со цел прикривање на одредени информации.

3. Не го спомна чл. 20 од Законот за класифицирани информации според кој: Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка.

4. Ја заборави посебната процедура на исклучување на јавнсота во ваков вид на случаи и можноста да се побара посебен сертификат доколку навистина станува збор за повисоко ниво на класифицирани податоци.

5. Не се заинтересира да го види евентуалниот документ кој според законот ќе ја има соодветната ознака за нивото на класификација.

Јас лично многу се сомневам во капацитетите на овој и ваков судски состав да ја води и соодветно да ја заврши процедурата поврзана со исклучително сложен случај каков што е случајот со убиството на Мартин Нешковски. И немам намера тоа сомневање да го изразам по завршување на процедурата, како што тоа најљубезно го бара од мене судот во своето соопштение до јавноста.

Меѓутоа, она што посебно ме загрижи е нивото на непочитување на процедурите од страна на најформализираната институција во општетсвото. Ова може да значи или незнаење, или небрежност или свесно кршење на законот. Во секој од случаите треба да не загрижи, а кај Републичкиот судски совет да запали црвено светло.