РЕТРОКОМУНИЗМОТ НА ДЕЛО ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ

Министерот Тодоров ни соопшти дека нашол начин како да се справи со докторите и пацинетите кои ја злоупотребуваат институцијата боледување. Ова е ставено дури и на официјалната страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Што загрешил овојпат кутриот Тодоров?

Една од карактеристиките на деформираното разбирање на комунизмот е и примената на драконски казнени мерки кои се  економски неисплатливи меѓутоа сеат страв меѓу граѓаните.

За разлика од ретрокомунизмот основите на современите капиталистички односи кои се обидуваат да балансираат меѓу потребите на капиталот и концептот за човекови права како општоцивилизациско достигнување, ја претставуваат мерки кои имаат економска исплатливост, а во што е можно помала мера зафаќаат во ограничување на правата и слободите на граѓаните.

Затворот е една од најскапите мерки за справување со криминалот. Во повеќе истражувања е утрдена високата неисплатливост на затворањето на граѓаните за државата и восокото чинење на повлекувањето на луѓето од работниот процес воопшто за бизнисот.

Со цел да се избегне ова во современите демокрастки системи се измислуваат најразлични алтернативни методи за избегнување на затворот како казна. Во таа смисла, секаде каде што е можно се стимулираат паричните казни, а се избегнува казната затвор (која се заменува со за општеството покорисни алтернативи). Впрочем оваа насока ја има прифатено и ВМРО-ДПМНЕ кое во својот Манифест има напишано:

3. Ќе се обезбеди поддршка на пробациската служба и ефикасно извршување на алтернативните мерки во согласност со европските и со меѓународните стандарди за човековите права (Р о к : 2 0 1 1 – 2 0 1 3).

Со цел исполнување на оваа заложба, секоја промена на законите која подразбира воведување на затворска казна треба да помине процес на пресметка на економската исплатливост и процес на изнаоѓање други (посоодветни) решенија со кои ќе се избегне затворот како решение.

Во ова светло изјавата на Тодоров значи:

1. дека тој од мал мозок без никакви анализи истресол зелена која понатаму може многу да не кошта

2. дека ни тој, но ни другите членови на ВМРО-ДПМНЕ немаат многу појма што пишува во Манифестот

3. дека ретрокомунизмот зема замав, а инфантилните претставници на власта почнуваат да губат допир со реалноста по сите основи

А да ви кажам тука е и најпростачката логика на светот: како ќе се подобри ситуацијата на фондот?

1. со затворски казни и додатни трошоци за државата?

2. со парични казни и враќање на парите во касата на фондот?

Leave a Reply

Your email address will not be published.