ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ НЕ ЈА ЗБОРУВА ВИСТИНАТА (НЕКОЈ БИ РЕКОЛ ДЕКА ЛАЖЕ)

Коце не знае кои се надлежностите на Градот или пак свесно ја манипулира јавноста:
Според Законот за локална самоуправа:
Член 10

1. Планирање и уредување на просторот
Надлежности, односно работи од јавен интерес од локално значење на градот Скопје се:
– донесување просторен план на градот Скопје;
– донесување генерален урбанистички план на градот Скопје;
– давање мислење за предлогот на деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови  за населените места што ги донесуваат општините во градот Скопје;
– уредување градежно земјиште и
– утврдување стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје.
2. Заштита на животната средина и природата
– заштита, преземање мерки и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачкото зрачење на подрачјето на градот Скопје.

Според Законот за животна средина:

Член 11

Начело на супсидијарност

Општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, во рамките на своите надлежности определени со закон, имаат право и должност на своето подрачје да ги преземаат сите мерки и активности за заштита и за унапредување на животната средина, кои не се во исклучива надлежност на државните органи.

Никаде не вели дека е забранет мониторинг. Дури и нешто повеќе, Градот треба активно да делува во насока на заштита на животната средина. Со сите средства што му стојат на располагање.

Тоа значи дека градоначалникот или многу не знае или многу лаже.

Тоа е истиот оној градоначалник кој ги сече старита дрва низ Скопје. И истиот оној кој овозможува градење на начин кој го запира струењето на воздухот во Скопје. И истиот оној кој овозможува изградба на секој сантиметар од градското земјиште. И истиот оној кој наместо намалување на сообраќајот направи се за да се зголеми сообраќајот во Градот. И тој е дел од владеачката партија која овозможи увоз на автомобили постарри од 15 години.

Јас навистина би сакала да ги видам елаборатите за заштита на животната средина кои треба да бидат изработени во врска со секој објект кој се гради во градот, во врска со секоја промена на урбанистичките планови и секоја промена на просторниот план.

 И би сакала да видам на кој се документ за изградба во Скопје зад кој не стои ваков елаборат е ставен потписот на градоначалникот.

И во секој случај би сакала да слушнам за што тоа се смета одговорен и надлежен градоначалникот. Онака, чисто од љубопитност.

Leave a comment

Your email address will not be published.