МОЕТО МИСЛЕЊЕ ЗА ОДЛУКАТА 85/2010-0-0 НА УСТАВНИОТ СУД

 У.Број: 85/2010-0-0

Дата на Донесување: 24/11/2011

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 3 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992), на седницатa одржана на 24 ноември 2011 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 236 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 30/2009, 149/2009, 16/2010, 50/10, 52/10, 124/2010, 158/2010 и 47/2011)
…

3. Според подносителите на иницијативата …Правото на штрајк, по својата суштина, било ексклузивно и исклучиво право на вработените, а не на синдикатите, да го изразат својот протест против условите за работа или висината на материјалната заработувачка. Недопустлив бил потегот ова неотуѓиво и индивидуално право да се „врзе“ за претходно оствареното колективно право на синдикално организирање, кое сега од 2009, дополнително, било обременето и со долги процедури на регистрација и признавање т.н. репрезентативност на синдикатите од страна на Министерот за труд и социјална политика, по предлог на новоформираната Комисија за утврдување на репрезентативност, според членот 213-а од Законот.

Со други зборови, ако еден работник не сакал да членува во ниту еден синдикат, од било кои причини кои не морал да ги образложува што, патем речено, било негово уставно загарантирано право на избор, бидејќи членството во синдикатот е право, а не обврска.

Аrgumentum a fortiori, согласно нашиот Устав, кој оставил резерва во овој дел, правото на штрајк можело да се ограничи со закон, но само во „вооружените сили, полицијата и органите на управата“ чл. 38, ст. 2 од Уставот на Република Макеоднија. Оттука, преку едно нормативно и телеолошко правно толкување (interpretatio iuris) се доаѓало до следниов, рационален и логички, заклучок: бидејќи Законот за работни односи, по својата правна природа, е „општ закон“ (lex generalis) и се однесува на сите вработени лица, без оглед дали тие работат во јавниот или, пак, во приватниот сектор, евидентно било дека на една ваква рестриктивна одредба не и е местото во овој Закон и истата требало да се укине или поништи.

За крај, подносителите на иницијативата укажуваат на Европска конвенција за човекови права каде според членот 11 став 1, Дополнителениот Протокол бр. ХI, како и судската практика на Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа во Стразбур, синдикалната слобода ја поврзувале со општата слобода на здружувањето. Тоа значело дека работникот има право на слободен избор дали ќе биде или нема да биде член на било кој синдикат, а зачленувањето во синдикалната организација не смеело и не можело да биде дополнителен и неминовен услов (conditio sine qua non) за организирање, подготвување, повикување или учество во штрајк, како легитимен и институционален метод на работничка борба за остварување на постоечките права, или, евентуално за добивање поголеми права од работниот однос.

4.Судот на седница утврди …
Врз основа на анализата на цитираните уставни одредби, на кои се повикуваат подносителите на иницијативата, произлегува дека прашањето поврзано со штрајкот е уредено во членовите 37 и 38 од Уставот, а останатите уставни одредби не се директно поврзани со правото на штрајк.

НЕТОЧНО. ПРАВОТО НА ШТРАЈК Е РЕГУЛИРАНО СО ЧЛЕНОТ 38. ВО ЧЛЕНОТ 37 НЕ СЕ СПОМНУВА НИТУ ДИРЕКТНО НИТУ ИНДИРЕКТНО.

ОД ДРУГА СТРАНА, СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА МУ ПРИПАЃААТ НА ЧОВЕКОТ, А НЕ НА КОЛЕКТИВИТЕТИТЕ (ТОА Е ВПРОЧЕМ И ЕДНА ОД РАЗЛИКИТЕ ОД ПРЕТХОДНИОТ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ).

СПОРЕД ЕВРОПСКАТА СОЦИЈАЛНА ПОВЕЛБА:

4. ПРАВОТО НА РАБОТНИЦИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ НА ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ ВО СЛУЧАЈ НА СУДИРИ НА ИНТЕРЕСИТЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И ПРАВОТО НА ШТРАЈК, СО РЕЗЕРВА НА ОБВРСКИТЕ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ВАЖЕЧКИТЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ.

МОТ (МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ) И ДРУГИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ТЕЛА И ДОКУМЕНТИ КОИ ТИЕ ГИ УСВОЈУВААТ ЈА ПРАВАТ ВРСКАТА МЕЃУ ПРАВОТО НА ШТРАЈК И ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА СОБИРАЊЕТО СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПОГОЛЕМА СИЛА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИЗНЕСУВАЊЕ НА НИВНИТЕ БАРАЊА, А НЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ОГРАНИЧИ ОВА НИВНО ПРАВО.  СО ТАА ЦЕЛ СЕКАДЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА РАБОТНИЦИТЕ И НИВНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, А НЕ САМО ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ ИЛИ ПАК ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НИЗ ОРГАНИЗАЦИИТЕ.

МОТ ПРИФАЌА ДЕКА ОДРЕДЕНИ БАРАЊА МОЖЕ ДА БИДАТ ПОСТАВЕНИ И ОД ДРУГИ ВИДОВИ НА ЗДРУЖУВАЊА (НА ПРИМЕР СТРУКОВИТЕ БАРАЊА).

ПОВЕЛБАТА ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ЕУ Е УШТЕ ПОЈАСНА. ВО ЧЛЕНОТ 28 СЕ ВЕЛИ: ПРАВОТО НА КОЛЕКТИВНО СПОГОДУВАЊЕ И АКЦИЈА (ВКЛУЧУВАЈКИ ГО И ШТРАЈКОТ), ГИ ИМААТ РАБОТНИЦИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ ИЛИ НИВНИТЕ СООДВЕТНИ ОРГАНИЗАЦИИ.

КОЛЕКТИВНИОТ ИНТЕРЕС НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША СО ИНДИВИДУАЛНОТО ПРАВО.

СПОРЕД ЧЛЕНОТ 9 ЕДНАКВОСТА ПРЕД ЗАКОНОТ Е НЕЗАВИСНА ОД ОПШТЕСТВЕНАТА ПОЛОЖБА  НА ЧОВЕКОТ.

СПОРЕД ЧЛЕНОТ 20 СЕ ГАРАНТИРА СЛОБОДАТА НА ЗДРУЖУВАЊЕ А СПОРЕД ЧЛЕН 21 ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПАВО МИРНО ДА СЕ СОБИРААТ.

ЗНАЧИ, ИНДИВИДУИ КОИ ОСТВАРУВААТ ПРАВА, А НЕ КОЛЕКТИВИ. ИНДИВИДУИТЕ МОЖАТ ДА ОСТВАРУВААТ ИНДИВИДУАЛНИ ИЛИ КОЛЕКТИВНИ ПРАВА.

Исто така, од содржината на наведените уставни одредби, произлегува дека правото на штрајк е едно од основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот. Тоа право, како едно од основните економски и социјални права е уставно загарантирано, при што Уставот препушта со закон и со колективен договор да се уреди начинот на остварувањето на ова право, со цел да не се доведе во прашање остварувањето на другите уставно гарантирани слободи и права.

ОВА ВО УСТАВОТ НЕ ГО ПИШУВА. ЗАКОНИТЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ СЕ СПОМНУВААТ ВО ЧЛЕН 32 КАДЕ ШТО СЕ ГАРАНТИРА ПРАВОТО НА РАБОТА И ЗАШТИТАТА ПРИ РАБОТЕЊЕТО. ЧЛЕНОТ СО КОЈ СЕ ГАРАНТИРА ПРАВОТО НА ШТРАЈК Е ИЗДВОЕН И НЕ Е ПОВРЗАН СО СО ЧЛЕНОТ 32 ЗАРАДИ ПОШИРОКАТА ОСНОВА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ИМА ШТРАЈКУВАЊЕТО (МОЖЕ ДА СЕ ШТРАЈКУВА ЗА РАБОТИ КОИ ГО НАДМИНУВААТ ОПУСОТ НА СОЦИЈАЛНИ И РАБОТНИ ПРАВА, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СЕ ИЗВЕДУВА ВО КОНТЕКСТОТ НА РАБОТЕЊЕТО).

Во оваа смисла, не постои пречка со закон да се уреди начинот на остварување на правото на штрајк во конкретните области, водејќи притоа сметка при уредувањето на овие односи да не се доведе во прашање уставната гаранција за остварување на правото на штрајк, но и другите со Уставот гарантирани слободи и права.

ВО СЛУЧАЈОВ НЕ СТАНУВА ЗБОР ДАЛИ ПРАВОТО НА ШТРАЈК ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОН ИЛИ НЕ ТУКУ ДАЛИ СО УРЕДУВАЊЕТО СО ЗАКОН НА НАЧИНОТ НА КОЈ Е УРЕДЕНО СЕ ОГРАНИЧУВА. ОДНОСНО ДАЛИ ЗАКОНОТ Е СПРОТИВЕН ИЛИ НЕ НА УСТАВОТ.

ВО СЛУЧАЈОВ СТАНУВА ЗБОР ЗА НЕГОВО ОГРАНИЧУВАЊЕ, ОДНОСНО, ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК НА ОДРЕДЕН БРОЈ ЛУЃЕ (СИТЕ ОНИЕ КОИ НЕ ЧЛЕНУВААТ ВО СИНДИКАТИТЕ ПОРАДИ СОПСТВЕНО УБЕДУВАЊЕ, ПОРАДИ НЕПОСТОЕЊЕ НА СИНДИКАТИ ВО КОИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ЧЛЕНУВААТ ИЛИ ПОРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО РАБОТАТА НА СИНДИКАТОТ КОЈ Е ПРЕПОЗНАЕН ОД ВЛАСТА КАКО ЛЕГИТИМЕН).

ДОКОЛКУ ОВА СЕ СТАВИ ВО КОНТЕКСТ НА ПРЕТХОДНО НАПРАВЕНОТО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДУХОТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ЧЛЕНОТ 213-а ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ (СО КОЈ РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТА НА СИНДИКАТОТ СЕ УТВРДУВА ОД СТРАНА НА ДРЖАВАТА), СТАНУВА ОЧИГЛЕДНО ОДЗЕМАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК НА ОДРЕДЕН БРОЈ ЛУЃЕ ОД СТРАНА НА ДРЖАВАТА НАДВОР ОД ОГРАНИЧУВАЧКИТЕ ОДРЕДБИ ДАДЕНИ ВО УСТАВОТ.

Во конкретниот случај Судот утврди дека со оспорената одредба не се уредува самото право на штрајк, туку начинот на неговото организирање, остварување преку организационите облици како што се синдикатите, односно здруженијата на повисоко ниво кои со законската одредба имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, во согласност со закон.

НА ОВОЈ НАЧИН УСТАВНИОТ СУД ВСУШНОСТ ГИ КРШИ ОДРЕДБИТЕ 37 И 20 КОИ ПОДРАЗБИРААТ СЛОБОДА, А НЕ ПРИСИЛА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ.

ДУРИ И ВО САМИОТ ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ (ЧЛЕН 185) ЈАСНО СТОИ ДЕКА: НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ СТАВЕН ВО ПОНЕПОВОЛНА ПОЛОЖБА ЗАРАДИ ЧЛЕНУВАЊЕ ИЛИ НЕЧЛЕНУВАЊЕ ВО СИНДИКАТОТ.

СО ОВА СЕ КРШИ И ЧЛЕНОТ 9 ЗА ЕДНАКВОСТА НА ГРАЃАНИТЕ НЕЗАВИСНО ОД ОПШТЕТСВЕНИОТ СТАТУС.

ЕДНАКВОСТА ВО ПРАВАТА НЕЗАВИСНО ОД ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО СИНДИКАТОТ Е ДАДЕНА ВО ЧЛЕН 6 ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Бранко Наумовски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова, Владимир Стојаноски и д-р Зоран Сулејманов
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски

СО ОВА И ВАКВО РЕШЕНИЕ СУДИИТЕ НА УСТАВНИОТ СУД ЈА ОДДАЛЕЧУВААТ МАКЕДОНИЈА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА И МЕЃУНАРОДНАТА РЕГУЛАТИВА НИЗ ЧИЈА ПРИЗМА МОРА ДА СЕ ГЛЕДААТ И ТОЛКУВААТ И ОДРЕДБИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ИМЕНО, РАТИФИКАТИТЕ СОГЛАСНО ЧЛЕНОТ 118 ОД УСТАВОТ МОРА ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ПРЕДВИД.

ВО СЛУЧАЈОВ ДУРИ И НЕ СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ СЕ ЗЕМЕНИ ИЛИ НЕ ПРЕДВИД РАТИФИКАТИТЕ, ТУКУ, ДАЛИ Е РАЗБРАНА НИВНАТА СУШТИНА, ОДНОСНО, БАЗИЧНИОТ СИСТЕМ ОД ВРЕДНОСТИ ВРЗ КОЈ СЕ ЗАСНОВААТ – КОНЦЕПТОТ ЗА  ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published.