ВЛАДА КОНТРА К-15

Јас навистина многу ги жалам луѓето кои се обидуваат да направат сатирично-хумористични емисии во Македонија. Тие се однапред осудени на пропаст. Никој во овој бизнис не може ни да им се приближи на апсурдите кои ги смислува актуелната власт. Едноставно не се во нивна лига.

Последниот допис кој го добив преку институцијата во која работам е само актуелен, а сигурно не и последен, изблив на делузионистичките капацитети на луѓето кои ја тормозат мојата држава:

Vladata na R. Makedonija , imajki ja predvid aktuelnata svetska ekonomska kriza, a so ogled na pretstojnite novogodisni i bozikni praznici, na sednicata odrzana na 23.12. donese zaklucok organite na drzavnata uprava, javnite pretprijatija i javnite zdravstveni ustanovi, fondovite, agenciite, biroata, zavodite, upravite, akcionerskite drustva vo drzavna sopstvenost i site ostanati drzavni institucuii, da NE odrzuvaat proslavi na drzaven trosok i da ne dodeluvaat novogodisni paketcinja so budzetski sredstva. Voedno, Vladata zakluci da ne se isplakaat nagradi na vrabotenite, kako i regresi za godisen odmor. Vladata, istoto go preporacuva i na regulatornite tela, na edinicite na lokalnata samouprava, vklucitelno i na site gradinki, osnovni i sredni ucilista vo Republika Makedonija.

Во услови кога миљони евра се трошат на бесмислени и исклучително грди споменици, кога миљони евра се трошат на изградба на административни згради, кога миљони евра се фрлаат во вода на непродуктивни вработувања Владата повикува на штедење со тоа што надецата нема да им бидат поделени пакетчиња платени од државна каса, а граѓаните ќе бидат осакатени за она малку што го добиваат преку регресите за годишен одмор. Посебно ќе се заштеди доколку на работниците кои покажале исклучителни резултати во работата не им се исплатат награди.

Од друга страна владата се зема за право да поклонува пакетчиња, да дава награди и да “донира“ од парите собрани од граѓаните по свое наоѓање и како своја промоција.

Само шутрачки народ како мојот може да проголта нешто вакво без вода и без лепче.

Среќни да ти се празниците најшутрачки народе на светот. Нам навистина не ни требаат комедијанти. Си ја имаме Владата.

Leave a comment

Your email address will not be published.