ПССССТ. НЕ ВИКАЈТЕ. МОЖЕ ДА ГО РАЗБУДИТЕ НАРОДОТ

Директорката на домот за деца без родители „11 Октомври“, Ристенка Атанасова, ни соопшти дека народот не треба да се вознемирува. Во новогодишното обраќање пред своите штитеници (деца на возраст од 4 години па нагоре) и пред нејзиниот очигледно мил п   ремиер Никола Груевски, таа не информираше: „Треба малку да се опаметат – сега јас малку […]

ЗОШТО НА ПРОТЕСТИ ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗАТ И ПРИПАДНИЦИТЕ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА?

Затоа што единствено во демократска држава во која владее правото може да бидат остварени и заштитени правата на помалубројните заедници. Затоа што малцинските права се човекови права и не може во држава во која се повредуваат човековите права да очекуваме почитување на малцинските. Затоа што во отсуство на демократија и владеење на правото односите меѓу […]

МОЈОТ КУТАР УПЛАШЕН НАРОД

Во наградениот портал за најдобро пренесување на пораките на Груевски, пардон, за најдобро информирање оваа година, “Курир“, прочитав: “Пред новогодишните и божиќните празници, граѓаните сакаат мир, спокој и среќа, а не мала група протестанти кои не знаат за што протестираат“. И знаете што е најстрашното, има право. Граѓаните на Македонија ќе собираат отпадоци од кантите […]

ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ

Услови за примена: Кога граѓаните сметаат дека власта не работи во нивни интерес (на пр. гради споменици, купува палми и рингишпили, наместо да вложува во изградба/обнова на економски исплатливи структури), немаат влијание на она што се донесува како решение од страна на власта (на пр. промени на урбанистички планови без широка расправа, донесување буџет без […]

ОВАА ВЛАСТ ТРЕБА ДА БИДЕ СРУШЕНА КАКО ШТО КАРТАГЕНА БИЛА РАЗРУШЕНА – бидејќи е потребно да се заштитат човековите права преку владеењето на правото, за човекот да не биде присилен да се дигне на бунт како последно средство против тиранијата и потчинувањето

Еден анонимен лик на мојот блог ми напишал: “zoshto dezinformacii , zoshto lagi? spored delovnikot na sobranieto beshe se napraveno, pred da pishuvate tendenciozni tekstovi, bi trebalo malku da se informirate“. Навистина не сум сигурна дали воопшто треба да пишувам, да објаснувам и да се надевам дека било која од информациите кои ги давам може воопшто […]