НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ИСМЕЈУВАЊЕ, ПАРДОН, УСВОЈУВАЊЕ НА ПРАВТОТО НА ЕУ

На 16 декември Владата на Република Македонија ја усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2012 година.

Документот има над 500 страници и заслужува да биде прочитан и анализиран.

Во моментов (заради недостаток од време и живци) јас ќе се задржам само на неколку бисери ко ми паднаа во очи при површно прелистување на програмата:

1. Мене навистина ме интересира за кој тоа приорите е направена јавна расправа и кои тоа закони се донесени со консензус.

2. Многу ме интересира, кому тоа ќе му поднесуваат извештај судиите и ЈО? На Владата или? Бидејќи е ова програма на Владата таа може да одредува единствено известување до неа. Дали тоа значи дека Владата им наредува на судиите и на ЈО да ја известуваат? Дали тоа значи дека Владата ќе постапува врз основа на тие извештаи? Каде е тогаш издвоеноста од извршната власт и од влијанието на Владата?

3. Ова посебно ме бендиса. МВР ќе пружа информации за човековите права и ќе ги обучува Народниот правобранител и невладините организации за тоа што се човекови права. Никаде не се спомнува одговорност, надворешна контрола или не дај боже потреба од нивна обука.

4.  Родовата еднаквост е сместена во социјалните и економски права. На тој начин е испратена порака дека не се перцепира дискриминација врз основа на пол во контекстот на граѓанските и политичките права. Во делот за социјални и економски права, од крајно непознати причини, е сместена и дискриминацијата и Комисијата за заштита од дискриминација.

5. Според тврдењата на Владата:

Јас не можам да ја најдам. А вие?

Целокупната проблематика поврзана со дискриминацијата е ставена под точката 3.19 – социјална политика и вработување. Дали тоа заради претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација кој е вработен во Министерството за труд и социјална политика или едноставно заради незнаењето или затоа што никој немал време да го прочита Уставот и да провери каде се наоѓа недискриминаторската одредба?

6. Под наслов: Тековна состојба на социјалниот дијалог се дадени семинарите, обуките, студиските посети, конференциите и шетањето на сите владини структури. Програмата предвидува продолжување на активностите во оваа насока.

7. Ако продолжиме со ова темпо може да постигнеме невиден напредок и во наредната година да имаме само 31% невработеност што ќе не направи единствена и уникатна држава која бара членство во ЕУ со вакво ниво на невработеност.

8. Копи-пејстот е многу тажна работа, па низ текстот човек малку губи претстава дали станува збор за извештај, за програма и за која година се програмира:

9. Ова дефинитивно не знам како да го разберам:

Тоа Владата мисли дека е ова нејзин придонес? Или позитивен аспект. Или доказ за почитувањето на човековите права?

10. Континуираното претставување и промоција на Комисијата се состои од два настапи на претседателот на Комисијата пред медиумите и промотивен материјал кој може да се најде само на интернет страната на Комисијата.

11.

Ахахаха. Ова е најдобро. Бидејки одбија декриминализација на клеветата можат повтроно да го стават во програмските активности. Ау. Ова е навистина бисер од поголема вредност.

12. 

Ова е уште еден од подобрите бисери. Ова во власта го замислуваат под надлежноста на Комисијата да формира база на податоци поврзана со дискриминација.

13. Со измените на Законот за научно-истражувачка дејност ќе се формираат центри за извонредност. Претпоставувам дека овие центри ќе работат на утврдувањето на новата раса – Гоцева, на нашето величенствено античко минато и на библиските врски директно со најгорниот.

Ова се навистина само мал дел од бисерите. Секој може да си најде забава читајки ја Програмата и да си открие свои сопствени бисери поврзани со конкретни области.

А дека е смешно, смешно е.

 

Leave a comment

Your comment