И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ГИ УБИВААТ ЗАР НЕ?

На 27.12.2012 актуелниот Борд на Хелсиншкиот комитет во соработка со извршниот директор Гордана Несторовска го уби Хелсиншкиот комитет на Република Македонија.

Организацијата со истоветно име која што продолжува да постои во регистерот на здруженија на граѓани на Република Македонија нема никаква врска со организацијата основана во 1994 година (чиј основач меѓу другите бев јас) и со организацијата која ја оставив во 2006 година (кога го напуштив местото претседател на Комитетот).

Со ова изјавувам дека не сакам моето име да биде доведувано во никаква врска со постоењето и актуелното делување на организацијата која го носи ова име. Секое поврзување на моето име со оваа организација ќе го сметам за клевета и навреда.

И коњите ги убиваат зар не? Дури и оние најубавите.

Leave a comment

Your email address will not be published.