Јас го одбележувам 8 Март

Најновата ѕвезда на дискриминаторското небо е структурната дискриминација. Таа е затскриена зад традицијата, облечена во религија и презентирана во општетсвено прифатливо однесување.

Дискриминацијата на жената во современи услови е пред се структурна и најчесто поминува незабележано и сама себе се храни и репродуцира.

Жената во Македонија има 28% помалку примања од мажите, во над 75% од случаите при развод на брак е определена за старател на децата, 100% е поврзана со грижата за хоспитализираното дете, во најголем број од случаите ги врши домашните работи, многу малку се бави со спорт, доминантна жртва е на семејното насилство, не е избрана за градоначалник во ниту една од 85-те општини, многу малку е раководител (дури и на Универзитетите). Жената во Македонија се стимулира да раѓа, но не и да се побуни против подредената положба во која ја ставаат традицијата, религијата и општетсвено прифатливото однесување (http://ec.europa.eu/justice/gender-equality/document/index_en.htm#h2-9)

Жената во Македонија го прославува 8 Март, наместо да го одбележува и наместо да го искористи барем еднаш да покаже дека не се согласува со улогата која и се дава.

Јас не го прославувам 8 Март – денот на жената/мајката, меѓутоа, се приклучувам кон одбележувањето на 8 Март, денот кога жените организирано застанале во одбрана на својата рамноправност со мажите, на своите човекови права и достоинство и кога излегле на улица да бидат видени и препознаени (http://www.un.org/en/events/womensday/history.shtml)

Заедно низ целиот свет.

 

 

Leave a comment

Your comment