ТЕКСТОТ НА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДРАГАН ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС

Пријавата ќе биде испратена до Јавниот Обвинител во Понеделник, меѓутоа тој слободно може да делува и врз основа на напишаното согласно законите и своите надлежности.

Бр. ______________

До: Основното јавно обвинителсто

 Скопје – Република Македонија

Подносител:  ____________,

Скопје, ул. „___________“ бр. _____

ЕМБГ ________________

Тужен: г. Драган Павловиќ, новинар и

главен и одговорен уредник

во дневниот весник “Вечер“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА

 против г. Драган Павловиќ Латас, новинар и главен и одговорен уредник во дневниот весник “Вечер“

Именуваниот, во својство на новинар и главен и одговорен уредник во дневниот весник “Вечер“, преку написот под наслов „Малколм Икс“ објавен во дневниот весник “Вечер“ на 12 март 2012 година, шири национална омраза и поттикнува на насилство. Со тоа го сторил кривичното дело “Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ предвидено во член 319 од Кривичниот законик.

Од таа причина, подносителот поднесувајќи ја оваа кривична пријава, бара Јавното обвинителство да ја испита оваа кривична пријава, да ја констатира фактичката состојба и да поведе кривична постапка против г. Драган Павловиќ.

 О б р а з л о ж е н и е

 Г. Драган Павловиќ Латас, (натаму: Латас) во посочениот напис, кој го има потпишано како Драган П. Латас, го сторил кривичното дело “Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ предвидено во член 319 од Кривичниот законик изнесувајќи главно неосновани тврдења по неколку линии:

1) Линија на противомраза. – Латас ги повикува Македонците наводно да им одговорат со омраза на Албанците, затоа што тие, Албанците ги мразат Македонците.

Во написот се вели: „…Со децении, генерации се одгледувани на гнев и омраза кон секого наоколу: кон Срби, кон Македонци, Роми, кон Грци, ТурциОдговорите за ова се кај албанските политички лидери. Тешко им е да признаат одговорност за уништување на сопствената нација. Крив им е друг.
Тешко им е да одговорат затоа што, со децении, поттикнуваа насилства, гнев и омраза кај своите – врз која тие градеа територии, кариери, богатства. И сето тоа остана во посед кај мала албанска елита. Неказнето. Гневот, насилствата и омразата им ја оставија на нивните жртви. Нивните жртви, генерации млади луѓе, во меѓувреме, пораснаа. (…
Генерации кои не се мотивирани на работа и школо, туку на гнев и тепање, како влог за сопствената моќ и иднина…) Немаат школо, изолирани се во општеството, не знаат да работат, немаат веќе против кого да пукаат, и за што да тепаат… И тераат по старо. По инерција. Во мирно време стануваат средновековни ликови, надвор од времето…. Имаат ли албанските политичари решение за толку многу омраза што, со децении, ја собираа кон себе од сите на Балканот.“

Произлегува јасен заклучок: сосема е исправно да се одговори со омраза кон некој што те мрази и кој не знае ништо друго – освен да мрази.

2) Линија на страв. – Латас ги плаши Македонците и ги повикува да не дозволат повеќе да бидат жртви на ’беспричинско претепување од омраза’.

Во написот се вели: „…Поголема група Албанци, во Автокоманда (Чаир, Маџари, Тетово, Куманово, Синѓелиќ…), претепале Македонци. Без конкретна причина. … Зачестија претепувања на Македонци од страна на млади Албанци. Албанциве се, редовно, во група. Лузери кои, сами по себе, не вредат за ништо. Во група, вооружени најмалку со ножеви и шипки, за да претепаат подобри, попаметни и поспособни од себе. Одмазда за својата немоќЗошто Албанците во Скопје се непожелни во дискотеки, кафеани, на стадиони… зошто Македонците ги одбегнуваат, плашејќи се од нив, и не се добредојдени како Турците, Грците, Бугарите, Ромите, Власите, Србите… Македонците не раснеа на омраза и гнев. Не носат ножеви во школо. Пораснаа на книги, спорт, фејсбук… никој нема причина да се плаши од нив. И тоа ја создава причината да се плашат, и дистанцираат од Албанците. Оној од кој се плашиш, тој и го мразиш...

Токму во последниот став, не само што се спојуваат двете линии – на страв и на омраза – туку и инаку внимателното избегнување отворено да се повика на омраза и насилство колабирало! Конкретно овој став не е само поттикнување туку најотворено повикување да го мразиш оној од кого се плашиш!

Уште повеќе, линијата на страв Латас ја оправдува со ’успешноста’ на тие, Албанците, кои протерале многу луѓе од нивните домови. Имено, во написот се вели: „… Колку Турци има денес во Призрен, а колку ги имаше пред отцепувањето на Косово? Колку села, а и градови, има од кои Албанци протерале, а не се вратиле Македонци, Срби, Роми, Турци… Стотици села...

За да ја засили линијата на страв, Латас прави споредба, па во написот се вели: „…Ова е веќе видено, во Америка на пример. Дивјаците на црнечкиот лидер Малколм Икс, редовно надувани и во група, беснееја, тепаа и кршеа. Отпрво низ Харлем и Бронкс, а потоа и наоколу. Се одговараше со полициска бруталност врз црнците, но тоа не даде резултат…“ Кај нас навистина токму тоа се случува. Имено: „… Не ги тепаат Македонците само во Чаир, Тетово или Сарај, него сега тепаат и во Центар, Ѓорче, Кисела Вода…“.

3) Линија на омаловажување. – Латас се обидува да ги „освести“ Македонците покажувајќи им дека тие, Албанците, и покрај сите досегашни „успеси“, всушност се безвредна категорија луѓе, со која доколку доволно ги мразиме – ќе можеме да се справиме.

Во написот се вели: „… Ако не се божемните дипломи од тетовскиот универзитет, и вработувањата на сила по етнички клуч… колку лекари, инженери, професори или уметници денес навистина би ги добиле своите работни места и функции. Малкумина. Зошто нема Албанци во уметноста. Во науката. Или во спортот. Затоа што таму не се успева со гнев, омраза и пиштоли на готовс.

И тука споредбата со Америка е практично идентична: „… Шефовите на тепачите имаа разработени шеми со полицијата. Нема да тепаме и кршиме, ако ни дозволите да дилуваме дрога, продаваме роба на црно, и тераме проституција. Фактички, црнците по улици не се тепаа за човечки права и идеали, туку за нивните квазиполитичари и уличните криминалци. За нивна моќ со која тие, потоа, располагаат за свои потреби. Цената за тоа се плати. Со децении, најголем процент на дилери, наркомани, проституција… вирееше од црнечките квартови. Белците ги залечуваа раните од тепањата, учеа школи, играа спортови, читаа книги и ја држеа власта во Америка. За сето тоа време ниту еден успешен деловен човек, научник или уметник во Америка не беше црнец. Освен по исклучок.…“

Па сепак, според Латас, можеме да се справиме со нив, заради тоа што: „Но, тие силеџии не се јунаци. Друг им го ослободи Косово, и ги спасуваше со автобуси од Арачиново.

4) Линија на поттикнување на расна омраза – Стожер на целиот текст (почнувајки од насловот и продолжувајки во самиот текст) претставува споредбата на постапувањето на Албанците во Македонија со делувањето на Малколм Х во САД. Според г. Драган. П. Латас: “Дивјаците на црнечкиот лидер Малколм Икс, редовно надувани и во група, беснееја, тепаа и кршеа. Отпрво низ Харлем и Бронкс, а потоа и наоколу. Се одговараше со полициска бруталност врз црнците, но тоа не даде резултат. Шефовите на тепачите имаа разработени шеми со полицијата. Нема да тепаме и кршиме, ако ни дозволите да дилуваме дрога, продаваме роба на црно, и тераме проституција. Фактички, црнците по улици не се тепаа за човечки права и идеали, туку за нивните квазиполитичари и уличните криминалци. За нивна моќ со која тие, потоа, располагаат за свои потреби. Цената за тоа се плати. Со децении, најголем процент на дилери, наркомани, проституција… вирееше од црнечките квартови. Белците ги залечуваа раните од тепањата, учеа школи, играа спортови, читаа книги и ја држеа власта во Америка. За сето тоа време ниту еден успешен деловен човек, научник или уметник во Америка не беше црнец. Освен по исклучок. Децении потоа, адвокатот Обама стана американски претседател. Тоа е финале на еден тежок, долг и мачен пат далеку од патеките на Малколм Икс. Доказ дека Америка нема ништо против црнците. Но, има многу што против следбениците на силеџијата Малколм Икс, кои немаат иднина.“  Имајки предвид дека Малкол Х претставува позната историска фигура од огромно значење во антирарсистичкото и социјално движење на луѓето од африканско потекло (http://news.bbc.co.uk/2/hi/americas/4277833.stm) и како историска фигура не е препознаен како дилер на дрога, наркоман или поддржувач на проституцијата, контекстот во кој го претставува г. Драган П. Латас претставува облик на расно профилирање и начин на поттикнување на расна дискриминација и расна омраза. Понатамошната споредба која ја нуди (во која белците учат школи додека црнците тепаат) претставува само натамошен доказ на расизмот кој го промовира со својот текст Драган П. Латас. Наспроти расизмот на Драган П. Латас, името на Малколм Х е ставено на еден од градските колеџи на Чикакго (http://www.ccc.edu/colleges/malcolm-x/Pages/default.aspx), булевар во Њу Јорк, позната библиотека во Сан Диего (http://www.librarytechnology.org/lwc-displaylibrary.pl?RC=15403), фондација (http://www.causes.com/causes/593-malcolm-x-memorial-foundation), основно училиште (http://berkeley.patch.com/listings/malcolm-x-elementary-school-2).

 Доказ бр. 1: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BB1DF816046E2E46BF22DE090FADEB7F

(дневен весник Вечер, бр. 14938 од 12.03.2012 година)

 Според ова,  сите Албанци се насилни, примитивни и необразувани; ги тепаат Македонците и сите останати; носат оружје со себе; се занимаваат со нелегален бизнис; полни се со омраза кон сите останати. Единствениот заклучок кој може да се изведе од овој напис е дека: мора на секој начин да се одбраниме од Албанците, не смееме да ги прифатиме како рамноправни со Македонците и останатите, не можеме да очекуваме ништо добро од ниту еден Албанец.

Написот веќе предизвикува омраза врз национална основа за што се потврда коментарите кои следат по написот. Можеби најилустративни се следниве два коментара:

„…Pa vreme e makedoncite da se vooruzaat. Ne za da go upotrebat tuku za zastita kako vo Amerika. Albancite se silni samo vo grupa kako hieni zlobni i podmukli. Nasite deca mora da naucat da se branat. “Dosta e veke da trpime nasilstvo od edno malcinstvo koe diktira sé” rece Marine Le Pen no vazi i kaj nas.

(…)

Ke dojde den koga togas ova so albancive mora da se resi, nemozat nasive vecno da zivejat vo strav i da begaat od niv, so niv nikoj ne zivee od ljubov i pocit tuku od strav da ne mu nasteti nesto. Vakvo divo pleme ne postoi nikade na zemjinata topka, nepismeno, glupo, siledzisko, kukavicno.

Доказ бр. 2:

Коментари по написот на г. Драган Павловиќ

Со оглед на тоа што г. Драган Павловиќ Латас, кој го има потпишано посочениот напис како Драган П. Латас, и тоа во својство на новинар и главен и одговорен уредник во дневниот весник “Вечер“, е несомнено автор на текстот, следствено негова е и кривичната одговорност за сторувањето на горе наведеното кривично дело.

 Од горенаведените причини, Подносителот бара Јавното обивинителство да ја испита оваа кривична пријава, да ја констатира фактичката состојба и да поведе кривична постапка против г. Драган Павловиќ Латас.

 ________________ 2012 година

Nr. ______________

Deri te: Prokuroria Themelore Publike

Shkup – Republika e Maqedonisë

Parashtrues: _____________,

Shkup, rr.. „___________“ nr. _____

EMBG ________________

 I paditur: z. Dragan Pavlloviq,

gazetar dhe kryeredaktor përgjegjës

në gazetën e përditshme “Veçer “

 KALLËZIM PENAL

 Kundër z. Dragan Pavlloviq Llatas, gazetar dhe kryeredaktor përgjegjës në gazetën e përditshme “Veçer“

 I lartpërmenduri në rolin e gazetarit dhe kryeredaktorit përgjegjës në të përditshmen “Veçer”, përmes artikullit me titull “Mallkollm Iks” të publikuar në të përditshmen “Veçer” më 12 mars të vitit 2012, përhapë urrejtje kombëtare dhe nxitë dhunë. Me këtë ka kryer veprën penale “Nxitje të urrejtjes, përçarjes dhe mosdurimit etnik, racor dhe fetar” të parashikuar me nenin 319 të Kodit penal.

Për këtë arsye, parashtruesi duke parashtruar kallëzimin penal, kërkon që Prokuroria publike ta shqyrtojë këtë kallëzim penal, ta konstatojë gjendjen faktike dhe të nisë procedurë penale kundër z. Dragan Pavlloviq.

 A r s y e t i m

 Z. Dragan Pavlloviq Llatas (në vazhdim: Llatas) në artikullin e lartpërmendur, të cilin e ka nënshkruar si Dragan P. Llatas, ka kryer veprën penale “Nxitje të urrejtjes, përçarjes dhe mosdurimit etnik, racor dhe fetar” të parashikuar me nenin 319 të Kodit penal duke parashtruar kryesisht pohime të pabaza mbi disa linja:

1) Linjën e kundër-urrejtjes. – Latasi u bën thirrje maqedonasve gjoja t’u përgjigjen me urrejtje shqiptarëve, për shkak se ata, shqiptarët i urrejnë maqedonasit.

Në artikullin thuhet: „…Me dekada të tëra, gjenerata të tëra janë edukuar në hidhërim dhe urrejtje ndaj secilit përreth: ndaj serbëve, ndaj maqedonasve, romëve, ndaj grekëve, turqve… Përgjigjet për këtë gjenden tek liderët politik shqiptarë. E kanë të vështirë të pranojnë përgjegjësinë për shkatërrimin e kombit personal. Dikush tjetër ua ka fajet. E kanë të vështirë të përgjigjen për shkak se, me dekada të tëra, nxitnin dhunë, zemërim dhe urrejtje te njerëzit e vetë – mbi të cilën ata ndërtonin territore, karriera, pasuri. Dhe e gjithë kjo mbeti në posedim të një elite të vogël shqiptare. Pa ndëshkuar. Zemërimin, dhunën dhe urrejtjen ua lanë viktimave të tyre. Viktimat e tyre, gjenerata të të rinjve, ndërkohë, u rritën. (… Gjenerata të cilat nuk janë të motivuara për punë dhe shkollë, por për zemërim dhe rrahje, si investim për fuqinë dhe ardhmërinë personale…) Nuk kanë shkollë, janë të izoluar në shoqërinë, nuk dinë të punojnë, nuk kanë më kundër kujt të shtinë dhe për çka të rrihen… Dhe vazhdojnë avazin e vjetër. Sipas inercisë. Në kohë paqeje bëhen personazhe mesjetare, jashtë kohës… A kanë politikanët shqiptarë zgjidhje për aq shumë urrejtje që, me dekada të tëra, e grumbullonin ndaj vetes nga të gjithë në Ballkan”.

Rezulton një konstatim i qartë: është krejtësisht e drejtë të përgjigjet me urrejtje ndaj dikujt që të urren dhe që nuk di asgjë tjetër – përveçse të urrejë.

2) Linja e frikës. – Llatasi i frikëson maqedonasit dhe u bën thirrje që të mos lejojnë të jenë më viktima të ‘rrahjes pa arsye nga urrejtja’.

Në artikullin thuhet: “… Një grup më i madh i shqiptarëve, në Autokomandë (Çair, Maxhari, Tetovë, Kumanovë, Hasanbeg…), kanë rrahur maqedonas. Pa arsye konkrete. … U shpeshtuan rrahjet e maqedonasve nga të rinjtë shqiptarë. Shqiptarët janë, rregullisht, në grup. Luzerë të cilët, vetvetiu, nuk vlejnë për asgjë. Në grup, të armatosur së paku me thika dhe shufra, për të rrahur më të mirët, më të mençurit dhe më të aftët se vetja. Hakmarrje për pafuqinë e tyre… Pse shqiptarët në Shkup janë të padëshirueshëm në diskoteka, kafene, në stadiume… pse maqedonasit i evitojnë, duke u frikësuar prej tyre, dhe nuk janë të mirëseardhur si turqit, grekët, bullgarët, romët, vllahët, serbët… Maqedonasit nuk rriteshin në urrejtje dhe zemërim. Nuk mbajnë thika në shkollë. U rritën me libra, sport, fejsbuk… askush nuk ka arsye të frikësohet prej tyre. Dhe kjo e krijon arsyen për tu frikësuar, dhe distancuar nga shqiptarët. Ai nga i cili ke frikë, atë edhe e urren…”

Pikërisht në qëndrimin e fundit, jo vetëm që bashkohen dy linjat – ajo e frikës dhe e urrejtjes – por dhe ndryshe evitimi i kujdesshëm që haptazi të bëhet thirrje për urrejtje dhe dhunë ka pësuar kolaps! Konkretisht ky qëndrim nuk është vetëm nxitje por thirrje më e hapur për ta urryer atë nga i cili ke frikë!

Aq më tepër, linjën e frikës Llatasi e arsyeton me ‘suksesin’ e atyre, shqiptarëve, të cilët kanë dëbuar shumë njerëz nga shtëpitë e tyre. Me fjalë tjera, në artikullin thuhet: “… Sa turq ka sot në Prizren, e sa kishte para shkëputjes së Kosovës? Sa fshatra, por edhe qytete, ka nga të cilët shqiptarët kanë dëbuar, e nuk janë kthyer maqedonas, serbë, romë, turq… Qindra fshatra…”

Për ta forcuar linjën e frikës, Llatasi bën një krahasim, ndaj në artikullin thuhet: “…Kjo tashmë është parë, në Amerikë për shembull. Primitivët e liderit zezak Mallkollm Iks, rregullisht të droguar dhe në grup, shkretonin, rrihnin dhe thyenin. Fillimisht nëpër Harlem dhe Bronks, e më pas edhe përreth. Përgjigjej me brutalitet policor mbi zezakët, por kjo nuk dha rezultat …Tek ne vërtetë pikërisht kjo edhe është duke ndodhur. Me fjalë tjera: “…Nuk i rrahin maqedonasit vetëm në Çair, Tetovë apo Saraj, por rrihen edhe në Qendër, Gjorçe, Kisella Vodë…”.

3) Linja e nënçmimit. – Llatasi tenton t’i “vetëdijesojë” maqedonasit duke u treguar se ata, shqiptarët, përkundër të gjitha “sukseseve” të deritanishme, në fakt janë kategori e pavlefshme e njerëzve, me të cilën nëse i urrejmë mjaftueshëm – do të mund të përballemi.

Në artikullin  thuhet: “…Nëse nuk janë diplomat e pretenduara nga Universiteti i Tetovës dhe punësimet me forcë sipas çelësit etnik… sa mjekë, inxhinierë, profesorë apo artistë sot me të vërtetë do ti fitonin vendet e tyre të punës dhe funksionet. Pak veta… Pse nuk ka shqiptarë në artin. Në shkencën. Apo në sportin. Për shkak se atje nuk arrihet sukses me zemërim, urrejtje dhe revole të gatshme për qitje”.

             Edhe këtu krahasimi me Amerikën është praktikisht identik: “…Shefat e rrahësve kishin skema të përpunuara me policinë. Nuk do të rrahim dhe thyejmë, nëse na lejoni të shpërndajmë drogë, të shesim mallra në të zezë dhe të organizojmë prostitucion. Faktikisht, zezakët nëpër rrugë nuk rriheshin për të drejtat e njeriut dhe ideale, por për kuazi-politikanët e tyre dhe kriminelët rrugorë. Për fuqinë e tyre të cilën ata, më pas, e kanë në dispozicion për nevojat e veta. Çmimi për këtë u pagua. Me dekada të tëra, përqindja më e madhe e trafikantëve, narkomanëve, prostitucionit… zhvillohej nga kuartet zezake. Të bardhët i shëronin plagët nga rrahjet, mësonin shkolla, luanin sporte, lexonin libra dhe e mbanin pushtetin në Amerikë. Gjatë gjithë asaj kohe asnjë person i suksesshëm afarist, shkencëtar apo artist në Amerikë nuk ishte zezak. Përveç disa përjashtimeve…”

Megjithatë, sipas Llatasit, mund të përballemi me ta, për shkak se: “Por, ata janë mburravecë nuk janë trima. Tjetërkush ua çliroi Kosovën dhe i shpëtonte me autobusë nga Haraçina”.

4) Linja e nxitjes së urrejtjes racore – Boshtin e tërë tekstit (duke filluar nga titulli dhe duke vazhduar në vetë tekstin) e paraqet krahasimi i veprimtarisë së shqiptarëve në Maqedoni me veprimtarinë e Mallkollm Iksit në SHBA. Sipas z. Dragan P. Llatas: “Primitivët e liderit zezak Mallkollm Iks, rregullisht të droguar dhe në grup, shkretonin, rrihnin dhe thyenin. Fillimisht nëpër Harlem dhe Bronks, e më pas edhe përreth. Përgjigjej me brutalitet policor mbi zezakët, por kjo nuk dha rezultat. Shefat e rrahësve kishin skema të përpunuara me policinë. Nuk do të rrahim dhe thyejmë, nëse na lejoni të shpërndajmë drogë, shesim mallra në të zezë dhe të organizojmë prostitucion. Faktikisht zezakët nëpër rrugë nuk rriheshin për të drejtat e njeriut dhe idealet, por për kuazi-politikanët e tyre dhe kriminelët rrugorë. Për fuqinë e tyre të cilën ata, më pas, e kanë në dispozicion për nevojat e veta. Çmimi për këtë u pagua. Me dekada të tëra, përqindja më e madhe e trafikantëve, narkomanëve, prostitucionit… zhvillohej nga kuartet zezake. Të bardhët i shëronin plagët nga rrahjet, mësonin në shkolla, luanin sporte, lexonin libra dhe e mbanin pushtetin në Amerikë. Gjatë gjithë asaj kohe asnjë person i suksesshëm afarist, shkencëtar apo artist në Amerikë nuk ishte zezak. Përveç disa përjashtimeve…Disa dekada më pas, avokati Obama u bë president amerikan. Kjo është një finale e një rruge të vështirë, të gjatë dhe të mundimshme larg rrugëve të Mallkollm Iksit. Dëshmi se Amerika nuk ka asgjë kundër zezakëve. Por, ka shumëçka kundër ithtarëve të mburravecit Mallkollm Iks, të cilët nuk kanë ardhmëri ”. Duke marrë parasysh se Mallkollm Iks paraqet një figurë të famshme historike me rëndësi të madhe në lëvizjen antiraciste dhe sociale të njerëzve me prejardhje afrikane (http://news.bbc.co.uk/2/hi/americas/4277833.stm) dhe si figurë historike nuk njihet si trafikant droge, narkoman apo mbështetës i prostitucionit, konteksti në të cilin e prezanton z. Dragan P. Llatas paraqet formë të profilizimit racor dhe mënyrë të nxitjes së diskriminimit racor dhe urrejtjes racore. Krahasimi i mëtejshëm të cilin e ofron (në të cilin të bardhët mësojnë në shkolla derisa zezakët rrahin) paraqet vetëm dëshmi të mëtejshme të racizmit të cilin e promovon me tekstin e vet Dragan P. Llatas. Përkundër racizmit të Dragan P. Llatas, emri i Mallkollm Iks është vendosur në njërin nga kolegjet e qytetit të Çikagos (http://www.ccc.edu/colleges/malcolm-x/Pages/default.aspx), një bulevard në Nju-Jork, bibliotekë të njohur në San Diego (http://www.librarytechnology.org/lwc-displaylibrary.pl?RC=15403), fondacion (http://www.causes.com/causes/593-malcolm-x-memorial-foundation), shkollë fillore (http://berkeley.patch.com/listings/malcolm-x-elementary-school-2).

 Dëshmi nr. 1: http://www.vecer.com.mk/default.asp? ItemID=BB1DF816046E2E46BF22DE090FADEB7F

(gazeta e përditshme Veçer, nr. 14938 më 12.03. viti 2012)

Sipas kësaj të gjithë shqiptarët janë të dhunshëm, primitiv dhe të paarsimuar; i rrahin maqedonasit dhe të gjithë të tjerët; bartin armë me vete; merren me biznes të paligjshëm; janë përplot me urrejtje ndaj të gjithë të tjerëve. Konstatimi i vetëm që mund të nxirret nga ky artikull është se: doemos në çfarëdo mënyre duhet të mbrohemi nga shqiptarët, nuk guxojmë t’i pranojmë si të barabartë me maqedonasit dhe të tjerët, nuk mund të presim asgjë të mirë nga asnjë shqiptar.

Artikulli tashmë shkakton urrejtje në bazë etnike çka konfirmim janë komentet që vijojnë pas artikullit. Ndoshta më ilustruese janë dy komentet vijuese:

„…Pra koha është që maqedonasit të armatosen. Jo për ta përdorur, por për mbrojtje si në Amerikë. Shqiptarët janë të fuqishëm vetëm në grup si hiena shpirtligë dhe dinakë. Fëmijët tanë doemos duhet të mësojnë të mbrohen. “Mjaft është më të durojmë dhunë nga një minoritet që dikton gjithçka”, tha Marine Le Pen por vlen edhe tek ne.

(…)

Do të vjen dita kurdoherë kjo me shqiptarët doemos të zgjidhet, nuk mund tanët të jetojnë përgjithmonë në frikë dhe të ikin prej tyre, me ata askush nuk jeton nga dashuria dhe respekti, por nga frika që të mos e dëmtojë diçka. Një fis i këtillë i egër nuk ekziston askund në rruzullin tokësor, analfabet, i krisur, mburravec, frikacak”. 

 Dëshmi Nr. 2:

Komente pas artikullit të z. Dragan Pavlloviq

Duke marrë parasysh faktin që z. Dragan Pavlloviq Llatas, i cili e ka nënshkruar artikullin e lartpërmendur si Dragan P. Llatas , edhe atë në rolin e gazetarit dhe kryeredaktorit përgjegjës në gazetën e përditshme “Veçer”, është pa dyshim autor i tekstit, ndaj e tij është edhe përgjegjësia penale për kryerjen e veprës së sipërpërmendur penale.

 Nga arsyet e sipërpërmendura, Parashtruesi KËRKON që Prokuroria Publike ta shqyrtojë këtë kallëzim penal, ta konstatojë gjendjen faktike dhe të nisë procedurë penale kundër z. Dragan Pavlloviq Llatas.

________________ viti 2012

Parashtrues i Kallëzimit:

_________________________

Подносител на Пријавата:

_________________________

 

 

445 total views, 3 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.