ПАН ИЛИ ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА

На нас е да решиме: дали сакаме да одиме во иднината или да го градиме минатото. Дали сакаме да градиме демократија или нов вид на племенска заедница. Дали веруваме во вредностите на современиот развој на цивилизацијата или сме заглавиле во некој друг вредносен систем.

На нас, етничките Македонци и етничките Албанци и етничките Турци и етничките Срби и Бошњаци и Роми и Власи и …

Ако се решиме да градиме демократска држава која се базира на современите вредности, тогаш етницитетот мора да стане дел од приватната сфера на граѓаните како индивидуи од кои произлегува суверенитетот на државата.

Доколку сакаме да склучуваме племенски сојузи тогаш мора да станеме свесни за различните панизми кои се поврзани со ова.

Во повеќе наврати слушаме за сонот на дел од етничките Албанци за голема Албанија во која ќе бидат обединети сите (10, 11000000? етнички Албанци) заради заедничката култура, традиција, историја, потекло. Пред некој ден тоа го слушнавме и од устата на Муса Џафери. Фактот дека тој мисли дека е нормално Косово да се меша во внатрешните работи на Македонија кога станува збор за етничките Албанци во Македонија е само чекор од пан-албанизмот кој Мендух Тачи и Ермира Мехмети веќе многу отворено го искажаа.

Тоа е нивно милење и јас како такво го почитувам.Меѓутоа, ваквото мислење е неспоиво со изградбата на граѓанскиот модел и на демократска држава од современ тип и со вредностите на концептот за човекови права кој се базира врз правата на индивидуите.

И, има и нешто пострашно. Еден пан-изам секогаш провоцира друг, уште поголем и пострашен. Пан – албанизмот многу лесно може да го испровоцира пансловенството. И тоа нема да биде ништо ново. И никако не и помалку опасно. Напротив. Посебно ако почнат да се мерат бројките (над 300 000000 словени само на европско тло), а да не зборуваме за териториите.

Заради ова мислам дека политичарите треба да престанат да си играат со племенските огни и да сесвртат кон вредностите и стандардите на современата цивилизација. Што побргу тоа подобро.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published.