ДОНИРАЊЕ ОРГАНИ

Тогаш кога не ни одговараат европските и светските стандарди, веднаш си се вртиме кон познатите “по јусу“. Дури и по цена на човековите права. И по цена на здравата логика.

Предлогот е: претпоставена согласност за донирање на органи во случај на смрт (со можност семејството да даде негативна согласност).

Што е за мене проблематично?

1. Практиката луѓето самите однапред да даваат согласност за донирање на делови од нивното тело е поврзано со правото на избор, религијата, уверувањето и личниот однос кон сопственото тело.

2. Постоењето на заштитени листи со податоци за потенцијалните донатори се со цел заштита на овие луѓе од напади од страна на оние кои имаат потреба од соодветен орган, односно професионални трагачи по органи (па дури и од членови на потесното семејство).

3. Како најизложени групи може да се појават самци (без семејство), бездомници, луѓе кои не го знаат законот (за да може семејството да даде забрана на искористување на органите).

4. Во услови на Македонија (во која полицијата е банда, судовите не функционираат, а јавниот обвинител е обична марионета на власта) ова значи отворен повик за убивање на луѓето со цел искористување на нивните органи.

 

Leave a comment

Your email address will not be published.