ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА – МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ИЛИ НОВИНАР, ПРАШАЊЕ Е СЕГА?

Ова беше објавено на официјалната интернет страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија на 1.05.2012 година. Во моментов интернет страната на МВР не работи, затоа наместо линк го ставив целиот текст поставен на оваа страна на спомнатиот датум:

Расчистено грозоморното убиство кај Смиљковско Езеро

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги откри убијците од масакрот кај Смиљковско Езеро. Приведени се 20 лица од Скопје, следбеници на радикалниот ислам, најголем дел од нив се македонски државјани.
МВР против приведените 20 лица, информира денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „тероризам“.
Врз основа на материјални докази од МВР тврдат дека тоа се извршителите на грозноморното убиство на петте недложни граѓани. Меѓу 20те уапсени, има лица кои се директно инволвирани во убиството кај Смиљковци, појасни Јанкулоска, но и лица за кои нема податоци дека биле на лице место на убиството.
При извршените претреси утрово во 26 објекти, во најголем дел на територија на Градот Скопје, и во активностите во полициската акција „монструм“, во која учествува над 800 припадници на МВР (УБК и БЈБ), пронајдено е поголемо количество оружје, литература која укажува на идеолошката припадност на овие лица и други предмети, кои би можеле да бидат или се користени при извршување кривични дела. Во тек е вештачење дали пронајденото оружје е користено во петкратното убиство.
Според Јанкулоска главниот мотив најверојатно е нивната идеја за убивање во радикалниот ислам, а целта е да се создаде чувство на страв кај пошироката јавност.
- Мотивот е нивната идеја, убедување, верување и следење на радикалниот ислам кој е опасен за верниците од христијанството, муслиманска вероисповед, но и за оние кои не веруваат во ниту еден религија, рече Јанкулоска, додавајќи оти дел од приведените биле и на боиштата во Авганистан и Пакистан и војувале против војската на НАТО.
Според неа, кога се станува збор за кривично дело „тероризам“ жртвите не секогаш се директно поврзани со извршителите или со мотивот заради кој е направено делото.
- Нашето сомневање е дека токму и во овој случај се работи за едно такво убиство каде жртвите не се директно во никаква конекција со извршителите, меѓутоа позади кривичното дело стои намерата да се создаде чувство на несигурност и страв кај пошироката популација, истакна министерката за внатрешни работи.
По барање на новинарите да даде оценка за безбедносната состојба во Македонија и дали земјава се соочува со опасност од радикален исламизам и други можни терористички напади, Јанкулоска потсети дека Република Македонија е дел од глобалната коалиција за мир, и е земја која според бројот на жители е 5-та по ред по учеството на мировниците од АРМ во мисијата во Авганистан
- Со самото тоа Република Македонија е на страната на земји кои може да бидат потенцијален таргет на радикалните исламисти. Во ниту еден момент не ја потценуваме состојбата и не ја исклучуваме можноста за радикално делување на поединци или групи. Сепак службите на МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Бирото за јавна безбедност, односно сите припадници на Министерството будно ја следат состојбата, превентивно делуваме, делуваме и репресивно заради тоа што цениме дека ништо не смее да го смени начинот на кој ние живееме, а тој начин на кој живееме е во мир и соживот на сите граѓани кои живеат во Македонија, децидна е министерката Јанкулоска, додавајќи оти будно се следи состојбата, нема посериозни промени, меѓутоа, подвлече, тоа не смее да не остави релаксирани затоа што е евидентно оти следбениците на радикалниот ислам се подготвени на најгрозоморните и најбизарните кривични дела и убиства, како што беше и убиството кај Смиљковското езеро.
Во врска со прашањата дали позади оваа група стои некоја поголема терористичка група или делувала по нечија наредба, министерката најави дополнителни информации во периодот што следува, затоа што, истакна, прерано е да се даваат какви било оценки или да се разработуваат сценарија за кои во моментот нема доволно потврдени податоци.
За полициската акција „монструм“, беше информиран и премиерот Никола Груевски, кој денеска беше во МВР.
Јанкулоска им се заблагодари на сите граѓани кои дадоа корисни информации, посебно на сите припадници на МВР кои во изминатиот период буквално деноноќно беа на работа и на медиумите бидејќи, подвлече, најголемиот дел од вас коректно известуваа за настанот.
На 13 април на Велики четврток на брегот на езерото кај Смиљковци свирепо беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скоспкото село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, убиени се од автоматско оружје од непосредба близина.
Ден подоцна полицијата на 10 километри од местото на масакрот пронајде автомобил “опел омега“ за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците.

 

Пред се, а со цел насилните кецароши во и околу ВМРО-ДПМНЕ и нивните кучиња лаачи распространети низ интернет мрежите и во медиумите, да не ги извртат моите зборови во нивната спротивност, изјавувам дека:

ова што го пишувам не го пишувам со цел да ги одбранам или на било каков начин да им помогнам на сторителите на убиството кај Смиљковското езеро, туку со цел да биде спроведена таква постапка во која институциите задолжени за прогон ќе ги соберат потребните докази на соодветен начин кој ќе овозможи недвосмислено докажување на вината и врз основа на тоа и изрекување на соодветна казна. Значи ова го пишувам со цел да дојдеме до вистинските сторители на делото, со цел да не се залажуваат семејствата на убиените и пошироката јавност и со цел МВР да не се обиде да создаде облак на невистини и полувистини зацрнет со етничка и религиска омраза во кој ќе ја затскрие својата неспособност или уште полошо, вистинските сторители на делото.

Според МВР – Расчистено е грозоморното убиство кај Смиљковско Езеро и откриени се убијците од “масакрот кај Смиљковско Езеро“.

Што не чини во оваа објава на официјалната страна на МВР?

Прво, никако не може да се каже дека е расчистено убиството. МВР може да каже дека се собрани доволно докази, дека има осомничени, дека е завршен нивниот дел од работата, меѓутоа никако и дека е решено убиството. 

Второ, јазикот на известувањето кое е ставено на официјалната интернет страна на министерството е новинарски со употреба на новинарски јазик (па дури и не вообичаен новинарски јазик туку жаргон на сензационалистичкиот жолт печат). Во текстот во повеќе наврати се употребуваат зборови како: масакар, грозоморно убиство, недолжни граѓани, радикален ислам (што и да подразбира министерката под овој поим), војување во Авганистан против војската на НАТО, грозоморни и бизарни кривични дела,  Велики четврток како временска определба која инсинуира верска позадина, свирепо убиени и сл.

Трето, МВР не може да изјави дека ги открило убијците туку дека има осомничени. Впрочем тоа јасно произлегува и од изјавата дадена понатаму во текстот дека “врз основа на собраните податоци МВР ќе поднесе кривична пријава“. Во правото тоа значи дека е завршена (според МБВР) фазата на прибирање докази (тие мислат дека имаат доволно докази за да може да поднесат кривична пријава). Кога ќе биде поднесена кривичната пријава, Јавниот обвинител ќе треба да направи процена на доказите и процедурите со кои се собрани овие докази (кои ќе му ги достават од МВР) и ќе одлучи дали смета дека има доволно материјал за поднесување обвинение против еден или повеќе осомничени или не? После поднесувањето на обвинение (од страна на Јавниот обвинител) до соодветниот суд и прифаќањето на истото од страна на судот, осомничените ќе станат обвинети (но ниту во овој момент нема да бидат се уште идентификувани како “убијци“).

Четврто, МВР може да претпоставува кои се мотивите за извршеното убиство, меѓутоа, само судот може да донесе одлука која ќе ги дефинира како мотиви после контрадикторна постапка на докажување на елементите на стореното дело и утврдување на вината на обвинетите за убиството.

Петто, спомнувањето на радикалниот ислам (што и да подразбира министерката под овој поим) како утврден мотив за убиството од страна на МВР претставува не само надминување на мандатот на МВР туку и директно кршење на неколку одредби од Кривичниот законик. Релацијата меѓу податокот дека овие луѓе можеби се следбеници на радикалниот ислам (што и да подразбира министерката под овој израз) и извршеното убиство допрва треба да биде утврдена и за тоа важи дека е претпоставка на МВР. Изјавата на министерката за внатрешни работи дека “главниот мотив најверојатно е нивната идеја за убивање во радикалниот ислам (што и да подразбира министерката под тој израз), а целта е да се создаде чувство на страв кај пошироката јавност“ претставува произволна интерпретација на министерката која нема никаква врска со надлежностите на МВР. Натамошното размислување на министерката за опасностите на радикалниот ислам (што и да подразбира министерката под тој израз) претставува натамошно излегување надвор од нејзините ингеренции и загрозување на натамошната постапка (па дури и обид за директно влијание врз судот и неговите решенија). Тоа што дел од приведените биле (односно министерката тврди дека биле) и на боиштата во Авганистан и Пакистан и  наводно војувале против војската на НАТО претставува отворено профилирање на осомничените кое во очите на јавноста, но и на судот, би требало да создаде негативен впечаток и однапред да изгради негативен став за нивната вина. Министерката си дозволува дури да зборува и за намерата која стои зад извршеното кривично дело што веќе длабоко навлегува во судската постапка и докажувањето на вината. Многу е веројатно дека министерката ги користи овие застрашувачки концепти за да го уплаши населението и да го хостилизира воопшто кон муслиманите или само нема појма што прави со изјави од ваков вид (и обете варијанти се застрашувачки од аспект на компететнтноста на министерката да ја врши одговорната функција која и е доделена).

Шесто, профилирањето министерката го завршува со паушална изјава дека “е евидентно оти следбениците на радикалниот ислам (што и да подразбира министерката под овој израз) се подготвени на најгрозоморните и најбизарните кривични дела и убиства, како што беше и убиството кај Смиљковското езеро“. На овој начин министерката ги обвинила, без постапка им ја докажала вината и ги осудила луѓето кои се осомничени за убиството. Не ретко, ваков начин на изразување се користи во случаи кога одреден државен орган се обидува да ја затскрие сопствената неспособност да спроведе соодветна процедура, или, да ги затскрие вистинските виновници или кога се гради легенда за изрекување на пресуда врз основа на недоволен број докази меѓутоа врз основа на огромно количество емоции и ирационална омраза и страв кои се поттикнуваат кај граѓаните (во случајов од страна на еден државен орган).

Седмо, Интересен момент во целата приказна е податокот (со кој гордо настапува министерката) дека за целата постапка бил информиран Премиерот. Апсолутно нејасно останува што бара Премиерот во целата приказна (освен како другарче на министерката или нејзин партиски челник) со оглед на тоа дека Премиерот нема ингеренции во оваа област. И потполно нејасно останува зошто не не бил информиран Претседателот на државата кој дефинитивно има уставно зацртани ингеренции токму во областа на безбедноста (ако според зборовите на министерката станува збор за акт на тероризам и можно големо загрозување на безбедноста на населението и на државата).

Ако сево вака во оваа форма го потврдат и јавниот обвинител и судиите тогаш со следниот ребаланс треба да се скратат сите средства за судство и јавно обвинителство како потполно непотребни. Зошто да трошиме за бадијала пари за јавно обвинителство и судови кога веќе ја имаме Гордана за полицаец, јавен обвинител и судија. А толку убави споменици чекаат да бидат изградени.

Comments (7)

asdjfa sdfasfMay 2nd, 2012 at 11:19 am

God have mercy on the sinner Gordana Jankulovska

Mirjana NajcevskaMay 2nd, 2012 at 3:40 pm

Член 2
(1) Лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда.
(2) За постоењето или непостоењето на фактите што го чинат обележјето на кривичното дело или од кои зависи примената на некоја одредба од Кривичниот законик, судот ќе одлучи на начин поповолен за обвинетиот.
4 minutes ago · Like
Mirjana Najchevska Член 14
(1) Судот и државните органи што учествуваат во кривичната постапка се должни вистинито и наполно да ги утврдат фактите што се од важност за донесување на законита одлука.

(2) Судот и државните органи се должни со еднакво внимание да ги испитуваат и утврдат како фактите што го товарат обвинетиот, така и оние што му одат во корист.

Член 15
(1) Правото на судот и на државните органи што учествуваат во кривичната постапка да го оценуваат постоењето или непостоењето на фактите не е врзано ниту ограничено со посебни формални доказни правила.

(2) Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот, законот и ратификуваните меѓународни договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.

Член 16
(1) Кривичната постапка се поведува по барање од овластениот тужител.

(2) За дела за кои се гони по службена должност или по предлог на оштетениот, овластен тужител е јавниот обвинител, а за дела за кои се гони по приватна тужба овластен тужител е приватниот тужител.

(3) Ако јавниот обвинител најде дека нема основ за поведување или продолжување на кривичната постапка, на неговото место може да стапи оштетениот како тужител под условите определени со овој закон.

prikaski_za_mali_decaMay 2nd, 2012 at 4:18 pm

Ne postoi nesto kako “radikalen islam”, nitu pak “radikalno hristijanstvo” ili “radikalen hinduizam”! Postojat samo extremisti na site strani koi na svoj ogranicen nacin go tolkuvaat ili/i zloupotrebuvaat veruvanjeto koe vo sustina kaj site veri povikuva na mir, sozivot i pocituvanje na univerzalnite vrednosti na covestvoto. Odtamu, ne e prikladno za edna ministerka vaka grubo da go etiketira islamot, osven ako ne e vo dogovor so zapadnite kontrarazuznavacki sluzbi koi vakov govor na omraza i voena propaganda protiv islamot go koristat odamna.
Nikoj nikade vo svetot ne soopsti deka na primer Indija konstruirala “prva hinduisticka nuklerna raketa”, no zatoa na site strani odekna vesta koga Pakistan izvrsi testiranje na “prvata ISLAMSKA nuklerna bomba”! :) ! I se taka po red katodnevno se nizat napadite vrz Islamot, no vistinskata pricina zaradi koja se pravi toa nikoj nikade nama da vi ja kaze javno, dokolku samite ne se zainteresirate da proanalizirate.
Imeno, spored ispovesta na eden amerikanski gradjanin koj stana musliman, govorejkji za pricinite koi go motivirale na eden takov RADIKALEN cekor toj izjavil deka najpovekje go inspirirale zborovite na Dzordz BUSH po napadite vo Njujork i pritoa povika na krstonosna vojna!!! Medijumskiot konzument, ocigledno imal svoja glava, za razlika od ostanata masa, pa se zainteresiral malku povekje za Islamot i koga ja soznal vistinskata poraka go prifatil ova veruvanje kako stil ili nacin na ziveenje.
Tokmu tuka se krie pozadinata na stravot od islamot, kako opstestveno ureduvanje vo site sferi na ziveenje, dobrovolno bez bilo kakva institucionalna prisila, kako sto toa ljubat da go predstavat “koaliciskite sili” na noviot svetski poredok olicetvoren vo kapital sistemot.
Se na se ponizuvacka i uvredliva za covecka inteligencija izjava na ministerka koja nalikuva na portparol na amerikanskata obavestajna sluzba na koja vakviot “ulov” i doagja kako poracan.

AlbanecMay 2nd, 2012 at 10:18 pm

Ocigledno e deka ova sto se slucuva kaj nas so scenografija ne MVR ne odi na dobro za MKD. jas sum albanec i vo nitu eden moment ne veruvam vo iskazite ne MVR za ovaa akcia narecena MONSTRUM! Kako i obicno, za nivnite mucku ke zemat na vrat nedolzni lugje! Cisto mafijaska drzava! Se prasuvam;zosto akciajata DETONATOR prestana? Kogo fatija vo akcijata DETONATOR? Koja bese celta na akcijata DETONATOR a ne otidoa do kraj?

DjangoMay 3rd, 2012 at 9:03 pm

најчевска,
мене, ево као дилетант у веза овие работи…чисто ме занима..

зашто „антитерористичката коалиција„ на чело со САД не ни упати честитки?…него волерс очекуе мир и „шо ќе каже судот„?

ЈасMay 4th, 2012 at 7:12 pm

Па добро Најчевска, ако МВР има ДОКАЗИ за да бидат 99% сигурни дека тие се убијците, грев ли е да ги означи како убијци? Се останато е игра на зборови.

PravdaMay 4th, 2012 at 11:28 pm

Za tebe” JAS “Ako ima dokazi znaci ke ima samo za tie 3-5 luge , a sto ako nema dokazi , sto stana so drugite nevini gradani majki i sestri koi se pusteni kako nevini a den pred toa bea nareceni kako teroristi ubijci, zamislite da bese edna od niv vasata majka ili sestra, znaci bez ikakov dokaz da se teretese za terorizam sto ke bese togas.Gledajte malku poopsirno,znaci neka odat vo prava nasoka a dodeka ubijcite uzivat nevinite da stradat toa ne e pravda, ova e totalna pogresna nasoka na istrazuvanje,ako ima ibistvo treba da ima i ubijci ama neka se najdat vistinskite a ne samo ubijci za javnista a vo relanosta uste zrtvi i ovie da stradat ni krivi ni dolzni

Leave a comment

Your comment