МОЈ ПРИЛОГ КОН РАСПРАВАТА ЗА ПАТРИОТИТЕ И ПРЕДАВНИЦИТЕ

ПАТРИОТ на власт

ПРЕДАВНИК на власт

Ги критикува и ја негува критиката на негативните појави во државата за да може да се поправат и државата да стане подобро место за живеење на граѓаните Ги заташкува негативните појави во државата и ја прогонува критиката на овие појави со што оневозможува нивно поправање и зајакнување на државата за добробит на граѓаните
Ги искористува сите внатрешни ресурси со цел изградба на држава која ќе се потпира на сопствените можности Постојано бара надворешна помош со што ја поставува државата во зависна позиција
Ги протега нозете колку што му е долга чергата Троши без мерка и ја задолжува државата со перспектива да ја доведе до банкрот
Ги поддржува домашните бизнисмени и домашниот бизнис со што ги врти средствата внатре Ја продава државата на надворешни бизнисмени и ги излева средствата надвор
Води мудра политика на соработка со еднакви или слични на себе со цел заеднички настап во однос на моќните Ја става државата во улога на слуга/поттрчко на големите сили кои ја искористуваат за сопствени цели
Гради систем на владеење на правото и еднаква примена на законите за сите со цел воспоставување сигурност како основа на добри меѓуетнички односи Гради систем на политичко самоволие во кое законите се употребуваат по желба на властодржецот со што создава услови за влошување на меѓуетничките односи
Ги наградува професионалноста и знаењето со што ги задржува професионалците во државата Ги наградува партиската лојалност и послушност, со што создава слој на неработници кои ги гушат институциите
Секогаш ја бара одговорноста за она што се случува во државата прво во себе и е спремен да ја сноси таа одговорност кога работите не одат како што треба Секогаш ја бара одговорноста за она што се случува во државата во опозицијата, комшиите, миленичињата на комшиите, ланскиот снег и прекланската суша
Кога треба да се штеди почнува со штедење од себе Кога треба да се штеди ги тера граѓаните да штедат

До сега  сум видела многу малку патриоти на власт во мојата држава, а сум видела многу предавници со различни бои и сурати.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published.